Да се надврзам. Не ги препорачувам ниедна од оние "водичи"...ко солење памет ми се само, небива тин шема читам Исто во овој дел ќе ја сместам и Будење од Антони де Мело. Како што кажав погоре и оваа ја ставам во оние "паметњакович книги" како да имаме подобар живот, како ние незнаеме ништо, па духовно порнаоѓање бла бла....и фразата "Разбудете се" Пауло Коељо не го препорачувам од причина што и е "омилен писател" на секоја втора тинејџерка. Ако веќе читате од него - Вероника реши да умре и Единаесет минути ми се така поразлични....останатот е се Алхемичарот само со нови ликови и нова локација
Јас сум тинејџер и зборам за луѓето кои ги познавам,не сите,меѓутоа голем дел што читале книги.Пауло Коелјо, не дека го разбираат или нешто слично,слушнале познат е па ајде лајк на фејсбук,ете и апликација,ќе зборам за книгите негови а врска немам итн. Алхемичарот мене лично ми беше досадна
Иако темава е за непрепорачливи книги сепак ќе искоментирам дека не ми се допаѓа ниедно дело на Паоло Коељо,иако сите мои другарки го читаат и сакаат...Мене ми е премногу депресивен,премногу очаен. Не би ги препорачала неговите дела на оптимисти
„Замок„ од Кафка, и со „Процес„ имав маки да ја дочитам, ми беше лектира во средно, ама оваа ја надмина и неа по глупост и апсурдност и не ја ни дочитав.
Ах, Кафка...а мене како ми беше. Кафка е маестрален за оној што има јак желудник. За другите не е препорачлив. Јас дури сега го разбирам, ама мора да имаш теоретска основа, за него, неговиот живот, периодот во кој пишувал и целата таа апсурдност, е дури после тоа Кафка е интересен. Дефинитивно не е за лектира. Сите негови дела се во состојба на полусон, ни јаве, ни сон, апсурден, до некаде сатиричен и единствен.
Исто. Колку бев срекна кога ја купив, едвај чекав да дојдам дома да почнам да ја читам и..... после 15 страни ја затворив и ја подарив на другарка која сака такви книги.
,,Митот за Сизиф или апсурдот на самоубиството,, од Албер Ками ,подосадна книга и подепресивна немам никогаш читано, уште се фрустрирам на деловите каде пишува за апсурдот на самоубиството. И ,, МОќта на потсвеста,, од Џозеф Марфи никако не бија препорачала.Со еден збор УЖАСНА книга,нити ми одржа внимание,нити ми има посебна содржина ,се ми е дрн мрн се што ти се случува сам си го контролираш со мозокот,као демек ние тоа не го знаевме па таа книга ни требаше за да не ,,освести,,.
Крпен живот дефинитивно ...одсекогаш ми ббиле фобија училишните лектири за читање но ова е врв.. знам дека се работи за македонскиот народн но има многу поубави и поинтересни книги за оваа тема.
Девојката со бисерна обетка. Ми ја препорача библиотекарката и нагласи дека моментално била најбарана и најчитана, па очекував нешто посебно и понеобична и се‘ разочарав.
^ И мене крпен живот ми беше интересна.. таму при крајот малку склет ме фати, сакав побрзо да ја завршам (веројатно бидејки ме чека цел куп книги за читање ) но главно интересна книга
По не знам кој пат го пишувам ова на форумов, ама дефинитивно не ги препорачувам книгите на Александра Потер, и не можам да ги разберам оние кои ги пофалија. Искрено, имам прочитано само две, Мојот господин совршен и Внимавај што посакуваш, и ми беа повеќе од доволни за да сфатам колку писателкава нема фантазија, односно има ама е веќе видена, исфорсирана. Бледи приказни, за ликови да не збориме, предвидлив крај, досадни фрази...
Иако моето главно и стално промовирано ,,мото,, е дека нема лоша книга, само различни вкусови, сепак за овие книги правам исклучок... На прв поглед - Николас Спаркс, и немам зборови со кои би доловила колку е лоша книгава... Секоја страна најавува нешто мистериозно и спектакуларно кое допрва ќе се случи и ќе го смени текот, као демек, а не се случува апсолутно НИШТО. За стилот на господинот нема ни да коментирам, тоа е според мене страшен не стил. Се на се, празна книга, многу празна, и тука почнав и завршив со Спаркс. Последниот чај - Винка Саздова, мене ми е толку неубава оваа фалена книга, што еве ја м`кнам секаде со мене и неможам и неможам да се присилам да ја дочитам, а никогаш не сум оставила недочитана книга, притоа, во меѓувреме прочитав 3-4 други, само оваа да не ја читам . Толку претенциозно пишувана книга, толку трудољубиво и грижливо е пишувана книгава, што ме потсетува на некое уредно, трудољубиво, просечно интелегентно третооделенче, кое пишува песничка за во другарче, па бира зборови, па ги мести, па ги сместува, ги разместува, брише, пише... Авторкава освен желба за да напише книга, и некоја незнам од каде извадена тема за самопросветлувањето, нема ништо друго да понуди. Ја замислувам како напнато седи на столче, и не и течат зборовите, туку се напнува, црвенее, пишува, шкрта, се консултира, форсира, ама книга ќе испадне, па мајка Јана...што и се огледува и во книгата, напорна е, напорна... Смрт во Венеција - Томас Ман....лошо, многу лошо...нема ни зборови да трошам
Смртта е непроверена гласина - Емир Кустурица. Книгава ја купив, т.е. ја добив на подарок со таков мерак, едвај дочекав да стигнам дома и да ја почнам. Уште сум на 90 и некоја страничка, значи толку интересни моменти од животот така бедно и сиромашно опишани, парчиња без душа, без никаква исполираност, никаков сплет на зборови... некогаш и простите реченички можат да содржат магија, овие немаат. Многу ми е жал, не можам ни да се наканам да ја дочитам. Мислев дека ќе биде нешто добро во стилот на автобиографијата на Шербеџија - До последен здив, зашто таму мајсторско е пишувањето, на секоја страница ќе ви се оддаде некоја емоција, ќе се натажите, е се насмеете и ќе се расплачете, оваа на Кустурица е камен. Буквално рамнодушни ве остава.
искрено не ми беше интересна....дали дека јас го погрешив тајмингот, ја земав на одмор, за на плажа да ја читам..не знам...сето тоа ми делуваше како сумирани проповеди
Епа книга за на плажа не е, дефинитивно. Ќе те збуни и уште пожешко ќе ти стане Мене ми беше прекрасна книгата, нешто различно од се’ што сум прочитала. Не ја препорачувам Питач пред врата - Таласа Али. Што е работава со шаблонското претставување на Индија во последно време, не знам... Сосема просечно.
па и Необичен заложник од Таласа Али ме остави рамнодушна да ти кажам....дали дека претходно ги имав прочитано 20та сопруга, Празникот на Розите, Под мермерно небо... па се заситив од Индија..не знам
Чуварите на книгата - Џералдина Брукс Љубител сум на вакви книги, но оваа е тотална утка ! Очекував авантури, патување и откривање на нови работи, вистинска историја ! Од возбудливо, во книгава нема ни в. Ме разочара, многу. Ќерката на чуварот на спомените- Ким Едвардс Мене ме привлече насловот. И насловот остана единственото нешто кое што ме привлече. Досадна, непотребна приказна која не го заслужува ни најмалото внимание. Сите психолошки "потикнувачки" книги од типот на Џозеф Марфи.