,,Можеш ако веруваш дека можеш'' - Норман Винсон Хил. Книга која ме научи на самодоверба, за тоа како треба да се радуваме на се и најбитното од се да не се откажуваме никогаш ама баш никогаш и покрај сите порази и да веруваме дека можеме бидејќи и невзоможното може да се претвори во возможно!
Баш денеска пред неколку часа го прочитав овој дел.И баш добро се сеќавам на реченицава,како ја разбрав,како ја замислив во главата.. Сеуште ја немам дочитано,но засега сум задоволна од тоа што сум го прочитала и мислам дека нема да остане еднаш прочитана,ќе се навраќам низ страниците барајќи ги совршено напишаните реченици кои навистина мотивираат.И јас ја препорачувам.Посебно кога си во депресија.
Петтата спогодба од Дон Мигуел Руиз не ме промени како личност, но ми го промени погледот на поимот рај и начинот како да стигнам до сопствениот
Феникс од Георги Стоев... Ме потсетува дека секогаш има надеж, дека секогаш може да се почне од почеток... Оваа книга ја читам за една ноќ, само 80 страни е но книгава е предобра. Ја имам прочитано безброј пати... најчесто кога сум тажна, кога надежта умира во мене или кога нешто ме боли... Кога неможам да спијам или кога сакам нешто да заборавам, оваа книга ми го убива стресот после секоја расправија... магично делува кога сакаш да го оттргнеш вниманието од нешто, лесно се чита и е прекрасна книга. Spoiler (најчеста причина да се сетам на книгава е кога имам циклусни болки, тогаш подобро и од апче делува... ја препорачувам на секој кој сака да се смири и заборави на останатитот свет)
„Индиго Бомбај“ Сфатив дека се што треба да се случи, ќе се случи. Сфатив дека не треба да го форсирам животов. Дека едноставно, има некоја цел моето постоење, баш во ова време, на ова место.
Aна Каренина,книга што ме остави без зборови и која ја читав со голем интерес,посебно ми остави впечаток аферата мегу Вронски и Ана,забранета љубов која заврши со трагичен крај...
Калуѓерот што г продаде своето ферари.-Те тера да мислиш позитивно и да гледаш на порозовата страна во животот.
`Препушти се`-Сара Десен. Прекрасна,се повратив во живот после неа.Се соживеав со Оден,на некој начин. И благодарам многу!
Секоја книга, по малку, се до следниот ден кога почнува следната. Животот- ниедна, но секако дека секоја влијаела по малку. Но коренита промена...јок
Исто. И дома имам копија од неа и многу често ја читам. Плус уште една книга слична на оваа, не ми текнува точно на насловот, таа поретко ја читам.