Сум прочитала повеќе психолошки книги но ниедна од нив ја нема моќта на Тајната од Ронда Бирн. Книга која ми стана секојдевен прирачник,помагател во животот и поттик дека можам да направам и да бидам се што ќе посакам. Исто така и Алхемичарот е книга која ме доведе до промени.
Најголемиот трговец на светот - Ог Мандино Ја читам секогаш кога ми треба самодоверба плус. После читањето си мислиш дека се што можеш да помислиш ке успееш да го направиш ако желбата за успех е премногу силна. 1000 пати сум ја читала и секогаш наоѓам нешто ново
„Ловец во р‘жта„ од Селинџер и „Галебот Џонатан Ливингстон„ од Ричард Бах во прав миг ми помогнаа да увидам дека и не е толку страшно да не си конформист и да немаш секогаш високи цели во еден толку лажен свет, значи зборувам за периодот кога влегував полека во адолесценцијата баш ми требаше ваков вид потврда дека се‘ е во ред кога мислиш дека не си во ред ако не си како останатите т.е. поголемиот дел од нив, .
Галебот Џонатан Ливингстон силно влијаеше и на мене. Ме научи да не се плашам да летам и да го најдам во себе тоа што Џонатан го пронајде. Знам и да и’ се навраќам на периоди, и секој нареден пат е исто толку моќна.
Книга која ме променила е „Клетници“-Виктор Иго. Едноставно повеќе го ценам животот и она што го имам. Дело кое пред се вреди да се прочита
Не сум прочитала книга која ме променила ама многу се книгите од кои имам извлечено многу вредни поуки (каде секоја по себе се однесува на различни работи), а најмногу поврзани со секојдневниот живот.
Јас би ја спомнала Хари Потер, уште како дете додека ги читав тие позитивно влијаеја на мене, и дека растев со нив научив многу работи. Да не би биле ХП книгите, јас не би била тоа што сум и што знам денеска.
Се уште не сум прочитала книга која ме променила, но ете, книга која ме натера да сфатам некои работи и да се подзамислам за својот начин на живот е „Оган во мене“. На името на авторот не се сеќавам, беше македонски знам... Сосема случајно ми падна в раце, заедно со некој весник ја купив. Трогателна приказна за реалниот живот на сираче, која практично се крсти во својот брат, а тој е она што таа најмалку очекува дека тој би можел да биде. Се справува сосема сама со животот, оттурната од сите, со мајка проститутка, брат шверцер на дрога... Татко и е среќен со друга жена, љубов им дава на други деца, а нејзе и брат и ги заборавил. Дури и од школските другари е отфрлена зашто е сиромашна, зашто нејзината облека е стара и скината... И не секој би сфатил зошто книгава толку влијаела на мене. Но, да ги читаш тие редови во неа, во себе да си правиш филм од зборовите и описите....и пак не би сфатил секој. Но, не верувам дека некој би останал рамнодушен на ова дело. Опишува добар дел од животот на многу луѓе. Да, некој така живее навистина. Она што ме трогна толку е токму тоа: живот кој не сум го почувствувала, живот кој никој не сака да го има, во кој никој не е среќен... Да збираш парички во ташниче со кое некогаш си играла, да го напуштиш школото зашто те исмеваат, да работиш, да трпиш срам и пораз од најблиските. Да ги гледаш секој ден тие мрсни и дебели мажи кои доаѓаат кај мајка ти незадоволни од своите жени, заминуваат, а таа останува срамнета со земјата... Делото ме натера да размислам за својот живот, за тоа што имам јас, за тоа што се можам да добијам, како живеам... И пак да речам немам се! И пак да сум незадоволна од добиеното... А некој, некој нема ни една стотинка од моето... Можеби книгата не е некој бестселер, не е од светски познат автор за кој сите знаат, ама е книга која мора да се прочита. Книга која нема да те остави рамнодушен, која штом мене ме натера да размислам и да погледнам на животот од друга перспектива може секого да го натера... Освен некој кој има камен, а не срце.
„Алхемичарот„-Пауло Коелјо Ме промени?!Не можам да кажам дека ме промени али извлеков некои поуки за тоа дека треба да превземам некои дејствија,да се потрудам околу нештото што го посакувам..едноставно да си го следам сонот.
Не постои книга која ме променила, но постојат неколку кои ми оставиле голема трага, ме научиле како да постапувам во одредени ситуации... пр. Демијан од Хесе- извонредно дело во кое секој ќе разбере дека се започнува со себе си и се е во моќта на сопствената потсвест!
'Mоќта на позитивното мислење' - Норман Винст Пил. Mн се променив и позитивно почнав да гледам на одредени нешта и сфатив дека треба да се живее колку и да е тешок животот.
"Моќта на потсвеста"...дефинитивно го сменив погледот и начинот на размислување во врска со некои работи
Најголемиот продавач на светот - Ог Мандино Книгава целосно ме промени, почнав поинаку да гледам на животот, да уживам во него, да го искористам секој момент максимално. :up:
Психолошката книга „Будење“ навистина ме промени, а и го промени мојот начин на размислување и погледот кон другите. Со еден збор навистина се разбудив