Јас малку ке генерализирам, сите бестселери не би ги препорачала,сите се воодушевија од Ден Браун, Коелјо мене не ми се ништо посебно. Не е се во тоа да напишеш книга и да скренеш внимание, колку квалитетна литература има, навистина се срање повеќето бестселери според мене. Исто и некои книги од типот "Моќта на потсвеста" не би препорачала, не знам дали јас имам некој чуден вкус за литература, но мене вакви книги не ми се интересни.
Јас не би ја препорачала Кога лисјата паѓаат. Прочитав две страни од средината и посувопарно преведувано и пишувано немам видено. Катастрофа.
Сум забележала дека на повеќето не им се свиѓа чик литературата. Можеби дека сега е нова и потешко им е да ја прифатат.. Искрено, во моментов највеќе ме интересираат такви и тинејџерски книги. Зашто ме мрзи да се замарам со овие подлабокиве и психолошки книги. Ја имав прочитано книгата Second Chance од Jane Green и знам дека ве отупев веќе со неа ама после некое време откако ми се смирија впечатоците сватив и дека не е нешто посебно. Можеби мислев дека е којзнае што зашто ми беше прва книга на англиски и прва од чик лит. Ама книгата не нуди нешто посебно, ама дека е бестселер и преисфорсирана е. Приказната е океј, на место, дури на моменти има и досадни дешавки. Јас на некои места броев уште колку страни има до завршување на главата.. А и што е работава со авторкава, чепнав уште една книга од нејзе, и таа почнува со смрт.. А јас да се вратам на темата. Извинете на оф топик. Деловите од Нарнија почнуваат интересно, ама како што одат од втората книга натаму се се подосадни и подосадни. Како авторот или авторката, не ми текнува полека да му се исцрпувала инспирацијата и како што одат деловите имаат се помала смисла и поврзаност со претходните. Сум имала и многу други утки, ама не ми текнува точно на делата.
Захир Предосадна книга која за среќа не ја ни дочитав. Сликата на Доријан Греј Книга за која сите креваат фама а е ужасно досадна како книгата така и филмот
„Kалуѓерот што го продаде своето ферари“ - мислам дека ни до пола не стигнав, иако ја купив затоа што насловот ми изгледаше интригантен. Можеби на некого му се допаѓаат делата од ваков тип, ама мене - не. Делата во кои се раскажува за тоа како да го пронајдете својот душевен мир, како да ги решите проблемите и слично, мене не ми се интересни. Повеќе сум за возбудливи авантури, дела во кои има некакво дејство, заплет, кулминација, настани што ме држат во неизвесност.
Никако не би ја сместила Дорјан Греј во оваа категорија..мене книгата, а и филмот ми беа страшно добри...книгата не е воопшто досадна,туку поучна и одлична.Ама секој има свој вкус...сепак ако оваа книга ја сместуваш во оваа категорија,која би ја ставила во тема „Книга што ја препорачувам„? Инаку да не сум офф јас не би ја препорачала Опасна желба-Аманда Квик...сите дела што ги имам прочитано од неа ми се тотлана утка
Доријан Греј дефинитивно треба да се прочита. А Аманда Квик, кој сака рилекс на мозокот може да ја чита... Онака лабава е...
Ууу зошто ужасна... мене не ми беше толку лоша.. Има премногу еротски моменти, но поучна е за мајчинството. Инаку е од Кармен Рид.
Она не беше неспособна мајка, едноставно тешко и падна да се сноси со сета одговорност. Се оправи на крајот, а книгата е затоа и интересна за читање, да видиш низ што се може да помине една мајка.
"Водич за животот на феноменалните девојки" Непотребна книга, која воопшто не го задржа моето внимание.
Ја читав летоска на одмор, се заборавив од читање и изгорев на плажа, цело време ме држеше во неизвесност, глава по глава... за крајот да оплеска се! Се разочарав
Сликата на Доријан Греј во никој случај не би ја овде сместила, можеби не си ја сватила вистинската смисла на делото. Тоа е навистина моќно, класично дело, кое има големо значење. Мене ми е една од омилените книги, потруди се да ја сватиш книгата и ќе видеш дека е прекрасно дело.
'' Калуѓерот што го продаде своето ферари '' Дрн дрн јарино - бла бла бла Уф,пукнав додека ја читав А да и една лектира која не сакам да ја смислам '' Сребрените снегови ''
Калуѓерот и јас почнав да ја читам и ја оставив Не ми побуди љубопитност да ја дочитам за да видам што ќе се случи, онака
Тотално се согласувам за оваа. Ни сватив за што се работи ни ќе сватам. Се вртеше во круг, се вртеше и се сврти. Не се знае кој е раскажувачот, на моменти раскажува еден, а на моменти друг. Мноогу беше досадна, ќе умрев додека ја читав.
Наследството на темпларот, последните 100 страни дали беа добри. Ма ни толку, спиев додека ја читав. Читам по 100, 150 страни на ден инаку, оваа ја влечкав 2 месеца Ама не поднесувам недовршени работи и секој ден се терав малку по малку да читам. Оркански височини 10 пати ја почнав, 10 пати стигнав до ист дел и исто толку пати ја оставив.