eве и јас се мачам со ќерката на чуварот на спомените стигнав доо 200та страна и ја читам зашто немам купено некоја друга а еедна од најдосадните книги сто сум ги читала на списокот гги дописувам сите од келјо многу здодевен стил ми има убиствено досаден додека да ја завршиш книгата 100 пати се каеш што воопшто си ја почнал
Само што го видов насловот ми текна на Пауло Коељо, ама сонцичка ме стигнала. НЕ знам зошто и јас губев време со него. Не дека пораките не му се убави, само малку застранува, и таман да ја доловиш суштината на книгата (која веќе ја насетуваш а авторот никако да јакаже) се се испреплетува во детални описи...И книгите на Трјси Шевали зажалив што воопшто ги купив.
Mене не ми се допаднаа од Пауло Kоелјо,11 минути слушнав дека бла добра и ја зедов и не ми се допадна,ја прочитав Брида и таа не ми се допадна,стилот ми беше некако здодевен,а слушав коментар дека биле предобри 11 минути -кога ке се сетам на неа,некако ми се гади и с велам би ја прочитала пак! Hе! Брида-некако слична ми беше на горнава,знам некој ке рече не е иста,но мене ми беше исто нешто да читам Spoiler ја имам победникот е сам,ај ке видам како ке
Покрај „Ќерката на чуварот на спомените“ која ја имам спомнато во темава, морам да се надополнам и да кажам СИТЕ КНИГИ НА ПАОЛО КОЕЛЈО. Ми ја вреѓаат интелигенцијата !! Единствено „Вероника реши да умре“ е океј. Се друго е... А да не ги заборавам и книгите од типот „Моќта на потсвеста“ и книгите за самопомош. Навистина ми е жал што постојат, го вреѓаат зборот „книга“ кој за мене е свет. Ми се од горенаведените.
Грешник - Дејвид Х. Лоренс. Ужасно досадно книга, незнам зашто некој би ја карактеризирал книга што опфаќа тема од психолошки аспект (коментари на кои наидов барајки нешто повеке) кога книгата е само досадна. Жена, заљубена со друг маж..тој не сака да ја ги остави жената и децата.. повеќе ми стои како типична теленовела него ли необична приказна.
ljubov vo vreme na kolera i zlostorstvo i kazna.znam deka mnogu ke me napadnat,ama knigite ednostavno ne mi go zadrzaa vnimanieto.mozebi vo nepogoden period gi citav. a knigite vo stilot na 'mokjta na potsvesta' ne gi racunam kako knigi,tie se ednostavno zbirki od soveti za lugje sto sakaat da smenat nesto vo zivotot.ama uzasno mnogu gi ima [mod-kirilica:2s1etyaw][/mod-kirilica:2s1etyaw]
Никогаш никому не би ја препорачала „Ана Каренина“ од Толстој. Едноставно, не го можам Толстој Знам дека делува лудо, ама......не го можам него, и крај. До тој степен што не можам да прочитам ниту една негова книга било кога понатаму во животов. Не знам ни до 100-та страна дали стигнав со книгава. Такви бајки и идилични ситуаци.... Nope, never ever. So much from me&Tolstoy. For good.
Целокупното "творештво" на Коелјо. Не затоа што е комерцијала, туку затоа што не чини. Просто и едноставно. Знам дека за вкус не се расправа, ама Коелјо баш... Не.
Фотографија - од Пенелопи Лајвли. О колку здодевна книга! Книги што се читаат за да се бориш со нив се: Уликс на Џојс, Бука и Бес на Фокнер, просто непробојни четива. Ги работевме на факултет, што анализа, што презентации и колоквиуми, џабе... Знам дека се дел од големото семејство на книги што треба да се читаат, но дефинитивно нешто што не ми предизвикува задоволство, трајно сеќавање и раскош дека навистина нешто поучно можам да извлечам од таа книга, не можам да продолжам да читам.
