Соголена пред тебе - Силвија Деј - Многу извикана и препорачувана книга за која авторката добила повеќе награди. Но, по мое мислење книга со премногу секс и ништо друго во содржината...
Пред речиси месец дена почнав да ја читам Manuscript found in Accra од Паоло Коелјо и никако не можам да ја довршам. Ме тера на спиење. Книгава е всушност збирка на поучни приказни. Се работи за период кога Ерусалим е нападнат, а дел од луѓето треба да останат да го заштитуваат иако знаат дека ќе изгубат, а останатите ќе го напуштат градот. И сега собрани сите на купче му поставуваат прашања во врска со животот и сл. на член на Копската православна црква (Copt orthodox church стои во книгата) и тој им ги одговара со примери и дрн дрн дрн. Солење памет. Друга книга која што лично не ми се допаднала баш, а се наоѓа на листата најдобри книги за 2013 година е Life after life од Кејт Анткинсон. На оваа книга исто така заспивав од што ми беше интересна. Се работи за девојче кое што се раѓа и веднаш умира од задушување. Па пак се раѓа и повторно умира од друга прична. Па после од трета.. па десета.. бесконечно многу пати. Што многу ме иритираше во книгата е следново. Главниот лик е девојчето Урсула, а неа ја споменува авторката само на почетокот кога се раѓа (секоја нова глава во книгата е нова реинкарнација) и на крајот кога умира. Во меѓувреме им обрнува внимание на другите ликови кои што не се посебно интересни. Мислев дека книгава ќе биде повеќе за Урсула, за реинкарнацијата, неочекувани пресврти, мистика малку. Ама ништо од ова. Едвај чекав да ја дочитам. Дан Браун лично не го препорачувам. Од него книга која мене ми била интересна е Digital Fortress, а Ангели и демони и Кодот на ДаВинчи толку ми биле досадни што веќе не се сеќавам на содржината! Следниве само ќе ги набројам: Star gate conspiracy, A Garden in the rain, Texas! Lucky, The wasted years ми биле ептен досадни и не ми се дочитани. Не сакам времето да го трошам на не интересни книги и на сила да ги читам. Дефинитивно не ги препорачувам сите тие книги за само мотивација. The secret на пример. Уште ги жалам тие 600 денари кои што ги дадов за книгава, сериозно!
50 Нијанси на Сиво - Одвратна реализација на добра идеја. Светот ментално се наруши со читање на ова книга и мислење дека е океј некој да се однесува како да те купил, да те следи, да те контролира а ти да си мислиш: „вауу колку е овај заљубен во мене“ Сите книги на Марко Видојковиќ - Ги прочитав сите шо ги има напишано (негде 6-7) од простата причина шо морав да видам до кај ќе оди. Не ми сметаја пцовките на секоја страна, експлицитните сцени и сл., туку ми сметаше фактот шо во суштина книгите се на граница со ненормалност и не мислам на онај убав, возбудлив вид. Авторов е толку далеку заминат шо упорно тврди или се убедва себеси дека то шо го пиши е нешто сензационално, ко уствари не е. То шо го пиши можи секој да го измисли доколку доволно се издрогира. Шагринска Кожа - Оноре Де Балзак - Катастрофална досада.
Втора шанса-Даниела Стил 5 дена во Париз-Даниела Стил Книги кој никако не ми беа интересни,можеби не бев дорасната да ги читам или не им ја сфатив поентата. Како и да е,не би ви ги препорачала.
Никако не би ја препорачала "Ќерката на чуварот на спомените", на пример. Таа прва ми падна на ум, а многу се. Огромна книга, која е токму тоа, книга а не дело, и која ја дочитав само затоа што немам обичај да оставам непрочитани книги. Досада, досада...празнина, напишана само за да биде издадена. Книга за тренирање трпеливост или евентуално да се прочита од опклада. Потоа не би препорачала ниту една книга од Трејси Шевалие, ниту една од Гијом Мисо. Треба ли да кажам дека тука секако спаѓа Соголена пред тебе која ја оставив некаде кај седумдесеттата страна. Трпев, трпев а потоа сфатив дека не сум должна да бидам спроводник на книжевна канализација. Со други зборови, отпад. Гледам дека на овој форум повеќето што пишувате сте многу млади, а мислам има и доста тинејџерки. Како постара од вас дадичка од срце би ве советувала: внимавајте. Не секој куп хартија грижливо укоричен претставува книга.
