1984 - Џорџ Орвел Речиси се од Достоевски Всушност од повеќето книги вадам некоја поука и менувам начин на размислување за нешто откако ќе ги прочитам ама овие некако најголем впечаток ми имаат оставено во психата.
Браќата Карамазови и Gone with the Wind. For Whom the Bell Tolls не ме промени, ми ги отвори очите на многу млада возраст.
Ако некоја книга некогаш ме променила, тоа е кога прв пат ја прочитав "Злосторство и казна". Достоевски е таков писател со светско размислување... кога читаш нешто негово, те тера да размислиш два пати.
"Мајсторство" од Роберт Грин Топло им ја препорачувам на сите оние кои што можеби сеуште немаат конректна кариерна цел, кои ја изгубиле својата автентичност поради општеството и околината во која пораснале. Авторот во самата книга го објаснува процесот од самото пронаоѓање,чиракување и на крај до самото мајсторство,кое го смета за највисок облик на моќ. Според мене,оваа книга е наменета за учениците во средно и студентите.
"Нова земја" - Екарт Тол Ова е книга од која имам најмногу научено, применето и трансформирано. Мислам дека сите луѓе на планетава земја треба да ја прочитаат бидејќи е од суштинско значење и има толку многу што да се научи за себеси, од аспект на егото. Предобро и детално објаснето, го отвара умот за една поинаква и подлабока перспектива на животот. Eckhart Tolle says in his life-changing book - "A New Earth: Awakening to Your Life's Purpose" that all suffering is caused by our ego. - и со ова се согласувам 100%.
Половина жолто сонце. Прекрасна книга за животот во Африка, Нигерија. Емотивноста на ликовите е ставена во прв план. Испреплетани надежта, тагата во фин уметнички стил.
ги имам Филозофски стрмнини и прирачник за неделни беседи. не ми се прочитани, ама во план ми се. иако некако тешки ми делуваат.
1.Дијагностика на кармата- Сергеј Николаевич Лазарев 2.Чиста Карма- Сергеј Николаевич Лазарев. И нормално сите останати од овој автор, но овие две беа првите кои ги прочитав и преку кои го сменив целиот поглед на нештата.