Иако обожувам филмови сепак ќе се одлучам за книга! Мирисот на хартијата кога книгата е нова,убвиот збор ништо не може да го замени
сакам да гледам филмови но повеќе уживам во книгите...ми се допаѓа кога ги читам описите и сама си создавам слика
Во двете може да се ужива подеднакво, но секое си има своја посебна убавина. Книгата можеш да ја читаш каде сакаш и во секое време, можеш и во тишина без никој да те попречува, додека филмот можеш да го гледаш и со некој друг, па да го коментирате заедно. Не дека после тоа не можеш и за книгата да дадеш критика, ама еве конкретно јас повеќе уживам во читање книга.
Книга. Можам да ја читам одеднаш, или на рати. Можам да прочитам денес ако сакам само една страница, можам и педесет. Не ми требаат некакви посебни услови освен стол и невознемирување од луѓе наоколу.За разлика од читањето книга, филм не можам да гледам на рати, па мајка Јана нека е. Глупаво ми е, ми се губи смислата, го заборавам тоа што сум го гледала претходно... башка кога гледам филм може да ми одлета паметот па да пропуштам дел од филмот. А и една иста приказна не може да биде доволно детално раскажана во филм, како што може во книга.
Кога читаш книга само приказната ја пишува авторот а се останато е препуштено на твојата фантазија. Од друга страна кога гледаш филм се е изрежирано и сервирано- ти само да гледаш... Ама јас подеднакво уживам и во добар филм и во добра книга
Ајде јас ќе кажам филм. Сакам и да читам и да гледам, но некако визулено прикажаните ликови ми се поинтересни отколку сама да ги измислувам Многу пати се имам разочарано кога од некоја книгa ги имам замислено ликовите и просторот и потоа филмот кој е базиран на книгата тотално да ми го уништи впечатокот. Со погрешни глумци, сиромашна сценографија и слично. И затоа сега прво го гледам филмот па ја читам книгата. Книга и филм од кои сум презадоволна е Сопругата на патникот низ времето Сега сум во исчекување на Големиот Гетсби. Филмот. Се чека добра прилика за гледање Се надевам нема да ме разочара
Повеќе сакам филм...Не дека несакам книги..но ете таква сум...ќе ја почнам и ќе ја зафрлам во некој ќош затоа подообро филмче 2 часа и готовооо
Мојот прв избор е секогаш книгата. Сакам и филмови, но кога би бирала тоа би било книга. Секогаш е поубаво објаснето и можам да си правам филм во главата за одредени ситуации и за ликовите. Да си замислувам какви би биле тие, местата на кои се одвива настанот.Боите. Некако повеке ме задлабочува.
И двете искрено ! Не можам да издвојам се си има своја убавина. Книгиче си сакам во вакви есенски денови под кебенце со кафенце, си читам и си фантазирам за приказната. Филм ко филм повеќе сакам да го гледам во друштво со другарки или со некој спешл
Дефинитивно книга... од проста причина што трае подолго и ефектот е многу подолг, јас си го создавам сценариото, глумците и нема фејк глума.. Секако сакам да гледам и филмови, но она што завршува за два часа, ми останува во мисли 2 минути после крајот. А, она што завршува за ден-два, а некогаш и недела останува во главата барем уште еден ден.