Koj го здипли моето сиренце-Спенсер Џонсон Ја обожавам книгава ,неколку пати ја имам прочитано,навистина се чита во еден здив и погледот кон работите за исто толку време се менува.... Ја дадов на другарка да ја чита,ама госпожата ми ја загубила ,па мора да најдам време да тркнам да ја купам пак,шубе ми е што ми ја нема на полицата книги
Голем скептик сум кон оние ‘семожни‘ книги кои променуваат. Како Целестинско пророштво, Моќта на потсвеста, Дијанетика. Како може да ме промени некое четиво? Од книга можам нешто да научам, да се променам од незналица во зналица и слично. Ама дека ќе ме напраи нова личност, не баш.
Дефинитивно мојата омилена, "Најголемата лекција на животот" од Мич Елбом. Книгата која ме промени од корен, во начинот на размислување, начинот на однесување, можам да кажам дека ми ги отвори очите. Ја имам прочитано повеќе пати, и ја препорачувам
Дебела-Бисквити, чипс и љубона болка. Значи стварно реално претставено како може екој да те сака без оглед на дебелината и висината. Стварно сега имам поголема самодоверба. Благодарам Силвија Ш. Стипаниќ.
Маркез со своето дедовско раскажување ме просветли како писателка, како и топлината и страста што извираат од неговите дела ја збогатуваа мојата креативност и поглед кон светот. Достоевски и Мураками со своето делкање ме натераа да се пронајдам во неколку нивни ликови и да размислувам за самата себе. Џон Стајнбек и неговата Источно од Рајот ( досадна сум веќе со неа ) ја промени мојата читачка кариера далеку на подобро. Сепак, никој не ме променил како Хесе и неговото дело Демјан. Никогаш не сум сретнала таков начин на размислување за религијата и ништо толку магнетски не ме привлекувало како тој „Каинов знак“. Како се повеќе созревам во полето на литературата, почнувам се поинтезивно да го почитувам неговото дело. Тотално ми отвори нови сетила, нови патишта и жаришта.
Ниту една книга не ме променила, ниту верувам дека некоја некогаш ќе ме. Впрочем сите книги менувале дел од мене, не надградувале, од секоја сум научила нешто ново. Од убавите книги сум учела позитивни и од лошите книги сум градела вкус. Значи секоја на некој начин полека ми го градела карактерот и ме созревала. Некои ме поттикнале да размислувам за одредени работи кои предходно ми биле небитни. Сум менувала и одредени ставови благодарение на некои книги али преку ноќ да ме промени, нема шанси. Не верувам јас во такви ствари, ниту верувам во книги од типот на Будење. Со извининие ама мислам дека вакви книги можат да влијаат само на некого со слаб карактер и не доволно изградена и дефинира личност. И сите овие ми се лесен начин на доаѓање до пари. За типичен амерички пазар
Можам да кажам дека речиси секоја книга го променува моето размислување во одредена насока и од секоја прочитана книга научувам нешто ново или го зацврстувам моето размислување околу нешто. Големо, можеби дури и преголемо влијание имаше врз мене „Странецот“ од Ками. Мислам дека со таа книга почна да ми се променува размислувањето и смислата на животот. Исто така голем впечаток ми имаат оставено „Тегобност“ од Сартр, „Степскиот волк“ и „Сидарта“ од Хесе и многу други.
Најголемиот трговец на светот од Ог Мандино. Не дека ме променила но ја читам секогаш кога не сум сигурна во себе.Мислам дека секоја реченица во книгата си има свое значење во животот. Еден од моите омилени извадоци... ‘‘Не се плаши ако твоите цели се преголеми и превисоки. Подобро е да стрелаш во месечината и да погодиш орел, отколку да стрелаш во орелот и да погодиш карпа...’’
После читање на секој книга, ТАА МЕ МЕНУВА! Значи како да стекнувам ново искуство, како да учам нови работи... Секоја книга си носи своја поука и нешто учиш од неа Така да мене лично секоја МЕ МЕНУВА на свој начин
Шагринска кожа-Оноре де Балзак Неможам да кажам дека онака ме поменила од корен, но дека ме насочила кон некој пат во животот, да, ме научила на некои вредности и работи кои многумина ги забораваме понекогаш. Со неа созреав, научив што е животот. На тие 15-16 години кога ја обработувавме мислам дека ми беше една од најинтересни книги, и сеуште ми е. Незнам зашто на многумина воопшто не им се допаѓа книгата и ја сметаат за досадна, јас баш напротив сметам дека е многу поучна и треба да допре до секој читател до неговиот разум и имагинација.