И двете книги ми се меѓу најомилените и не знам како може на некој да му бидат досадни кога има толку возбуда и поука да се извлече?!?
Извинување до читателите на Николас Спаркс...ама најдосадно нешто што досега го прочитав ми беше Порака во Шише...Можеби не е проблемот во романот....едноставно мене не ми се допадна...Двајца се сакаат и се гледаат на две недели...и на крајот трагедија што не е ништо ново во романите на Спаркс... Исто така не би ги препорачала Девојката со бисерна обетка и Јади, моли се, уживај
Ljubav u emiratima-Исидора Бјелица...книгава никако не ви ја препорачувам, освен ако не планирате да станете вештерки, тогаш е совршена...преполна е со некакви магични ритуали...
Зошто бе досадна Мене оваа книга ми беше ептен добара...потресна и сурово реална, башка вистинска приказна е...треба да се знае што може да те снајде во некоја од овие земји.Јас би ја препорачала сепак до вкусот е Инаку не би ја препорачала Автобиографија на една љубов-Алексаднар Жарден.Ужас, уствари не ја ни дочитав ама толку тупење на едно место ни во една друга книга немам сретнато. Не би ја препорачала и Афера -Аманда Квик, од оваа авторка книгите ми се страшно досадни.
35 мај не би ја препорачала. А замислете лектира за 3-4 одд. е. Единствена книга што сум ја прочитала ,а сега ништо не знам да кажам
Другата страна на тишината. Се трудев и мачев да ја дочитам и на крај се откажав. Нема нешто да ти го задржи вниманието...
Процес - Кафка Книгава психички ме оптерети и на крај пак ништо не сфатив! Залудно потрошено време. Ја читав наводно бидејќи ни беше на списокот за лектири и на крај испадна да ја работиме само еден час и тоа професорката цел час зборуваше, ние да не се мачиме Thanks for the tip
нема книга која нема своја вредност, па дури и била минимална или негативна. зависи како ќе ја искористиш таа вредност.
Секоја прочитана книга има своја вредност, нешто не што баш не се надевате но во одреден момент ќе се појави. Неможам да кажам да оваа беше лоша не ми се допадна и веднаш ќе имаш реплика еј книгата е топ. Понекогаш земаме книги кој се над границата предвидена за нашата возраст (мислев претерана граница) и веднаш имаме бариера во нашето мозоче. Ми се имаслучено иста книга да ја читам во различен период и веднаш да ја осознам пораката која ми ја преточил авторот. Значи неможе дете од 13-15 години да го чита Зигмунд Фројд сигурно нема да ти ја препорача. Кога читам ја читам до крај и потоа го добивам заклучокот дали вреди или не но сепак никогаш не викам лоша беше и не жалам за поминатото време.
A жена во песок само што ја купив од Tедико и и ја дадов на другарка ми на пробно читање и ми кажа дека е shit,да не се трудам да ја читам
А браво! Многу мразам просветителски книги во кои се дрдори за среќата во животот и некои си правила и прописи за посреќен живот надробени во нив
Не знам дали постои некој кој сака самопомагачки книги. Јас само се каам за една книга што ја зедов од библиотеката. Ми ја препорача библиотекарот и не ни можам да се сетам на насловот. Ужасно нешто, а стилот на изразување... own: И оваа од Херман Хесе - Среќен е оној што умее да сака. Мене ми е океј Хесе, ама не ја препорачувм книгата пошо во неа има само досадни љубовни приказни, љубовни песнички и мисли за љубовта. И тоа сите копирани од различни книги. Абе дечки мене ми е чудно, како можете да кажете дека Сликата на Доријан Греј и Шагринска кожа ви се досадни? Оскар Вајлд и Балзак? Е сеа за Шагринска кожа ве разбирам малку, сите романи пишувани во реализмот се исти. И отприлика, на почетокот, едно педесет страни ќе се опишува нешто, ама не се откажувајте. Јас па сакам сите романи да ги прочитам од Човечка комедија на Балзак.
Затоа што те љубам - Гијом Мисо = читаш 290 стр не можеш да се оделиш од книгата, ко хипнотизиран си и од 291 до 300 страна ја оплескува работата максимално и ти иде да ја скинеш книгата Ангел чувар - Куељо = напнаа со човеков. секоја манекенка на FTV вика дека омилен писател и е. а ова му е дефинитивно најлошата.