Верувале или не ќе ја издвојам Внимавај што посакуваш од Александра Потер (иако прелесна книга, многу размислувања ми сменила во животот-сосема неочекувано) така да мислам дека сите книги не менуваат по малце А за книгите како Моќта на потсвеста и The secret или Заратустра, нема што да се коментира. Тоа им е намената
Барај и ќе добиеш - Естер и Џери Хикс (Книга која целосно ми го промени животот, ја имам препрочитано 6 пати и сеуште не сум заситена од неа. Им ја препорачувам на сите кои се разочарани од животот и кои имаат многу желби кои би сакале да им се исполнат. Не би зажалиле за овој избор со сигурност).
Ти пишав и лична порака книгата ја земам од библиотека. Побарај на интернет можеби има страница на која пишува колку пари е и каде можеш да ја купиш. (јас барав но не најдов никаков податок, можеби ти ќе имаш повеќе среќа)
Чиста карма и Љубов од С.Н.Лазарев и The ultimate secret of total self confidence од Др.Роберт Антони
чиста карма е книга со многу јак психолошки набој,едноставно те остава тотално збунет од можноста за вистинитоста на случувањата во сечиј живот индивидуално. мене лично многу ми има влијаено-времето на лалињата.
Индиго Бомбај од Јагода Михајловска, на почеток мислев дека нема ни да ја дочитам до крај, но ако некоја книга успеала да ме промени барем малку е оваа, ја читав во помалку стресен период за мене и ми беше како библија ме смируваше додека ја читав и успеа да ме натера на малку поинаков начин да гледам на работите кои ни се случуваат секојдневно.
Јас си имам листа од златна десетка преку која созреав. Секако, некои ми влијаеле посилно од останатите, но тука книгите се наредени по случаен редослед. Браќа Карамазови на Достоевски Сликата на Доријан Греј - Оскар Вајлд Демијан - Херман Хесе Малиот принц - Антоан де Сент- Егзипери Лолита на Набоков Проклета авлија - Иво Андиќ Животинска фарма - Џорџ Орвел Марина - Карлос Руиз Зафон Дениција- Петре М. Андреевски Драмите на Дејан Дуковски (Буре барут, Друга страна, Балканска 3А/ II, Утерус, ММЕ кој прв почна)
1984 од Џорџ Орвел. Не би одел до таму да тврдам дека ме променила, би рекол дека влијаела многу за да ги изгубам илузиите за многу работи. Дали е тоа добро или лошо сеуште не сум сигурен.
Житието на Св. Серафим Саровски Голем е Бог од старец Клеопа Моите двајца скапоцени личности кои како малечко дете ме носеа за рачињата .