Страствувањата... ми е за следна лектира откако ке ја завршам страдањата на младиот вертер.. За што е впрочем таа книга?? не го свакај ова како навреда,можам и за себе да го кажам,понекогаш се случува да не сватиме некоја книга и одма ја рангираме за досадна или неинтересна..да не не си ја сватила?? позз =)
Нема зошто да се навредам,веќе реков,тешко се сфаќа...и многу глуп стил незнам... Инаку тој Чајлд као изрод е нешто од фамилијата,сите се културни,угледни,а тој го сака ноќниот живот,се забавува со разни жени,скита,неозбилен е,неможе да седи во едно место.И после он ја напушта својата куќа и патува со брод...Е после само пишува дека тој е надвор од бродот,а многу е нејасно каде е.Се спомнува Шпанија(инаку Чајлд им се восхитува на шпанците),но се спомнува и Албанија.....стварно незнам каде е Мала е книгата...Воглавном на крај тој кажува како Албанија е многу убава земја,ги сака нивните обичаи,но ја мрази и ја обвинува за се што се случува во Атина(Чајлд е од Атина)...Ете тоа го сфатив од книгата.Читај па ако сфатиш нешто повеќе пиши баш ме интересира.Јас имав 25 книги да прочитам за недела дена,па можеби и не сум обрнала доволно внимание. А Страдањата на младиот Вертер многу ми се допадна
После вертер ја читам таа чајлд... Вертер се мислев дали на англиски да ја читам пошо викаат тапа била македонската верзија.. али ај више до 50 страна сум, уште еден ден ја довршувам..за сега се нема нешто посебно десено.. у секој случај ке ти пишам поз
Хаааа,па нема ни да се деси ништо посебно и многу е затупено со описи,ама се препознавам себеси во Вертер толку многу ја сака девојката што е покрај неа иако таа е со друг доволно му е само нејзиното присуство.....
Ќерката на чуварот на спомените ја оценив како глупост! Пауло Коељо никогаш не би го препорачала. Пред некое време немав што да читам и другарка ми ми ја даде Одлука од Спаркс. Ајде реков, да видам што се занесени сите по човеков... не видов НИШТО! Никаков стил, апсолутна нула за оригиналност. Калуѓерот што го продаде своето Ферари . Стара филозофија која е толку разработувана, што нема што да се каже повеќе за тоа. Тој напишал книга користејќи ја со векови старата источна мисла, и одеднаш луѓево мислат дека открил нешто ново. А за стилот што да кажам, дете од основно знае да напише поздрава реченица. Истиот случај и со Колиба на Вилијам П. Јанг (мислам така се викаше). За тие модерни психолошки книги - едно големо НЕ! Не ги ни земам во раце, еднаш згрешив со гореспоменатата Калуѓерот. Мислам дека животот е прекраток за да се троши на "чик лит" или некои популарни автори кои пишуваат за да се збогатат и се комерцијализирани поради тоа што лесно се читаат. Неколку сум прочитала, никогаш не сум останала задоволна. Ден Браун немам ни намера да го читам некогаш.
Има доста книги кои ме разочарале. Ама ми требаше повеќе од два-три пати да сфатам дека книгата нема да биде подобра после неколку страници, па сега не ги ни читам до крај ако не ми остават впечаток на почетокот. Не го препорачувам Коељо, ама воопшто не го сакам! И не мислам дека има нешто паметно да каже, ама го форсираат - мислам дека тоа е затоа што книгите му се малечки. Впрочем, сите оние книшки од Ог Мандино, Пауло Коељо и нив слични - книшки за солење памет, како што ги викам јас, се малечки. И глупави, според мене. И баш затоа што се малечки сите ги читаат, никој нема време да чита нешто поголемо. Нема модерен автор кој радо ќе го препорачам - сите ми се исти, никој не ми се истакнува посебно. Дали е до мене, дали е до преводот или нешто друго...
Кога сме веќе кај преводот, не препорачувам ништо од Матица и Култура... Порано сериозни издавачки куќи, сега издаваат нелектурирани драфт верзии. Последно време и Три ме разочаруваат. Такво нешто не смее да се дозволи и јас веќе не купувам од Матица и Култура, освен ако книгата ја прочитал некој кому му верувам, и ми ја препорачал.
