Рингишил од Јелена Бачиќ Алимпиќ. Покрај сите позитивни критики јас со сила ја дочитав, многу ми беше лоша.
Викендичка со базен - Херман Кох. Ја читам моментално, некаде до половина сум и разочарана. Што е со писателов, што е со книгава, мизогинија ваква досега немам никаде во книга сретнато. Мислев дека книгава е трилер. Тотално разочарување...
На Лиса Клејпас, трилогијата со пролетта, летото и не знам која е третата, ги мам Скандал на пролет и Летни тајни или како и да беше. Предвидливи, едноставни романи, нема заплет, нема неизвесност, со еден збор нема ништо. Лесни романи, разбирам,ама од прва страна да го знаеш крајот, мене ми е ту мач. Ги исфрлив од библиотека и оставив место за нешто посериозно.
На Лиса се пет книги поврзани од таа серија, одат: Лето, Есен, Зима, Пролет и Еден незаборавен Божиќ. Не ги имам читано, ја имам купено само Божиќ и отпосле разбрав дека имало 4 пред неа
Јапонскиот љубовник! Толку фалена, душа ми извади, а многу мразам книга да оставам недовршена, во мегувреме прочитав десетина книги оваа уште ја малтретирам. Ајде содржината горе доле, сепак за вкус се работи, ама некако писателот како да нема речник, лош начин на изразување, начинот на пренесување, не успеа да ме внесе во приказната. Некои реченици кога ќе ги прочитав едноставно превртував очи и читав само да стигнам побргу до крајот и сеуште не сум дошла. Најверојатно ќе прочитам уште 20 книги и во мегувреме ќе ја дочитувам затоа што не сакам да оставам така книга без крај.
Читав една книга поезија Дождови од локална и непозната авторка од Куманово. Прва грешка, книга поезија Дождови има, ама ја издал великан како Матеја Матевски. Има и проза, раскази со наслов Дождови. Тоа е некој вид ненамерен плагијат на наслов, ама од незнаење и нечитање. Внатре жаргон, србизми, грешки со интерпункција, слаб речник, едни исти зборови, слаб израз со по некоја метафора. Друго, да си пишеш за себе дека си писател, треба да имаш и објавени дела проза, а тие што пишуваат поезија се викаат поети. Не земам веќе шунд книги оставени на маса во библиотека. Сте го спомнале Бобан Богатиновски во темава. Романите ги немам читано, но имам читано две книги поезија, од кои едната ми се допадна, а другата не. Коелјо има две добри книги, другото е шлепање на стара слава. Што потазе, тоа полошо. Читам, не знам што читам од што е нејасно.
Јас лично, не би ги препорачал речиси сите тековни бестселери од белетристика, особено трилери, речиси сите книги од популарна психологија (Главно овие автори имаат други книги кои им се помалку популарни и повредни. За еден психолог да е вреден и пред да стане популарен морало многу нешта да помине)... И да читате бестселери препорачувам да се читаат откако ќе станат непопуларни. Тогаш се гледа нивната вистинска вредност. Добриот вкус секогаш е мрежа од тоа што вас ви создава криза на идентитет и ви го редифинира вкусот или придонесува кон знаењето кон одреден домен на светот, особено такви што ви го менуваат вкусот. Тоа значи дека допреле нешто во вас што сте го имале, но не сте биле свесни за него и некој тоа знаел да го артикулира низ зборови, а не тоа што некој го препорачал во рефус, зашто тоа му одговарало и опфатил голем дел од публиката, главно литературни агенти, издавачки куќи, писатели кои пишуваат за да бидат читани создавајќи ефект на популарност (што главно се прави со поттикнување „скандал“ или „оригинално“ поврзување на нештата на основа на тековни трендови - скандал и оригиналност во систем што не прифаќа исклучоци, и каде сѐ е измерливо, е лага!), друштва на писатели ( кои се интересираат за книги како да продаваат сапуни или чорапи или кој да се добере до повисока позиција зашто тоа му носи поголеми привилегии надвор од авторството), а не зошто така мислат и чувствуваат на основа на своето искуство. Огромното