Шепнувачот од Карази wannabe Достоевски. Се гледа дека е добар познавач на криминологија, ретко во кој роман од овој тип има толку криминолошки детали. Но од мене минус за книгава од други причини. Spoiler Нема полошо од тоа да го упропастиш главниот лик. Мислам во последните 20 страници, прерходните 500 паѓаат во вода. Писателов пишувал нешто и на крајот пу пу не важи, убиец и шизпфреничар е овој. Па подобро ќе беше него да го убиеја. Трагично, ама подобро. А нема стручњак од област литература што ќе ви каже дека plot twist е побитен од психологија на ликови. Макар и за крими роман.
Zeroes од Скот Вестерфиелд. Книгата се работи за деца - херои, со моќи како: сите да те заборават штом не те гледаат, да контролираш емоции на толпа и сл. Од ист град се, дури и ликовите не се знаат на почеток туку има паралелни приказни кои се спојуваат. Книгата имаше предобра замисла ама многу лоша реализација. Ама пак ме копка да читам и за продолженијата нејзини. Буквално речениците не се предизвик, најпрости реченици се користени низ цела книга, и истата тема која се обработува би сакала да ја прочитам од некој кој би знаел предобро да обработи материјалот. Многу често работите не се дообјаснати и сфаќам да сакаш да наведиш читателот да продолжи да чита ама дај нешто да гризиме, откриј нешто, немој да криеш се и да не разјасниш до последната глава. Да не бев инает немаше ни да стигнам до последната глава. И пак не беше нешто вау за криење до крај.
Lav ya girl 11 минути - Пауло Коелјо Без визуено, сликовите доловен вовед, патешествие на сексуална работничка, ќе се заљуби, но тогаш веќе ќе е богата. Без имагиционен крај за читателите да анализираат.
Пред да заспијам - Стивен Вотсон. Преголеми очекувања-преголемо разочарување. Монотона книга. Секоја глава започнува со истата приказна и нема некоја динамика освен на крајот што е исто така многу досаден.
Jealousy - Nancy Bush Книгава ја купив на еден аеродром за да утепам време додека чекам лет, никогаш претходно немав фрлено пари на нешто толку досадно. Три пати ја почнав, три пати ја фрлив од што воопшто не ме интересираше како ќе заврши, не постоеше ништо што те тера да продолжиш да ја читаш.
Незнам ни дали ја има по книжари ја најдов на македоника онлајн книги се вика Неспокој тотално безвезална, примитивна, крајот ужас без никакво вдлабочување во детали во ликови, време, место како на крајот се на куп да се изнадешава
Еленор Олифант е ОК- Многу досадна, предвидлива, а сепак нелогична. Оркански височини- Не знам дали е до тоа што имав високи очекувања или до преводот. Не можев да ја дочитам, а стигнав при крај.
Серијалот Самрак. Лош превод, неповрзани реченици, ужасно објаснети стории, никаква смисла на одредени делови. Борба самата со себе за да те задржи да читаш.
Ако ја има некој Вероника реши да умре од Коелјо сакам да ја позајмам да ја прочитам, ми ја препорачаа.
Ќерката на дрвосечачот. Толку фалена книга, аматерски напишана, како турска серија да гледав. Не знам што им се бендиса толку, може се соживеаја со судбината на Дана, за мене само потрошено време.... Многу аматеризам низ страниците и редовите.
Господарот-Колм Тојбин. Опишува дел од животот на писателот Хенри Џејмс. Екстра досадна книга, на најдосаден можен начин напишана, пукнав... Погоре некој ја пишал и Шепнувачот- Донато Каризи, и јас така ја доживеав, разочарување. Ај што повеќе пресврти да направиме, поинетресно да биде (не би рекла!)