1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книга која не би ја препорачале

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од aNy-to, 19 септември 2010.

  1. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Понекогаш од некоја книга многу очекуваме,но не разочарува.Сигурно сте почнале да читате книга која не сте ја прочитале до крај или пак едвај сте ја прочитале така ради реда, од причина што не ви се допаднала.
    Еве јас летово ја читав Фотографија од Пенелопи Лајвли,книгата ме разочара и едвај ја дочитав до крај.Воопшто не беше тоа што очекував,непотребни описи,тапкање во место и на крај ништо.Кажете вие која книга ве е разочарала и не ја препорачувате,сигурно сте налетале на таква :)
     
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Чекајќи го Годо - Семјуел Бекет, бидејќи ми беше за лектира бев принудена да ја прочитам. Темата е апсурдноста на животот, несфатлива, без ништо интересно.. се чувствував ко ретардирана додека ја читав.

    Ќерката на чуварот на спомените - Ким Едвардс, земав да ја читам бидејќи беше бестселер и имаше многу позитивни критики за неа. Мене воопшто не ми се допадна. Добра идеја, ама лошо реализирана. Нарација на велико... од оние книги што после 2 прочитани страни те фаќа дремка.
     
  3. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Процес од Франц Кафка. Почнав да ја читам, за лектира требаше да ни е во средно, ама не ја дочитав. Скокав, скокав страни, ама џабе, мн.беше досадна. Еден цело време нешто бара, а и тој не знае што бара, не знам ни јас што бараше. Досада...!
     
    На ikicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    И мене Ќерката на чуварот на спомените многу лош впечаток ми остави.Просечна приказна,но не е толку впечатлива и длабока за да биде бестселер...ама ок,најчесто и така е со бестселерите,впрочем и затоа се,затоа што се прифатливи за пошироката маса во која секако не се сите литературни сладокусци,иако има и такви меѓу сите тие,но сепак,нели за вкусови не се дискутира.
    Како и да е,наидов на некои апсурдни ситуации и борби кои немаат логички причини.

    Зa Тајна веќе и да не разговарам колку е лоша...исто така паднав на бестселер моментот.Два пати фејл и се научив,бестселерите нечинат секогаш.
     
  5. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Јас мислев само мене Ќерката на чуварот на спомените ми беше досадна :D Башка дека бестселер, туку и насловот и кориците ме примамиа и уличниот продавач ми ја изнафали, сама се читала :) Едвај со триста сили ја дочитав, значи многу ме нервира што на околу 500 страни (мислам) е рскажувано нешто што јас да го прераскажам ми требаат само 3-4 реченици :) Ете толку има моменти во книгата....
    И друга Љубовникот се вика, не се сеќавам од кого, ја зедов од саем пред 2 години, и минатото лето ја читав на одмор...И таа ми беше без веза :)
     
  6. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Автостоперски водич низ галаксијата од Даглас Адамс. Фантастична книга и премногу безврска.Сум читала фантастични книги ама оваа ми беше ептен безсмислена.Мислам дека има 5 вакви книги,беа комплет но неуспеав да ги дочитам,се откажав после првата.
    Чекајќи го Годо-драма на апсурдот,во вистинска смисла на зборот.
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Танц со Ева.
    Идејата е одлична, последните денови од животот на Хитлер, од единствената преживеана после нападот на бункерот која воедно е наратор на приказната.
    Ама затоа, дали е до стилот на авторот (Алан Џад), или е до тој неписмен кој што го вршел преводот, не знам, ама е ХОРОР. Ужасно, книгата е некои 220 странички, ми се случи една реченица да ја препрочитам по 3 пати и пак да ми нема смисла. А прилично сум концентрирана кога читам. :)

    Захир од Пауло Коелјо. Исто ужасна книга. Тематика, Коелјовска, веќе прочитано, видено, чуено, многу досадна и монотона, никакво дејствие, ниту акција. Тапка во место некои 350 страници. Катастрофа.
     
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на Тренди. Не би препорачала ниедна книга на Паоло Коељо. Имам прочитано доста од неговите дела и уште не можам да сфатам зошто сите го сакаат толку?? Мене искрено ниедна ми нема оставено впечаток. Или е до мене бидејќи на секој втор човек му е омилен писател Коељо.. или пак сите го кажуваат него бидејќи едниствено него и го читале во животот. Стварно незнам :?:
     
    На LUNA.girl и soncicko им се допаѓа ова.
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
     
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Монотонија од Бобан Богатиновски. Книгата е ептен МОНОТОНИЈА :rofl:

    Ми текна на Автостоперскиот водич низ галаксијата, го имам гледано филмот но не ја имам читано книгата...филмот успеав да го изгледат цели 20 минтуи па претпоставувам дека толку очајно лоша е и книгата :D
    Ќе се сложам со Lolipop23 за мислењето во врска со книгите на Коељо. Незнам зошто толку го величат и стварно секој втор човек кога ќе го прашаш ко слеп за стап се фаќаат за Коељо. Имам прочитано 3 негови дела, но почнувајќи од Алхемичарот (ми беше задолжително дело во средно) која според мене е многу тапа книга, па и останатите две со надеж дека можеби се подобри, ептен ме разочараа.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Мене Алхемичарот искрено ми е една од најомилените книги.
    Ја прочитав најпрва од сите на Коелјо, ме остави буквално без здив, прочитана ми е над 10 пати, анализирана до детаљ, ама не можев да ја оставам, будна бев цела ноќ , размислувајќи. :)

    Но... Тука завршува среќната приказна за Пауло Коелјо.
    Некако сите почнаа да го форсираат. Тие што не прочитале еб**а книшка, како под команда - Кој ти е омилен писател? - П.К! А абер немаат од животот.