Ретки се издавачките куќи кај нас кои јас би ги препорачала. Затоа и не ни купувам веќе македонски преводи на книгите, само ги изнајмувам од библиотека. А ако нешто сакам да го имам, ако го најдам и ако сум во можност, го купувам на англиски јазик, евентуално на српски или хрватски (ама и тие почнаа да разочаруваат со преводите).
Mе потсетивте на Gодо...леле по досадна и глупа книга неам читано а исто и смрт во Vенеција,дефенитивно ни јас не ги препoрачувам.A од Kуејљо ги иам и јас читано Aлхемичарот,11 минути,вероника реши да умре...овие ми се допаднаа но секоја нова е иста и слична со претходната, ја зедов вештицата и не ја ни дочитав така да сега не го читам.
Мене Марсел Пруст ми е меѓу омилените писатели, знаев дека некого заборавив во мојот пост за омилени Циклусот Во потрага по изгубеното време (Една љубов на Сван е втор дел) го препорачувам на другари и другарки само ако знам дека имаат време и трпение за да го читаат... не е за секого.
Последна прочитана книга Мене Бадем не ми остави некаков посебен впечаток. Премногу вулгарна, без никаква уметничка вредност, никаков стил на изразување... Книгава и не би ја препорачала баш.
Последна прочитана книга Да се надоврзам, не би ги препорачала и сите други арапски книги во тој стил, како што е никаде без ќерка ми, ептен се за да ги чита некоја жена кога седи во кујна и чека да се свари гравот
Последна прочитана книга Баш затоа и напоменав дека е напишана да биде бестселер. Не кажав дека има уметничка вредност (факт е дека нема), туку дека и покрај вулгарните делови, можеш многу да научиш за арапската жена. Впрочем, нели те копкало никогаш како тие ја доживуваат сексуалноста и што прават оние похрабрите кои не сакаат да се помират со договорениот брак? Мене од тој аспект ми е привлечна, а не ја препорачувам на никој што не е заинтересиран за жената во Арапскиот свет.
Последна прочитана книга Се согласувам со KuklickaSk дека од тој аспект е само привлечна за откривањето на животот и вовлегувањето во животот на овој тип на жени како што се жените од Арапскиот свет
Последна прочитана книга За жените во арапскиот свет, би ја препорачала Трилогијата за Принцезата Султана, навистина моќно, поучно и квалитетно парче. Илјада неверојатни сонца открива и обичаи и историја, едноставно е сплет на повеќе области и е прекрасна книга, како стилски, така и содржајно. Јас не би ја препорачала Шехерезада заминува на Запад од Фатима Мерниси. (не, не ја купив побогу како и сите други кои се разграбаа како луди, мислејќи на Шехерезад од 1001 ноќ ). Авторката ми е позната и префалена од Соништа за забранетото овошје. Конретно за Шехерезада заминува на Запад, стилот мава на есеистички, ама некако ми се заплеткала со сакам кажам - не знам речам замката. Некако е штура, сувопарна, монотона, не ми носи возбуда, а крајот е... Што да кажам, можеби грешам, жената истакнува милион недостатоци и предрасуди со кои се соочуваат жените од арапскиот свет и Исламот, ама на крај - пак си го брани своето и своите. Мислам, едно е да си горд на потеклото и себеси, а друго е да го ругаш Западот и остатокот од жените, а претходно си навела 1000 аргументи против своите. Малку ми е парадоксална.
Победникот е сам - Пауло Коелјо. Ги имам прочитано скоро сите негови книги и од никоја не можам да се пожалам, сите се неверојатни. Така си мислев и за Победникот е сам. Мајка ми прво почна да ја чита и кога стигна до половина ја остави и ми кажа дека не може да ја чита до крај, не и е интересна. Не и поверував и почнав и јас да ја читам за да на крај направам исто како неа. Едноставно не ми остави некој посебен впечаток, очекував многу повеќе. Но и покрај ова сеуште ми е омилен писател, па мора да има барем едно дело што нема да ми се допадне