1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книга која не би ја препорачале

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од aNy-to, 19 септември 2010.

  1. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Тии со сиот ум ова го велиш ?!?! Прости на израз ама мислам дека треба нешто да не си во ред ако Ана Каренина ја споредуваш со некој шантиклерски и шандрлајски романчиња??
    Не го можеш Толстој ?!?!....
    Немам коментари, особено дека ова е наишано од 31годишна личност|( |(
     
    На Cinderfakinrella, De-lovely, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Темјанушките се сини од Џејмс Патерсон

    Ако немате друга попаметна работа, читајте ја книгава. Ме привлече во кратката содржина онаа класика за трилер романите- сериски убиец, психолог форензичар... но вистинско разочарување.

    Романот има 360 страни, а околу осумдесетата знаев кој е убиецот. Срце јуначко не издржа, па го ѕирнав крајот, и во право бев.
    Значи предвидлива, монотона, без некој заплет, а и грозничка (за вампири се збори).
     
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649

    како прво не суди го авторот по една негова книга. Мураками не е Паоло Коелјо или Никола Спаркс! Не дека сакам сега да ве исправам се си е тоа до вкус де, ама јас се почуствував лично навредена :D
    Модерна не знам какви книги сакаш ама смешно е тоа што не ти се допаѓа книгата оди главниот лик имал се што ќе посака, а пак не е задоволен, мислам ... :D смешно е. И лично јас ги обожавам еротските елементи, милион пати се подобри од некои си бош и евтини романтични сцени.

    Луѓе читајте го Мураками!

    и Толстој! :|
     
    На kravce, anneyy, starbucks и 2 други им се допаѓа ова.
  4. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.654
    Допаѓања:
    9.729
    Пол:
    Женски
    Ана Каренина...ја прочитав 2 пати,ми се допаѓа приказната за Ана,и на Кити исто...ама пак си стојам на мислењето дека е ту мач...многу непотребни описи ...пред некој да ме нападне ке кажам дека секој си има право на свое мислење и како такво треба да се почитува.Инаку да продолжам...Керката на чуварот на спомените,Вештицата од Портобело,Шангај Бејби,Оркански височини,Доријан Греј...мислам дека се толку сеа за сеа ...
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    :?
    значи нема потреба да влагам у дебата :emo:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    ^ ^
    :^)
    Озбилно? Не е можно. Гарант омилен автор ти е Никола Спаркс.
     
  7. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    хаха истата фаца ја направив и да ти кажам ме изнасмеа сигурно никола спаркс и е омилен.

    премногу непотребни описи во ана каренина? дали ја свати книгата доријан греј што извлече од неа? дали навлезе во приказната и преубавата компарација на карактери со околината во оркански височини??? леле е неможам :devil:
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.654
    Допаѓања:
    9.729
    Пол:
    Женски
    Старбакс немам ни една книга прочитано од Николас Спаркс а омилен писател ми е Достоевски...и Магнолија ко што напишав секој има право на свое мислење нели или грешам? Јас не ја нападнав форумџиката шо напишала дека Злосторство и казна не би ја препорачала, а мене ми е една од најдобрите книги шо сум ги прочитала ...мислам стварно :roll:
    лелеее е ај стајте ме на клада ако не се слагам со вас...
     
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Освен Злосторство и казна, која друга ја имаш прочитано од Достоевски?

    Го читаш него, му ги разбираш книгите, а овие погоре Ана Каренина, Доријан Греј и Оркански височини не ги разбираш? Е, јас тебе не те разбирам.
     
    На Magnolija и Annath им се допаѓа ова.
  10. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.654
    Допаѓања:
    9.729
    Пол:
    Женски
    Понижени и навредени и Бракјата Карамазови...и јас вас не ве разбирам како мислите дека сите мора да го делат истото мислење со вас :?
     
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    ^ Кога нешто чине и кога нешто е квалитетно и добро постои само едно мислење: а тоа е дека е квалитетно и добро.
     
  12. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.654
    Допаѓања:
    9.729
    Пол:
    Женски
    добро де нека е ајде ок,тоа е ваше мислење
     
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Прво ја прочитав А потоа од Мусо и онака за чекање на аеродром и тепање време не беше лоша.
    И после земав да ја читам Затоа што те љубам абе ужас, уште од почеток ми беше јасно што се случува и празна приказна без смисла, иако повеќето феминки ја препорачаа јас ќе речам НЕ :doh:
     
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    мхм...и ти имаш 22 години ?!?
    ту мач описи во Ана Каренина ?!?
    Достоевски ти е омилен писател а си му прочитала само 3 книги, на кои за жал не се сеќаваш добро
    |(

    ...Спаси Господи људи твоја....(смајлиштосекрсти)
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.190
    Допаѓања:
    56.712
    Пол:
    Женски
    Добро бе луѓе читателскиот вкус се разликува. Некој сака да чита стрипови, некој љубовни романи, некој класици, некому класиците му се здодевни.
    На пример мене ми е интересно да гледам балет, но на повеќе луѓе тоа им е здодевно и не можам од сите да очекувам да го имаат истиот ентузијазам и да ги убедувам дека тоа е уметност.
    Така е и со книгите, секој си преферира нешто различно.