Љубовта трае три години.....ми ја препорача библиотекарката феноменална ваква, таква. Глупост невидена. Ова не се Ромео и Јулија....од македонска авторка. Ми личеше интересна-не беше Апсолутно се од Николас Спаркс. Може филмовите се интересни ама книгите се ужас.
Освен алхемичарот на Пауло Коељо, и можеби Вероника реши да умре, друго од него не сум ништо посебно задоволна.
Оваа е од Харуки Мураками, така? Ако може да знам што не ти се допадна во книгата? Не ми е читана, но во план ми е.
Мене ми ја препорачаа оваа книга божем била многу добра и ајде јас земав да ја читам ама прилично се разочарав, почнав да ја читам со воодушевување, многу ми го фалеа авторот, на почетокот е се ок со приказната ама потоа едно дејство се врти само во круг, книгата изобилува со еротски описи особено кон крајот и многу небитни работи, на момент се осеќав како да читам некое еротско романче, главниот лик има се што посакува во животот но пак е незадоволен, ја изневерува жена му со други зени бла бла... можеби тебе ќе ти биде интересна но мене не ми остави некој посебен впечаток, највеќе мразам кога ќе земам некоја толку фалена книга демек од познат автор била и на крај... ништо. Мислам книгава не е којзнае колку лоша, сум читала и полоши ама тоа е моето мислење Инаку да Мурками е авторот.
Смрт во Венеција. Мене ме усмрте со тие описи, и со таа невозможна мрдната љубов и Вероника реши да умре.
До вкус е, сфаќам. Ама ако Љубовта трае три години и Јужно од границата,западно од сонцето се книги кои не би ги препорачале - тогаш што би ни препорачале се прашувам?
Сериозно мислите дека книги како Шагринска кожа, Ана Каренина и Процес од Кафка не треба да ги препорачувате? Сериозно? Јас сфаќам дека се работи за вкус, ама да кажеш дека не чинат овие книги . Балзак, Толстој се имиња кои вредат во литературата. Во ред е да кажеш дека не ти се допаднала, ама не да се сместува во оваа категорија. Тоа е исто како во темата Најлош филм на сите времиња каде ставате филмови кои не ви се допаднале, а нема врска дали филмот има добар кастинг, режија, камера... Така и овде, и искрено ми се крева костата кога ќе прочитам дека Ана Каренина е книга која никогаш не би ја препорачале. Јас би рекла дека тоа се книги кои мора да се прочитаат, исто како што мора да се научи азбуката.
Ниту мене не ми остави некој впечаток љубовта трае три години, можеби затоа што не сакам да верувам во тоа ... и вкус е тоа и такој. Ама сепак има среќен крај, па ете прифатлива е Јужно од границата, западно од сонцето, е таа ми се допаѓа, ама пак до вкус ко што рече драгата ем мила трендафиљ ... Туку, јас ич не би ги препорачала. Крај реката Педра седев и плачев ... и Љубовен живот ... Почнати, до пола стигнати, за нигде ми се, ниту приказна убава, ниту начин на раскажување, ниту внимание да ти задржи, бре се силиш да читаш и пак не можеш да читаш, значи според мене стварно лоши книги. Оваа крај рекава педра, ни под точка разно не ја продолжувам, не знам зошто ама страшно ме нервира ... А Љубовен живот, муки мучам со неа одамна, и ќе ја дочитам оти ми е поклон и има преубава посвета во неа. Па може кога ќе ја дочитам ќе сменам мислење и друга книга која не би ја препорачала ... КОЛИБА!!! Поголема глупост јас немам читано ... Пак е до вкус нели, ама мене оваа ми е прва на црната листа
Овие двете Крај реката Педра.. и Колиба, прочитав 2 страни и ги оставив, не можам бе, глупави се. Убава книга е онаа која уште со првиот збор, првата реченица ќе те привлече да ја читаш. А, не знам што мајка бараат тука Јужно од границата, западно од сонцето, Злосторство и казна, Ана Каренина? Озбилно овие не би ги препорачале? Јас сега ќе ја почнам Процес, за во училиште ми е, па ќе видам каква е.