Од Трејси Шевалие. Потпис. Значи толкава фама се крена околу книгава, па ја зедов пред две години(море повеќе ќе да беше). Со тешки маки успеав да ја дочитам, чисто онака од шо не сакам недовршени работи и максимално се разочарав. Сем онаа главната содржинска линија, веќе на другото не се ни сеќавам. Толку здодевна, толку невпечатлива книга, тоа е страшно нешто... Секоја чест за оние кои успеале да најдат нешто, но јас навистина не можев. Лоша реклама за авторот во секој случај. Тешко дека би земала некоја друга нејзина книга. А инаку донекаде ги разбирам помладиве генерации што не сакаат книги од Толстој, Достоевски, Балзак ... За овие книги треба трпение и сосредоточеност, нешто кое полека го губиме благодарение на времево во кое се` може да ни` се даде на тацна сосе сервирани дејства, пресврти, расплети у 5 минути. Пример оние комерцијала филмови, а и оние сајтови во кои имате прераскажани лектири од 300 во 30 страници, демек темелно. А колку повеќе одмагаат отколку што помагаат не сме свесни. Ако целосно се потпреме на нив, ќе станеме тотално хендикепирани во поглед на читање и вреднување на литературата. Среќни се оние кои ја почувствувале вистинската убавина и вредност на делата од овие автори. А и моментот-лектира си го прави своето. A да не зборам дека у основно сум имала лектири кои ден денес не сум сигурна дека сум доволно зрела да ги разберам и далеку од тоа дека сум сама. Значи треба малку и тука да се поведе грижа. Па имаш притисок, па имаш рокови...како да се сосредоточиш и да најдеш уживање во секој момент кога мора да ги скокнеш тие 70 страници кои опишуваат еден бал, вечер во еден ресторан, пропратена уз разговор за политика и тн. а писмената ти е за една недела. Овие книги бараат голем дел од твоето слободно време, голема посветеност и фокусираност за да им ја откриеш вистинската убавина. Затоа дел од нив ги прочитав подоцна, потемелно, без рокови, без брзање.
Од Трејси Шевалие ги имам прочитано сите книги и навистина, според мене е неверојатна писателка. „Девојката со бисерна обетка“ ми остави голем впечаток, но Шевалие има и други книги кои се и подобри од таа. Што се однесува јас што не би препорачала е „Мој деда Луј Витон“ од Исидора Бјелица. Подосадно нешто, според мене, нема да најдете.
Пауло Коелјо Според мене прекрасна книга, те тера да сфатиш колку е вреден животот, и дека треба да се искористи до максимум, а не само да се чека што побрзо да помине. Многу позитивно влијаеше на мене и моите размислувања и топло би ја препорачала на секој
Последната конкубина од Лесли Даунер Мене ми беше многу досадна, всушност сеуште се измачувам со последните педесетина страници од книгата! Не знам што не ја оставив уште на почетокот кога забележав дека цела книга е детале опис на се и сешто! И цел месец ја читам!
Засекогаш твоја вториот дел од Јади, моли се, уживај Книгата читање никако...првпат да се случи да оставам некоја книга Како да ви го перат умот од некоја секта !
Јас пак тотално би ја препорачала...мене ми е една од подобрите книги кои сум ги прочитала, ми се допаѓа јапонската култура, гејшите и конкубините, па кој ја сака Мемоарите на една гејша ќе ја сака и книгава. Не би ја препорачала Последниот чај-Винка Саздова.Почетокот ветуваше, а потоа беше само една досадна и развлечена приказна.Кој не сака книги со животни пасивни стории, без акција и штур заплет нека не ја фаќа уопште во раце.
Хипнотизиран-Ларс Кеплер. Толку ирелевантни описи и непотребно влечење немам видено до сега. Ме привлече насловот и описот одпозади ама неможев ни до заплетот да стигнам од што е толку натрупана книгата...
Девојката со портокали -.- знам, многу ја фалевте ама едноставно ми беше прилично досадна и горе-доле ме потсеќа на истата тематика со Светот на Софија.. ја читав со сила а не со уживање пошо коа веќе фаќам книга у раце барем идам до крај да не пропуштам нешто
хаха....потполно се согласувам.книгата просто убива со 50 прочитани страни бев доволно психички изморена за некогаш повторно да ја земам во раце.книгата е далеку од добра релаксација и уживање.
Секоја книга нема иста тежина. Признавам дека на моменти кога напушта концентрацијата книгата знае да стане малку досадна, но според мој вкус, книгата е добра. И ја препорачувам. Тоа што велиш дека има слична тематика со Светот на Софија е веројатно поради тоа што и двете се напишани од еден автор. Но Светот на Софија покрај трагањето, е преполна со мудрости, всушност тоа е и целта на авторот, да ги воведе малите умови во големите апстрактни нешта.
Смарагдна земја и На запад ништо ново ... првата не ја ни разбрав ја оставив на сред читање , а другата очекував да е нешто поинтересно =)
Сакав да се опуштам малку од трилерите, а кој е подобар начин од опуштање со чик литература? Изборот падна на "Ѓаволот носи Прада" и безборј пати се покајав бидејќи обврските на типката уште толку ме заморија, едноставно книга без цел. Ми се одмили, па не ја ни дочитав!
Најмачни ми беа за читање Чекајќи го Годо и Процес, со оглед на тоа дека Семјуел Бекет и Франц Кафка се претставници на апсурдот,делата вистина им се апсурдни. Без јасна содржина,јасни ликови,јасни настани.. Се е испомешано и без цел. И затоа тој правец од литературата воопшто не сакам да го читам,многу е досаден.
Оркански височини - (авторот неможам да го запомнам) Сто потези со четка пред спиење - Мелиса П. Странец во огледало Мајка - (не го помнам авторот) Една љубов на Сван
Книгата „Засекогаш твоја“ - излезена од перото на авторката на фамозната „Јади, моли се и уживај“ - Елизабет Гилберт. Можеби јас имав големо очекување за книгава, но можам да кажам дека помалку и ме разочара, ја прочитав еднаш и не би ја прочитала повторно. Значи, во книгата, Елизабет раскажува за нејзината љубовна приказна со 17 години постариот Бразилец - Фелипе. И двајцата премногу се сакаат, и двајцата имаат по еден развод зад себе, тие си ветуваат дека засекогаш ќе бидат заедно, но никогаш нема да стапат во брак. Заплетот почнува кога Фелипе е протеран од САД и единствениот начин да бидат повторно заедно е да се венчаат. И така, Елизабет Гилберт на 350 и кусур страници образложува зошто е против бракот, и зошто не сака повторно да се омажи.
Девојката и еднорогот Не ја ни дочитав ми се одмили уште на третата страница! Досега олку ниско мислење за книга сум немала.