    Ќе се сложам со тоа дека треба со внимание да се етикетира книга со "не би ја препорачала никому", затоа што сепак во неколку наврати беа спомнати книги за кои да се рече така е непочитување на литературата, подобро кажете дека не ви се допадна и готово, но да се разубедуваме на ваква тема е навистина бесполезно и бесцелно.

    Знам и јас да превртам очи кога се спомнуваат Спаркс или Коелјо како омилени автори, ама и да пробам да се разубедувам знам дека нема да успеам. Можам да им зборувам за руски и француски класици и да ги убедувам дека тоа е квалитетна литература, но не можам да направам да им се допаѓа. Како што тие нема да успеат да ме убедат во спротивното.
    Инаку да, не би ги препорачала Николас Спаркс и Пауло Коелјо. :D
     
    На Neytiri, BlackXSs, principesa и 7 други им се допаѓа ова.
  16. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.654
    Допаѓања:
    9.729
    Пол:
    Женски
    мхм...и ти имаш 22 години ?!?
    ту мач описи во Ана Каренина ?!?
    Достоевски ти е омилен писател а си му прочитала само 3 книги, на кои за жал не се сеќаваш добро
    |(

    ...Спаси Господи људи твоја....(смајлиштосекрсти)
    да...реина имам 22 години и аман векје тоа е мое мислење почитувајте го како такво (смајлиштосекрсти) бог да чува и да бране
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649

    Во право си ЛивингГлам, но тука треба да даваме примери и на помлади од нас. Ако некоја девојка или момче, кои се во фаза на развој и ги откриваат своите писателски можности и љубовта кон читањето, не би било убаво да прочитат дека Оскар Валјд, Балзак и Толстој не ги бива! А не сите имаат соодветна литература дома, која би го надградила талентот.
    Еве на пр. тато може да се пофали со солидна библиотека со солидни наслови ( за кој оделувал пари од ужинката за да ги купи) кои можеби се на српско-хрватски јас и како ги впивам. Тој уште како мала ми препорачува квалитетни наслови и писатели. Но не секој кој го интересира литературата има ваква позадина.

    И јас не сакам да мрчам и на некој со инка во глава да му ставам за тоа што е добро или не, но сепак имам некоја надеж дека постојат деца што знаат да ценат квалитет. Повеќе ми е за нив, мене не ми смета којшто сака нека чита. :)
     
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Епа да, баш со сиот ум го велам ова. Едноставно, не ми се допаѓа Толстој, особено Ана Каренина, и тоа е тоа. Се работи за вкус. Дури и на 31-годишни може да не им се допаѓа, знаеш. :^) Без разлика на тоа што „нешто не е во ред со оние на кои не им се доаѓа Ана Каренина“. Тие на крст треба да се распнат, шират ерес!!!! :x

    Ќе те замолам следен пат, ако можеш, да се воздржиш од вакви изјави. Заради тебе, не заради мене.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  19. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.654
    Допаѓања:
    9.729
    Пол:
    Женски
    се слагам со грин ајс ...сепак ова е прашанје на вкус
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Мислам дека треба да се наведува и образложение поради што конкретно и по можност искрено некоја книга не ви се допаднала.

    Кога за одредени дела вистинскиот премолчан во одредени случаи читај меѓу редови одговор Е - ,,не ја разбрав,, нема толку лесно да се набројуваат наслови и тоа насловишта . Ех, да исто причина може за некого е што во книги од по неколку тома и илјадници страни нема фотографии во боја :doh: . Зборувам воопштено не мислам на никоја конкретно да нема непотребни припотресувања :!: !

    И еден најдобронамерен совет кон помладата < 18 год. читателска публика одредени дела кои сега ви се прав терет едно - поради наметнатоста од училишниот систем што сама по себе создава одбивност под дифолт бидејќи е најпрво тоа - наметната, второ - бараат малку поизграден читателски пристап и искуство искрено, навратете им се после 10 или 20 год. - очекувајте голема промена на впечатокот, која може пријатно да ве изненади. Или пак да си го зацементирате впечатокот...

    Разбирам дека еден Кафка кој своевремено бил и останал енигма за генијални мајстори на перото како Хесе и Маркес и Набоков и Ман итн. нема да биде соџвакан во еден залак од тинејџерско мозоче. За мене признавам сеуште Кафка е Вулканец :D ама за инает ќе го препрочитам уште неколку пати... За мој инает да појаснам :!: ...

    Околу сите кои доаѓаат на темава од советодавен аспект не земајте ги овие а приори изнесени ставови како репер на крајот на краиштата создавајте си свои ставови и валоризации!
     
    На Trendafilka, irenna и Mayyya им се допаѓа ова.