И мене ме промени Библијата, па Билките на баба Рада...ова се од книгите на буквата Б инаку многу се да почнам да ги редам до Ш.
Ги немам. Купени од Веро ми се. Ама напиши ја книгата и до неа пдф, можи ќе ја најдиш И со англиски и со македонски јазик пробај, ќе видиш. Јас други има побарано, овие не.
Исто. Не знам како да се чувствувам, ама дефинитивно ме „раздрма". Книгата е за секој што сака да знае како функционирал и како сѐ уште функционира светот, метафорично прикажано за замислен свет. Фасцинантно е како методите за контрола и манипулација останале исти, само во друга форма, иако книгата е напишана во 1947 год.
Ниедна книга ме нема променето, ама од секоја извлечувам некоја поука, размислување за животот. Не постои книга која не упатува некоја порака на читателот само кој како ќе ја процесира и примени во животот. На некои жени, без навреда би им ја препорачала Запри срце од Зорана Шулц. Јас искрено се нервирав кога ја читав, ама од неа можат не само една, многу поуки можат да се извлечат во однос на ставот, размислувањата на жената, срцето кое го дарува жената на спротивниот пол и најважното што секој човек на еден или друг начин на својот грб носи своја тежина.
Здраво.Имам прочитано многу книги, пред се психолошки, но, ни една не ми помогна со мојата трема пред народ,тоа гушење пред луѓе, додека презентирав во школо и на факс.Дали знаете некоја книга која може до таа мера да ми помогне?
Силвија Плат - Стаклено Ѕвоно Midnight Library - Matt Haig Малиот Принц Лолита - Владимир Набоков Ференхајт 451 - Реј Бредбери Не можам да изберам една, ама најверојатно би била Малиот Принц.