Гласав за книга,затоа што филмот книгата никогаш не би можел да ја замени.Има некои филмови кои сто пати ми поминале пред очи а не сум ги пуштила бидејќи сеуште ја немам пронајдено книгата за да ја прочитам.Инаку уживам и во филмчиња.
Eпа вака книга си е книга филм си е филм.Ако првин го гледаш филмот книгата нема да ти биде интересна.Ако првин ја прочиташ книгата ,тогаш пак филмот нема да ти биде интересен. И налет тоа ќе знаеш што ќе се случи и во двата случаева.Па затоа јас не преферирам да гледам филм ако ја имам прочитано книгата од тој филм или пак не преферирам да ја читам книгата ако го имам гледано филмот. Така не е интересно. И секое и има своја убавина. Со книгата можеш да ги доволиш чуствата,а со филмот сцената ликовите(физичкиот изглед) итн...
Порадо ми гледала филм Сакам и книги, ама порано ги уживала, лежејќи, седејќи и да гледам отколку да ја држам книгата во раце и да не ми биди баш удобно седењето, целата скоцкана хаха
Книга секако...Филмот никако не може да ја замени книгата.Едноставно во книгата се соживуваш и има повеќе детали додека во филмот се ти е на готово само да гледаш.
Книга, дефинитивно. Филм немам гледано оддамна, а книги читам секојдневно . Читањето книги ме релаксира целосно и секој слободен момент и го посветувам на книгата (освен кога сум на форум Фемина .
Уживам и во книгата и во филмот. Иако, често се случува книгата да ми се допадне повеќе поради тоа што ликовите се подобро опфатени, настаните се подобро доловени и самата си создавам слика и си ја доживувам на свој начин.
Книга дефинитивно. Филмот ја нема таа магија... Во книгата сам си создаваш слика за ликовите, местата, настаните, а во филмот сето тоа ти е наметнато, ти се допаѓало или не. И секако впечатокот од книгата останува многу подолго.
Повеќе уживам во книга, ги сакам описите на авторот и можноста самата да си "режирам" сопствен филм во главата додека читам. Многу моменти воопшто не се опфатени во филмовите и едноставно дејствието останува недоречено. Сепак, во недостиг на време и филмовите се добра опција.
Повеќето од нас ја преферираат книгата, И јас сум една од нив. Ама, има едно ама. Барем јас кога сум во прашање. Кога читам, сакам целосно да се задлабочам и сосредоточам, а во периоди коишто многу не го дозволуваат тоа, малку е потешко. Едноставно, таква сум. Скржава сум за секој опис, за секој дијалог. И кога сум сфаќала дека рассеано сум поминала преку 50ина страници, сум знаела да се изнервирам и да ја почнам отпочеток книгата. E во такви ситуации го преферирам филмот. Многу нешта се дадени на тацна што се вели, содржината е фино соџвакана и не бара претерано многу фокус. Но, затоа кога сум во состојба целосно да се внесам во одредена книга, ништо живо на светов не може да го замени тоа искуство. Ниту еден специјален ефект, костум, гест, звук, не може да ја замени нашата фантазија преку којашто сами ги доловуваме сите доживувања на ликовите затоа што последнава нема граници, a сценографските и костимографски можности, имаат. Затоа преферирам книга, да, но кога сум во состојба да се внесам во неа на начин на којшто јас сакам.
Одамна немам читнато книга, додека пак уживам гледајќи филм или серија . Подобро се внесувам гледајќи го нештото од колку да го читам
И едното и другото ме замара. Порано повеќе читав,ама во последно време не читам нешто друго освен тоа што ми е потребно.А филмовите,повеќе време трошам на гледање трејлери(нели за да видам кој има поинтересена тема),отколку кога гледам .
Дефинитивно книга! Причина? Книгата нуди многу повеќе! Камерата не може да ги опфати се она што може напишаниот збор. Ете пример, имаме филмувани книги. Е сега режисерот колку и да ја следи нарацијата на книгата, секогаш ја скратува, затоа што ако не ја скрати филмот ќе трае цел ден, а може и повеќе. Скратени ни се оние размисливања во главата на ликот, обично тоа што во книгата ликот го размислива, во филмот режисерите очекиваат преку мимикрија, односно изрази на лицето, движења на телото и сл, да ни го доловат тоа. И тука гледачот е во минус.
Книга. Ме тера да размислувам повеќе, а кога гледам филм само си се џарам во екранот и чекам да видам што следува. Книгата ми ја буди фантазијата, во неа е опишана некоја просторија, место, лик, но сепак ние сами тоа си го замислуваме и создаваме во главата, а на филмот се ни е дадено. Книгата изобилува со многу зборови кои го збогатуваат нашиот речник. Книгата изобилува со повеќе детали и ја читаме подолг период, а филмот трае два часа.
Книга, бидејќи можам сама да си фантазирам и да си ги замислувам настаните што се случуваат во книгата. А филмови многу ретко гледам.
Книга дефинитивно. Не дека ги неќам филмовите. Ама поинтересно ми е прво книгата да ја прочитам и да си фантазирам и замислувам, па после да споредам како јас си замислував а како режисерот го замислил филмот.
Во зависност од расположението.Понекогаш сакам да си пуштам добар филм што има добар дијалог и да се релаксирам.Но сум и голем љубител на читање романи и нормално кога станува збор за филм според книга, секогаш книгата е подетална, на некој начин по ќе те освои отколку самиот филм.Така да тешка одлука.
Не можам да се решам помеѓу книга и филм, и двете ги сакам и уживам во нив. Книгата е полично доживување кое трае неколу дена, во главата ти се гради изгледот на ликовите, на места, на гласови. Во делот на фантазијата и креативноста ти се одвива претстава. Додека пак, филмот изгледан во кино или во домашна атмосфера си има исто така предности. Уживаш во визуелните и звучните ефекти, во глумата и режијата, во кинематографијата, во музиката. Посекако и филмот си има свои предности кои ги задоволуваат нашите сетила. Исто како што постојат глупи и досадни филмови и книги, така постојат совршено напишани и снимени, со своја посебна привлечност и убавина.