Добро сепак вкусови се во прашање. Јас ја имам прочитано 4 пати и тоа од корица до корица. Не се сеќавам дека друга книга ме има така вознемирено, трогнато, опседнато... какви описи, толку доловувачки и впечатливи чиниш таму си...во глава ми одѕвонуваа нивните зборови, плачот, капките дожд. Самиот начин на којшто е напишана е сам по себе своевидна магија. А можеби си наишла на лош превод, јас ја имав среќата од прва да наидам на книгата на англиски па можеби затоа не ми е упропастен впечатокот. А како што лош превод може да упропасти грандиозно дело, ништо не може.
Мене па баш ми се допадна... некако лесна за читање беше, за два дена ја прочитав. Може не ти се допаднала дека беше ко шпанска серија малце
Големата четворка-Агата Кристи.. Воопшто, нема никаква содржина, само што ја купив, мислејќи дека е убава иако накратко ја прочитав содржината, но не ми се допадна воопшто..:/
Светот на Софија Без врска цела книга околу две работи нема ни настани ни ништо не знам како можеле да ја објават
Лурлин Мек Дениел незнам зошто не ти се допаднала можеби ти е премногу тажна јас ја прочитав и ми остави гоолем впечаток. Сепак секој различен вкус
На полковникот нема кој да му пишува - Габриел Гарсија Маркез Мала по обем, но многу досадна затоа што ништо не се случува. Се е сведено на тоа дали полковникот и неговата жена ќе успеат да ги преживеат деновите во сиромаштија. Би рекла дека главна улога игра петелот, но да не раскажувам повеќе зошто на некои сепак можеби ќе им биде интересна, вкусот е во прашање. А за тие што не ги сакаат Достоевски и Толстој, мислам дека проблемот е во тоа што тие зад себе оставиле психолошки романи кои што го заморуваат мозокот на помладата популација. Едноставно некои луѓе не уживаат да читаат голем број на описи и навлегување во психата на ликовите. За мене тие се едни од најдобрите автори, ама како што напоменав се е до вкусот
Колачиња за појадок - Дороти Кумсон Нема некоја содржина, бавно дејство и необјаснет крај Девојка која се преселува и решава да го смени својот живот се вселува во куќа на разведен татко со две деца. Семејни проблеми, насилство, пијанчење и слично Можеби авторката имала убава замисла, ама развојот на настаните е многу спор и досаден.
Вероника реши да умре баш денес на телевизија го начекав и филмот од книгата.Книгата пред некое време ја зедов да ја читам, стигнав до половина, и навистина без врска.Си реков можеби ќе сфатам подобро со филмот, погледав 5 минути и сменав
Немојте да верувате на луѓе кои ќе ви кажат „Прочитај ја таа и таа книга, многу е добра“ и секако не им верувајте на луѓе кои ќе кажат обратно „не ја читај таа книга, ич не е добра“. Ако сакате да читате и ако уживате во читањето, нема да ви треба некој да ви каже која е добра или лоша книга. Човек го гради стилот и вкусот низ годините, од Зоки Поки па натаму и ако сака да чита, тогаш предлози може само да му го уништат уживањето во некоја книга. Јас на пример, никогаш нема да ви го препорачам Пауло „Копи-пејст“ Коељо, но некои луѓе едноставно уживаат во оние типови на „како да си помогнам себе си“ книги, па не дозволувајте некој балван како мене да ви кажува што чини, а што не. Откријте сами кој жанр ви се допаѓа, кои автори пишуваат на стил кој ви лежи, и терајте според сопствениот вкус. И нема стамота во тоа да го џитнете Толстој ако ви е напорен. Јас прочитав 10 страни од Ана Каренина и сфатив дека не ми се допаѓа, никогаш не ја прочитав, ама Достоевски од друга страна, е сосема друга приказна...
Мојата омилена книга. Повеќе од 10 пати ја имам читано. Сепак, не е за регулар читатели, туку за љубители на филозофијата. Оние кои би сакале од општа култура да знаат нешто за филозофијата, интересен начин да се дознаат размислувањата од Стара Грција до сегашноста.
Никогаш посреќна - Мена Ван Праг Spoiler стилот на пишување воопшто не ми се свиѓаше,и се е некако премногу идеализирано, нереално, и мислам дека книгата е како автобиографија на писателката... главниот лик сонува да биде позната писателка, сите авторски куќи ја одбиваат, само една се согласила и станува бум, впрочем и како што и се случило и на писателката, само не сум сигурна за 'бумот' не е мое да судам, ама едноставно желбата и талентот не идат во ист кош :/
Последниот харем Spoiler ми ја препорачаа во библотеката... а јас паметна ај штом е убава и двете книги ќе ги земам поарно ќе беше ич да не се мачев да одам, по глупа книга здравје. Јас како обожавател на историски книги сум разочарана
50 нијанси сиво...Површинска и обична љубовна приказна, во којашто авторката најверојатно помислила дека ако ја зачини со порно моменти, кои ги опишува детално, демек светска слава ќе добие...Очекував длабока приказна, емоции, оригиналност...Во 500 страни, читав единствено за страсните љубовни средби меѓу некојси богаташ, садо-мазо тип и неискусна студентка...Ништо помалку, ни повеќе...Никаков заплет,кулминација, расплет - ништо...Иначе самата авторка на корицата пишала: книга која го заведе целиот свет Со што го заведе? - Со чинот на орален секс во џакузито, кој таа детално го опишува...? Поготово последната третина од книгава ја читав 2 недели од што беше досадна... Слушнав уште два дела имало, кои секако нема да ги прочитам...
Лолита... Книгава ме уби во поим! Толку се чувствував валкано додека ја читав, морав да правам паузи после секој 30 прочитани страни! Толку ми беше педофилска, изопачена, одвратна, не знам како можеле да ја објават! Интересен, несекојдневен поглед од другата страна на перверзијата бла бла- да, јасно ми е ама пак се ми се сведува на тип кој се пали на 12 годишно девојче!!! Како таа приказна може да има таков култен статус ми е мистерија... Да е Набоков жив, би ја земала книгата и би го истепала со неа!