Засекогаш - Сузана Тамаро - подосадна книга нема да прочитате. Можете да ја читате пред заспивање, одма делува
1.Девојката со бисерна обетка-Трејси Шевалје -Многу досадна и монотона,да не речам бесмислена книга.Ме одврати да земам нешто од истиот автор. 2.Автостоперски водич низ галаксијата-Даглас Адамс -Како љубител на галаксијaта и научна фантастика,книгава многу ме разочара. 3.Брида и Ракописот од Акра-Пауло Коелјо -Искрено,го ценев авторов порано и имам бајаги книги прочитано од него,но како што минува времето неговиот стил останува ист,па скоро сите книги му носат иста порака и се тотално слични една со друга. И сите книги од типот на 50 нијанси сиво.
.Aлехемичарот- Пауло Коелјо Толку фама се крена околу книгава а не е ништо посебно, никаков впечаток не ми остави.
Marina - Zafon Nesakav da ja ostavam i se iznamaltretirav dodeka ja procitav.Sega mi stoi vo licnata biblioteka i koga ke ja vidam me nervira. Da ja dadam za donacija nemozam zosto koj razbira makedonski, da ja frlam nemozam srce ne mi dava da frlam kniga ( i leb).
Скоро се` напишано од Бернхард Шлинк. Очајно се обидува да го покаже своето енциклопедиско познавање, но веќе во третиот пасус се губи во поим. Можеби има енормно знаење, но не знае таа мисла да ја срочи за обичниот читател.
Идејата, сторијата се добри, начинот на кој се пренесени е слаб. Мислата не му е конкретна, кога го читав, имав чувство дека нон стоп ме растрнува од едно на друго место, сакајќи да ми докаже колку е писателот начитан и демек умее да напише книга. Некои тоа го викаат претенциозност, можно е и така да се нарече.
Кога велиме не ни се допаѓа оваа книга мислиме на стилот. Сум читала различни стилови. Со некои тоа оди толку лесно, неизвесно, оа не можеш да ја испуштиш од рака додека не ја завршиш. Со други тапкаш во место, досадно, те исцрпува, едвај го чекаш крајот, или не го дочекуваш. Мене пример Коељо не ми остави добар впечаток. Не знам што толку е прочуен, познат, на секоја и е омилен автор колку да биде ин. Еве, Единаесет минути, во средно сите лудуваа по книгава, што потајно сакав да ја имам и јас. И не само да ја прочитам, туку и да ја имам во мојата домашна библиотека. Се покаав уште одма. Сфатив дека тоа што во книгава постојано се зборува за секс што трае 11 минути им било забавно. Поента нема, впрочем како и другите негови книги како да немаат крај, на крајот се чудиш зарем вака заврши; Смарагдна земја, не ми се допадна, не ја ни дочитав. Премногу научна фантастика, а тоа дефинитивно не е мо вкус.
„Побарај го моето лице“ - Џон Апдајк и „Збогум Колумбо“ - Филип Рот. Хипстерана. Не ги ни дочитав до крај.
Сеќавањата на манастирот - Жозе Сарамаго Катастрофа од книга... Прво помислив дека не е добар преводот, но по неколку страници сватив дека стилот на авторот е убиствено лош Приказната е убава, но малку се насетува од глупостите што се изнапишани во книгата! Речениците се долги и неповрзани. Една реченици - една страна Инаку, авторот е добитник на Нобелова награда за литература во 1998 година
Да не ве цитирам сите, само една генерална напомена до сите хејтери на Ками и Бекет. Апсурд како збор кој го користиме ние во секојдневието и „Апсурдот“ како поим во делата и филозофијата на овие двајцата и ними сличните воопшто не се поврзани. Читнете, пребарајте, истражете, пред да пишувате глупости .
Белграѓанки од Игор Маројевиќ, ја сфаќам поентата на некои приказни (секоја е приказна за себе) али е права pain in ass. По 10-тици страни, а воглавном ништо посебно не се дешава... Едно те исто... Не е битно колку пишуваш, туку што. Џабе 20 страни, кога си го убил читателот во поим. Некои од нив изобилуваат со вулгарности, и некако искрено ми е како гадна во некои делчиња... И оние што се океј, се недозавршени или немаат баш некоја поента, поука...