    И така стана предмет за потсмев човекот. Башка, изгледа стана славен, му се кренаа акциите и почна да се занесува максимално. Секоја наредна книга е полоша и полоша. Жити Алхемичарот, Вероника... и Демонот и Г-ца Прим. Другото е се' едно те исто. Тинтири - минтири, животот и неговата суштина и поента. Добро де, друго што има на менито?

    Јас се ' уште тврдам дека Коелјо е сјаен автор, со добро осмилен стил. Ама се уништи - што самиот, што читателската публика. И сега е писател за менекенчиња, фудбалерчиња и неписмени. Да се фалат дека прочитале нешто од него. :(
     
    На soncicko, Scar.Tissue, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Алхемичарот - кога ја прочитав се осеќав ко да сум изгледала некоја американска емисија во која ни солат памет. Од тогаш немам воља да го читам Коелјо :?:

    Кодот на Да Винчи - делумично, значи убаво се читаше книгата, добар му е стилот ама крајот потполно ме разочара.

    И ред други бестселери, сега сум внимателна со книги кои се најпродавани. Поубаво ми е да изберам непозната книга, и да ме изненади пријатно, отколку обратно - позната книга, па непријатно да ме изненади.
     
  13. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    Прв пат читам некој да се изјасни против Коељо, КОНЕЧНО :) ЈАс неколку години веќе се прашувам зошто луѓето толку го сакаат и им е омилен на повеќето?! И јас имам прочитано многу негови дела, меѓутоа ниту едно не ми оставило којзнае каков впечаток...
    Инаку "Водење љубов" и "Голата пионерка", засега се книги што не би ги препорачала... толку се досадни што неможев да ги дочитам. :)
     
  14. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Професорката по англиски од Лили Кинг.Книгава ја читав пред 2-3 месеци и не ми остави никаков впечаток.Се раскажува животот на една професорка,нема некои посебни случувања, всушност се е монотоно.Главниот лик во книгата Вида е затворена личност,која има депресивен живот.Не е книга која се чита во еден здив и која останува долго во сеќавање.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Се сложувам за бестселерите. Ќерката на чуварот на спомените едвај ја дочитав, просто ме успиваше. Исто и Бојата на златото од Роуз Тремејн воопшто не ми се допадна. Музика и Тишина ме воодушеви, ама оваа книга е потполно разочарувачка.
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.760
    Допаѓања:
    37.873
    Пол:
    Женски
    И јас не би ја препорачала Ќерката на чуварот на спомените многу ми беше досадна незнам како стигна до титулата бестселер :fubar: Не би ја препрачала и Три жени незнам од кој беше,многу досадна книга барем мене ми беше :worried: а за Пауло немам коментар ич не ми се допаѓаат неговите книг,мислам освен Алхемичарот таа ми беше добра.
     
  17. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807

    Se slozuvam,ni jas nikogas ne bi ja preporacala nikomu,i navistina e za retardirani :) vo celata kniga go cekaat Godo,a vsusnost kolku sfatif jas na krajot,Godo i ne postoi :D


    Isto taka ne bi ja preporacala "Stranstvuvanjata na Cajld Harold" - Bajron,knigata e katastrofa a i tesko se sfaca :worried:
     
  18. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    И јас ја имам читано оваа книга и воопшто не ми се допадна.Исто така,и книгите на Тони Парсонс,кои се бестселери(барем така пишува на корицата)се досадни и монотони.
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Нај глупа книга што ја имам прочитано е деловна придружба не се секавам од која писателка беше. Книгата беше буквално порно филмсе до детал опишано и со многу лоша поука за на крај :!: ама ич не ми се допадна а ке се надоврзам на претходните постови побрзани со Пабло Куело и на мене не ми се допаѓаат неговите книги незнам зошто толку го форсираат :^)
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Книги на Ог Мандино, ја читав Најголемиот трговец на светот и бестселер и многу позитивни критики.
    Јас мислам дека книгата досадна би им била и на луѓето пред 1000 години што живееле. Поучна? Како да не, што можам од тие застарени модели на трговија во денешниов 21 век да искористам? НИШТО!

    И врвот на најгрди книги е лектирата во средно „Смрт во Венеција“ – Томас Ман.
    Како една таква книга сеуште е во програмата за средно образование? Сигурно некој педофил ја ставил! Одвратна книга!
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.