Книгава апсолутно без врска, а уште и е дело за IV година. Неверојатно Реков дај да прочитам , да видам што е тематиката, кога читам останав апсолутно вака Spoiler „Странец“
Не ми се верува луѓе. Па не мора на секој да му се допадне Достоевски, Толстој, Коелјо и други автори. Не секој има ист вкус, и исто ги резонира настаните во книгата. Сите овде начитани, препаметни, па сега ќе ставаат на клада ако на некој одредена книга не му се допадне. Ај малце спуштете се на земја, и не туку плукајте по се што на вас ви се допаѓа а на другите не. Па и што ако на некој Спаркс му се допаѓа. Некој сака да чита крими романчиња, некој љубовни, некој чик литература, секој е различен, не? А и пожелно би било конкретно да се напише зошто некоја книга не би ја препорачале. Вака испаѓа дека накратко сте виделе нечија содржина, или пак Ојле Дојле ти кажал нешто за некоја книга, па ти овде продаваш муда. Е ај сега со темата. Не би ја препорачала „Девојката со бисерна обетка“, или пак „Девојката од милион долари“. Не знам за филмовите, али книгиве се и повеќе од преценети. Никакво посебно дејство, се те пазарот, се месото, се сликата, не не и не. „Девојката од милион долари“ е премала книгата, и на кратко и набрзина се прераскажани сите дејства кои се случиле за временски период од неколку години. Јас сакам малку подетално раскажано, да се допре до чувствата на човекот, а не толку провидно.
Џоди Пико-Заедно Дефинитивно не ја препорачувам!Мене ми ја препорачаа како прекрасна книга а уствари по депресивна книга немам прочитано.Додека ја читав цело време некаква тежина чувствував.Сакам претежно љубовни книги,книги кои ме полнат со љубов со позитивна енергија,а оваа
Не би ги препорачала книгите од серијалот Самрак од Стефани Мејер. Искрено, тоа е типична вц-литература, ако имате време за трошење и би го потрошиле на тотална глупост, ова е вистинското решение за вас. Немаат никаква смисла, авторката сакала да направи демек нешто као а у мистика со доза на хумор, па потоа пробала малку и мистерија да внесе, и се испреплетено со секојдневни тинејџерски проблеми претопени во „уметнички“ трагедии. Неуспешен обид за модернизирање и враќање во мода на митот за вампиризмот. По малку емо делува дури. Подобра опција е Интервју со вампирот од Ен Рајс и тоа како, ако до толку ви е дојдено да читате за вампири (барем вистински, колку што може еден вампир да биде вистински).
Дури сега сфатив колку само е во прашање вкус. Еве на пример оваа книга мене ептен ми се допадна, многу интересна приказна и јас би ја препорачала. А дали ги имаш прочитано останатите три дела: Млада месечина, Замрачување и Зазорување? Мене и овие книги многу многу ми се допаднаа и буквално ги проголтав
Калуѓерот што го продаде своето ферари-Робер Шарма. Има изданија каде што е МНОГУ ПОДОБРО обработувана темата. Инаку психилошки роман е. Катастрофа. По досадна книга АМИН. Една нешто е пишувано низ стотина страни, на секој можен начин... Се' едно исто.
Прекрасни коски ( имам кажано во неколку наврати) потоа, Осаменоста на простите броеви ( тука ме разочара карактерот на главниот лик и Сликата на Доријан Греј Леле како бе ?! мене ме воодушеви книгава,..... јес да отупе малку на крајот со судењето ама ја вбрјувам во омилените
Куќата на Ривертон - Кејт Мортон Многу бавно се одвива дејството. Заморна е. Дури читаш за некој надолго и нашироко опишан детал забораваш што всушност беше дејството.
Неможев да се воздржам а да не искоментирам. Знам дека се работи за вкус, некој сака да чита такви, а друг инакви книги, меѓутоа да ја гледам "Странецот" спомнувана тука како глупа книга без поента, досадна, без везе, стварно се изреволтирав. Странецот е една од моите НАЈомилени книги, психолошка, со толку длабоко значење, што на првпат не му успева на секој да ја сфати. И мене не ми успеа. Знам дека е вкус, али сепак...не ми иде некако...и темава искрено ми е без везе, се е до вкус нели, епа тогаш секој може да го спомнува сечие име тука..Иго, Достоевски, Толстој, Иго, Ками.. За мене, не се сеќавам на книга што искрено не би ја препорачала..барем не ми текнува во моментов =)
Тунел од Антонио Сабато. Тука би ја спомнала и Норвешка шума од Хураками, знам дека на многу им се допаѓа ама јас едвај успеав да ја прочитам. Ја завршив само за да не ми остане недочитана, ама со толку маки
"Чекајќи го Годо" Семјуел Бекет - многу досадна за читање, нема никакво дејство, добар пример за антидрама "Шагринска кожа" Оноре де Балзак - има добра поента, но многу е досадна за читање
Јас во никој случај не би ги препорачала тие џебните изданија на топер од Нора Робертс. Ужасни се. Исто мислам дека Спаркс е преценет автор и неговите книги се толку предвидливи, на моменти досадни, што не планирам некогаш повторно да читам нешто од него. Меѓу другите, Полноќна палата - Карлос Луиз Зафон (и двете останати од трилогијата, ги заборавив како се викаа) Италијанскиот секретар - Кејлеб Кар Судбоносна одлука - Даниела Стил Вампирски дневници: Будење - Л.Џ. Смит (Досадна, предосадна. Подобро серијата гледајте ја) ЕДИТ: Сакав да се воздржам од коментирање, ама не бива. „Странецот“ ми е една од омилените книги и тој што вели дека е глупава очигледно никогаш не размислувал, ниту се потрудил да ја сфати книгата. Мене оваа книга ми го промени начинот на кој гледав на животот, се работи за автор кој е добитник на Нобелова награда за литература!!! Не за џабе е ставена книгава во програмата за 4та година, ама ете некој и со 18 години не ја сфаќа...
Најлоша книга Твајлат, многу е празна и без никаква цел. А исто така и Рингишпил сега ја прочитав и воопшто не ми се допадна, ја споредуваа со Ана Каренина ама не е ни блиску до неа