Верувајте или не, мене Мандино ме смени. Дар од ѕвездата Акабар (Ог Мандино и Бади Кеј) - Можеби изгледа некоја глупава, евтина фантазија се додека не се открие суштината во неа. Ептен е убава. Ме научи дека никој на овој свет не е случаен минувач, сите сме тука со една цел - да го направиме светот подобар. 17 правила за правилен живот (Ог Мандино) - Автобиографија за животот на Ог Мандино. Ептен се зачудив од тоа што го прочитав. Порано тој бил 30годишен алкохоличар, од кој ќерка му и сопругата го напуштиле, но подоцна се’ се сменува. Тој се преженува и има два сина. Тој станува еден од најпознатите писатели. Тука научив дека многу работи кои треба да се применуваат во животот. Искрена благодарност кон Ог.
Мене дефинитивно ме смени Клетници од Виктор Иго..Дефинитивно најдобра книга, која можам да ја прочитам уште 100 пати и повторно ќе ми биде интресна. А за тоа колку сум плачела во текот на читањето не можам да кажам ..Оваа книга ми го смени погледот на светот, се соживеав буквално со сите тешки удари кои животот му ги зададе на Жан Валжан, кој покрај се што преживуваше беше подготвен секогаш да помогне и остана добар и чесен и најважно не потклекна на сите тешки моменти. Книгата ми дава до знаење дека никогаш не сме сами, дека не сме само ние оние на кои им е тешко и дека секогаш постојат луѓе кои страдаат повеќе од нас, а сепак знаат да се сносат со тоа..едноставно вреди да се прочита, извондредно дело
Мене многу ме смени „Психологија на успехот„ и делата од Пауло Коелјо. Дават позитивна енергија, и мотивација да одеш напред, да ги надминеш грижите и да не се нервираш. Препорачувам ги за сите што им треба нешто позитивно
може ќе звучи смешно.. но мислам дека многу се променив откако ја прочитав ''Тајниот свет на една купохоличка - Софи Кинсела'' по препорака од форумов.. искрено многу се пронајдов во улогата на Беки.. па сватив дека не е се во шопингот и тоа што го носиш и искрено еве сега веќе една недела почнав да штедам пари и добро ми оди а иначе моментално ја читам ''Мажите се од Марс жените од Венера - Џон Греј'' и досега согледав многу мои грешки во однесувањето кон машките, па се поправам
Прекрасно напишана е, веднаш ја разработува твојата психа,те тера да размислиш што навистина треба да смениш кај тебе,а има и една огромна предност ти го посочува лидерот во тебе,те тера да ги пронајдеш сите тие лидерски способности.Топло ја препорачувам
Вероника реши да умре- Пауло Коелјо Книга што ме научи дека реалноста е тоа што мнозинството го прифатило за такво. Дека е сосема прифатливо да си различен. Дека колку и да мислиме дека сме спремни на нешто (во овој случај смртта), колку и да го посакуваме истото, сосема е различно чувството кога тоа нешто ќе го добиеме. Дека секогаш ќе има нови нешта кои ги немам допрено, испробано, доживеано. Ме извлече од некаков црн период на депресија и потиштеност. Книга која секогаш кога мислам дека ќе го допрам дното ме воздигнува, ме поттикнува да се борам, да истраам, секогаш има причина зошто.
Мене навистина ме промени "Галебот Џонатан Ливингстон"- Ричард Бах.Допира до секого и едноставно води низ таа мисла-Да се направи повеќе е она што го движи светот напред.Не учи да тежнееме кон најдоброто.И да не се откажеме.Ни помага да се пронајдеме себеси.Да го пронајдеме скриениот галеб во самите нас.Ја имам исчитано веке 3 пати и со секое читање се чуствувам поубаво,некако имам поголема самодоверба.Едноставно,препорачувам секој да ја прочита и да го пронајде скриениот галеб во себе,галебот што се бори за скриените желби,цели ....
„Јади; Моли се; Уживај“ - Елизабет Гилберт Spoiler Книгава ја читав нешто пред Новата Година, и во тие моменти тогаш се чувствував прилично изгубено, и токму како некој исцелител ми дојде Лиз ( писателката), уживав читајќи ја, а потоа научив да сум среќна самата со себе, да уживам во секој ден, во секој изеден залак, и да се сакам себеси за се што сум направила, погрешно или не, да си простам себеси и на другите. Навистина после книгава се чувствувам поисполнато, поздраво, посмирено, поуспешно, поубаво. И кога од време на време ќе се почуствувам загубено повторно, си прелистувам страна или две од книгата, и voila си се враќам себеси.
Всушност не е книга.Нешто како прирачник. Психологија на успехот - Како да се придобијат пријатели и наклоност кон луѓето. Од Дејл Карнеги.
Не е една, туку повеќе. Ме завртеа за 360 степени и мислам дека станав нова личност. „Свети Серафим Саровски„ - Н. Левитски „Голем е Бог„ - старец Клеопа „Старечник„ „Лавсаик„ - Паладиј Епископ Еленополски
Целестинското пророштво. Дури тогаш ја сфатив поентата за постоењето на причинско-последичната релација во животот и секоја негова ситница.