Мене па воопшто не ми пречи вревата, сонцето, водата и си читкам на плажа Оваа година си го земав вториот дел од Самрак сагата "Млада Месечина" од Стефани Мајер и си читкав и во соба затоа што моите баш и не сакаат секоја вечер да шетаат
Без книги на одмор не поаѓам!!! Оваа година земав само една и стопати се покајав!!! Зошто беше една, ја читав само пред спиење, а на плажа морав да се задоволом со судоку!!!
Немам проблем со читање на плажа, задолжително секогаш на одмор земам со мене книга и таа секојдневно е во ташната за плажа спремена како дел од работите кои ми требаат . Е сега, читањето не е онака интензивно како кога би си читала дома на мир на пример, ама во секој случај не е лошо и вака.
Ako si cital kniga na plaza bilo izigravanje fraerluk..hmm Fraerluk e koga treba da kombiniram pivo i kniga. Nemozam da se pofalam ni na pola kako obozuvac na knigi kako odredeni clenovi vo klubceto za citateli na femina ama citanjeto kniga na plaza mi e najubavio moment koj me relaksira voopsto. Obicno ne gi obozavam plazite na koi se odi za da se bide viden,odnosno se prikotvuvam na posmireni mesta.Patem ne samo za citanje,koga odmaram sakam da odmaram. Znaci nisto podobro od citanje kniga na plaza,bez pivo Oti ke zaspijam
Пред некоја година бев во Скијатос со другарки, тие се изнаиграа фризби на плажа со непознати машки, пиеја, се журкаа. Јас најдов една плетена лулашка, ја зафатив цел ден и ги потрошив сите пари за алкохол во една локална книжара таму. И така. Не сум party person, порадо би читала на плажа. Пензионер, што да правам.
Секогаш земам книга на одмор, ама никогаш не ја читам. За книга секогаш има време, ама мирисот на морето, песокот, плажата не можеш да ги гледаш секојдневно. Има еден куп работи што можат да се прават на одмор и плажа, така што читањето може да почека. Можеби ако на плажата само се сончаш и седиш, или ако одмараш во хотелот, јас не сум таков тип, не можам мирно да седам кога сум на место каде што можат еден куп работи да се прават. Инаку обожавам да читам, ама попрво би поминала време во смеење со најблиските и пливање, бидејќи само еднаш се случува тоа.
Често читам на плажа, а особена пасија ми се новелите од Агата Кристи. Толку брзо ми минува времето, посебно ако солирам по сопствен избор. Кога сум со друштво не читам, секако, тогаш има теми за разговор.
Сум зела книга на плажа за читање ама сонцето многу светеше па не можев да читам, светлината ме заморуваше. Така да, овие што носат книги на плажа и ги сликаат и ставаат на Инстаграм тоа го прават за чалам само.
Не, јас само дома читам книга. Кога сум на плажа сакам да одморам од се, да се сончам. Бидејки на плажа неможеш секогаш да одиш, а книга можеш да читаш кога сакаш и во било кое време.
Кога одам едно дневно на плажа и сум таму цел ден, обавезно носам книга зошто неможам да седам долго на плажа па се повлеквам под сенка. Кога одам на одмор не земам книга со мене ,туку првиот ден купвам и ја читам во текот на одморот.
Moze da npisete naslovi na knigi koj gi citate na plaza? Inace na plaza ne citam. Doagam , pravo vo voda, od voda vo prosetka po gratceto, kafance...... Kako i da e plaza ne koristam, citam vo prevozno sredstvo, doma, po cekalni...... Na plaza Ne.
Јас немам проблем со гужвата и редовно читам на плажа, а скоро секогаш си носам по две книги кога одам на одмор.
Јас си носам барем по две книги на одмор, гледам да е нешто полесно за читање, обожавам да си читам на плажа.
Обавезно си носам книга, само претежно читам на плажа. Не ми смета врева, се исклучувам од тоа. Обично носам лесни, брзо читливи книги, најчесто романси
Повеќе сакам да се затворам во соба и да читам. Дури и кога некој збори во другата соба ми пречи, а не пак на плажа каде што има повеќе галама.
Не. На плажа сакам да се излежувам, да пливам, да јадам (овошје) и да пијам нешто освежително, а не да го заморувам моето главче под жешкото сонце.
Си носам секогаш на одмор една две лесни книги или на телефон симнати во пдф формат и си читам. Особено имам читано книги на плажа на одмори кога ми се погодило баксузно да добијам баш тие денови , па на плажа си седам тие денови и си читам книга само на лежалка.