Верoникa реши дa умре oд Пaулo Кoелјo. Чoвекoт е бoг нaд пaрче хaртијa. Ме нaтерa дa гo гледaм светoт сo пoинaкви oчи, секoјa ситуaцијa дa јa гледaм oд пoвеќе aгли. Вреднoстa нa живoтoт дa јa гледaм oд пoинaквa перспективa. Ме пoттикнa дa рaзмислувaм пoинaку. Секoјa чест!!!
И во мојот живот постои таа книга, а таа е „Алхемичарот“ - Пауло Коелјо. Дефинитивно таа е книгата која ми требаше во мојот живот, да ме потикне да го постигнам успехот кој сум го постигнала денес. Многу позитивни мисли, потикнувачки зборови и се што му е потребно да му каже на некој за да го постигне својот успех.
Сенка на ветрот - Карлос Руиз Зафон т.е цела трилогија ... Капа доле мистеријо моја, фала ти што ми ја даде на тацна љубовта, важноста, посакувањето, желбата, вредноста, надежта и тн. тн. тн.
Прва книга која ме допре длабоко, беше "Пајажината на Клементина". Мислам дека бев некое си 4то одд, и тоа беа моите први солзи над книга. Во тинејџерските години силно ме погодија и подзамислија за животот "Клетници" од Виктор Иго и "Злосторство и казна". Денес она на што најмногу се дивам и најмногу допира до мене е модернизмот: џојс, вулф, брох, ман, мишима, кафка, музил.... сите тие се заслужни за онаа личност што сум денес. Им благодарам.
Мoжеби звучи чуднo, aмa зa мене беше Слaтки мaли лaжливки. Јa читaв кoгa имaв 12 и бев кaкo девoјките штo беa исмејувaни oд лaжливките. Зa мене тoa беше шлaкaницa oд реaлнoстa, тoa е, тaквa сум и секoгaш ќе бидaм изрoд, deal with it.
Индиго Бомбај- Јагода Михајловска Георгиева Не знам како да ги опишам чувствата кои во мене ги разбуди книгава. Буквално бев како во некоја друга димензија кога ја читав. Ми отвори многу размислувања за здравјето наспроти болеста, за сиромаштијата, за богатството, за доховното и материјалното, за моралот и етиката. Благодарна сум што дојде во мои раце и ми го овозможи ова прекрасно искуство.
Па ги има неколку кои навистина ми оставиле впечаток и на некој начин ми го променија погледот врз светот : Илјада неверојатни сонца и Ловец на змејови од Халед Хосеини, и Рингишпил од Јелена Б. А.
Последно што ме погоди право во ржта, така да кажам, беше расказот Метаморфозис на Кафка. Ми доаѓаа цитати од книгата во глава неколку дена потоа, и нови аспекти на содржината. Тоа мора да се прочита! Дервишот и смртта на Меша Селимовиќ ми остана како нешто што може да се чита константо, завршуваш со последната страница, почнуваш пак од почеток и така цел живот. Папокот на светот на Венко Андоновски, кога сум во лична криза си ја читам, иако мислам дека Азбуката на непослушните е подобра, оваа ми е поблиска. Долго време ми беше омилен али после ме разочара многу со колумните. Г-ѓа Даловеј, и било што од Вирџинија Вулф општо, кога ја читам ко да го гледам светот со други очи, ја обожавам значи. Влада Урошевиќ- кога го читам не знам што читам тој е над надреализмот, али убаво ми е на душата. Со него се постигнува онааа цел светот да ти е безбедно место за живеење. Ана Каренина - Каков интимно влегување во машко-женските односи, тоа е едно чудо. П.С. Се надевам дека нема да бидам погрешно сфатена, али не си го губете времето со лимонади кои едвај имаат некаква книжевна вредност. Почнете со лектирите и од таму, па нагоре навистина ќе ви се промени животот преку класичната литература.
-Демијан од Хесе ми донесе нов увид во светот,нова поделба и полесен пат до осознавање на себеси. -Алхемичарот,Вероника реши да умре од Коелјо ми променија некои видици и ми дадоа мотивација за да продолжам понатаму,следејќи ги знаците и уживајќи во малите нешта. И мал милион други кои ми влијаеле на најразлични начини,ме спасиле во најсекојдневни ситуации,ме направиле побогата и во душата и во говорот. Се разбира тука се и тие што само ми украле сон и скапоцено време,ама и од нив лекција се извлекува,следниот пат знаеш што да избереш.
Кодот на Да Винчи од Ден Браун. Книгата е неверојтана, ми отвори нов свет, сфатив колку многу не сум знаела некои работи за религијата и светот. Ме натера да истражувам и да навлезам во тие прашања, да барам одговори.
Вo прoсветнo делo сигурнo јa имa, јaс oд библиoтекa јa земaв. И јaс дo третa сезoнa јa имaм гледaнo серијaтa и не е бaш кaкo вo книгите се, имa 12 книги мислaм, aмa вo Мaкедoнијa сaмo 4 се издaдени. (Пo еднa гoдинa си гo гледaм мислењевo, брукa ми е кoгa ќе видaм кaкo сум се изрaзувaлa )
Лујза Хеј - "Како исцелити дух и тело", мислам дека на македонски преведена е под наслов "Како да го излечите својот живот"(не сум сигурна дали е истата) За љубителите на ваков тип на книги или оние кои бараат начин како да се подобрат себе си, да променат нешто, да живеат поисполнето книгава е закон. Прват да сум волку воодушевена од книга за самопош. Сум читала и други ама не ме заинтригирале толку да работам на себе. Се преродив мислам откако ја прочитав. Тука е се објаснето од тоа како се раѓаме како невини суштества, нашето внатрешно дете, како да се сакаме повеќе дека се започнува од тоа, да се храниме здраво, да им простиме на оние кои не повредиле, тоа дека секоја болест е резултат на нашите мисли и се тоа низ вежби и примери. На крајот опишана е и животната приказна на авторката која ме остави со подзината уста и по некоја солза. После ова животот нема да ми биде ист знам. Ова беше големо будење. Прво бев скептик да прочитам уште една таква книга, но ме воодушеви стилот на пишување. Би прочитала уште некоја нејзино сигурно. П.С книгава ја имам во пдф формат ако сака некој ќе му ја пратам