мнозинство на „успешни“ и „популарни“ писатели, денес се рекламни агенции, доволно е да им ги видите профилите на социјалните мрежи, и следствено креативноста и доброто изразување страдаат, а создавањето на нов увид во човечкото искуство е во втор план.. Има исклучоци се разбира, но се многу, многу, многу поретки отколку што се мисли. Дури и тие што се сметаат (себеси) и важат за исклучоци (другите ги сметаат за такви). Штом некој станува хиперпопуларен,а е скорешен автор, значи полето на производство на книжевно дело, веќе било презаситено од претходни претстави за тоа што е „исплатливо“, вреди да се биде сомничав во однос на неговиот квалитет како автор , за индивидуалниот читател. Секако, да продолжите да читате, тоа е многу, многу важно. Но, избирајте мудро. Патот до добрите книги е различен за сите, во таа насока не би генерализирал. ** За луѓето што сакаат да читаат за да читаат, и да не „вртат“ на социјални медиуми, или да „одмараат“ од светот, да читаат на „на плажа“, или немаат амбиција да читаат не знам колку квалитетна литература, имам разбирање, и тоа е сосема легитимно. Ова погорното не се однесува на нив.
Кафе-муабет со себеси - Кристен Хелмстетер Книгата е изградена околу една едноставна идеја: зборувај убаво за себе секое утро додека пиеш кафе. Тоа е супер концепт, идејата за позитивни афирмации додека пиете кафе е интересна, но проблемот е што таа идеја се вртка во круг низ целата книга. Реално, книгава може да се сумира во една статија или блог пост, наместо да се развлекува низ цела книга. Ништо револуционерно, ништо ново, туку само прераскажување на концепти што се добро познати. Наместо да навлегува во подлабоки психолошки или научно поткрепени техники за самодоверба, таа останува на ниво на афирмации и позитивно размислување. Плитка и досадна – без да се каже нешто суштински ново. Ако веќе сте читале книги за личен развој, оваа ќе ви биде изгубено време.
Непосредна опасност - Вилбур Смит Книгава веќе некое време ми стои во библиотека, ја земав на времето од Матица на српски и се мислам дали да им ја дадам на препродавачите на книги за бесплатно, но од друга страна зошто некој друг да се нервира од содржината, подобро е директно во канта да иде. Се работи за наследничка на нафтена компанија, Хејзел, секако доста успешна и позната и boss bitch, све нај нај, чија ќерка ја заведува тип кој всушност ќе излезе дека е сомалиски пират, кој ја киднапира и ја користи за откуп на милиони долари од мајката. Госпожата заедно со шефот на обезбедувањето, Хектор (и он све нај нај) ќе организира потрага по ќерка и, во меѓувреме ќе и пратат видео каде што ќерката поминува низ незамисливи нешта за да ја принудат мајката да им плати, а госпожата само еден краток момент се ужаснува и се разгневува, за кратко после тоа, за да се опушти од сиот тој стрес нели, со Хектор имаат пикник на плажа, па вечерно пливање, па водат љубов... Расплет: И после следува филмско ослободување и решавање на главниот злочинец, по што со ќерка и, истрауматизирана до бескрај од се што прошла, овие двајцава идат на прием со еден куп големци, па уште и принцот Филип (да, тој Филип што и е маж на кралицата Елизабета) се шали со Хектор дека е прав мангуп што ја освоил дотичната, па уште и ја тераат кутрата ќерка да се дружи на приемов, ко демек тоа ќе и помогне во надминување на се. Spoiler alert: ќеркава после све што проаѓа ќе почине, ама fear not! Госпожата Хејзел е трудна од Хектор и почнуваат нов живот и оди на гробницата на ќерка и каде ја испраќа со ангелите и со порака да не се грижи, сега е се во ред и тоа е крајот до кој едвај дојдов бидејќи ја земав за на плажа и ја читав колку да ја завршам. Препотентни умислени ликови без никакви емоции и карактер, напишана ко евтин акционен филм од чкљ категорија, да ми извини авторот.