Во последните неколку години овие книги целосно ми го окупираат вниманието и ми се најинтересни за читање. Има многу добри автори кои што пишуваат на секакви теми поврзани со личен развој, почнувајќи од прирачници за конкретни професии, па се до психолошки моменти околу кои што вреди да се замислиш. Оваа тема ја отварам за да ги дискутираме тие дела и да разменуваме книги поврзани со личниот развој. Само да напоменам дека личниот развој не опфаќа само книги како "Богат татко, сиромашен татко" туку и книги како "Сапиенс" на пример, која директно не зборува за личниот развој но од неа сепак може многу да се научи и примени во реалниот живот.