Зависи дали ти се свиѓа жанрот. Не е баш реална, треба да се препуштиш на фантазијата малку. Ама дефинитивно една преубава љубовна приказна, една од моите омилени книги и јас секако ја препорачувам. Почни ја, види како ќе ти оди, а за оставање секогаш можеш да ја оставиш, а да не знаеш што си пропуштила.
Книгата Собибор, ужасна е. Се работи за убиства,бесење,колење...... Грозно,грозно,грозноооооо!!!!!!!!!!
Една преубава книга, многу потресна. греота е да се стави во темава. Разбирам дека е до вкус, ама сепак...
Оние книгине што се за самопомош како кој го здипли моето сирење Ја прочитав експресно не за друго премала е, но искрено бев разочарана. Ај стилот што е катастрофа, па јас подобро би го напишала ми се чини, но толку безкосрисна книга јас немам прочитано, залудно потрошено време, никаква филозофија во книгата,нешто што и мали деца го знаат. Не ми ни текнува за што точно се работеше во книгата,а никогаш не заборавам содржина на книга, па макар и да не ми се допаднала, ама оваа не ни памтам како се викаа глувчињата од што беше глупава. И од истоименот автор Една минута за себе, со тоа што оваа не ја ни дочитав. Ги гледам во Веро ги продаваат и скоро секој се фаќа за нив, не ми е јасно што гледаат во ваквите книги. Имало многу досадни книги кои не ми се допаднале, но за овие две немам ни еден добар коментар.
"Една љубов на Сван" од Пруст.И запнав и одвај ја дочитав.(А ретко мене да им се случи такво нешто.) Нема никакви дијалози, само нарација, нарација и нарација ај одвај тук там се тегне по некој дијалог, ликовите - досадни, снобови вештачки, лицемерни не знам, не можам да ја сварам книгава. Се гледа дека има своја филозофија и длабочина книгава (за они кои успеат да ја сфатат, а богами и да ја дочитаат)- го претставуава човечкиот снобизам на кремот на париските интелектуални кругови зад кој се кријат пороци и стравови, а и самиот Пруст е писател од светски килибар, но... јас лично не би ја препорачала. Spoiler Освен ако сте издржливи читачи.
Книга без наслов - Непознат автор. Јас и моето љубопитство, уште и говорот назад на корицата ме предизвика да ја земам книгата покрај себе. Си мислев дека е нешто поинакво, иновативно, неможев да чекам да ја отворам, а приказната е бетер од стар, евтин вестерн филм. Меѓу другото, не се подалеку случувањата. Сепак, несакам да го потценам трудот на авторот, ама оваа книга нималку не ме воодушеви.. Можеби се е до вкус...
Се согласувам со секој збор. Немојте да ве лаже ѓаволот да ја земете книгата во раце и да си го губите џабе времето. Еве што сум пишала кога сум ја читала. Ако тоа не е доволно еве ви и извадок да се уверите во глупавоста. А за Еквинокс не можам да се согласам, книгата е интересна, го задржува вниманието, би им се допаднала на оние што сакаат трилери и мистерија.
Нека крвави од Јан Ранкин. И запнав и ја дочитав, пошто очекував да се деси нешто повозбудливо. Се излажав по насловот и мислев ќе биде нешто како од романите на Агата Кристи, интересно и да не можам да ја спуштам книгата.
Спомените на розата - Консуело де Сент Егзипери Жената на авторот на „Малиот принц“ пишува за својот и за животот на маж и'. Да знаев дека се работи за афтобиографија (и биографија) не ќе ја читав.
Иииииии зошто вакаааа ? Стварно ме зачуди со постов....мене ми се брои во една од омилените... сепак....вкус и вкус
^ Во ред,знам дека тебе ти е омилена ме цитираше веќе еднаш Зашто бе така?Епа така затоа што не сакам книги кои ми ствараат негативна енергија,не сакам тмурни книги,а оваа ем негативна ем тмурна и мене НЕ ми се допаѓа и не ја препорачувам Друго што сакав да пишам тука,не е секој плиток доколку сака да ги чита Спаркс,Мисо,Д.Стил и т.н.што чита љубовни книги или пак чик литература.И многу вие е дрско кога ќе искоментирате не си ја разбрала книгата и притоа ќе објаснувате колку е добра.Различни читачи,со различен вкус. Да не одам офф многу,мене Последниот чај од Винка не ми се допадна толку многу што не ја ни дочитав.Премногу досадна и тегнета,тегнета до средина ќе стигнеш со читање,а сеуште ништо не се случило.Значи не ја препорачувам.
1. Симона Винчи - Ако некогаш си ме сакал ( насловот ме прелажа да ја земам од библиотека, меѓутоа книгава според мене не вреди да ја влечкаш по пат од библиотека, дома и назад ) 2. Габриел Гарсија Маркез - За љубовта и другите демони ( читав многу убави коментари за книгава, но мене не ми се допадна и не ви ја препорачувам )
Вероника реши да умре. Не знам од кој автор беше, не ми текнува во моментов. Просечна книга, на моменти (повеќе од) досадна