1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книги за личен развој

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од SV1911, 21 август 2021.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    63.015
    Во последните неколку години овие книги целосно ми го окупираат вниманието и ми се најинтересни за читање.

    Има многу добри автори кои што пишуваат на секакви теми поврзани со личен развој, почнувајќи од прирачници за конкретни професии, па се до психолошки моменти околу кои што вреди да се замислиш.

    Оваа тема ја отварам за да ги дискутираме тие дела и да разменуваме книги поврзани со личниот развој.

    Само да напоменам дека личниот развој не опфаќа само книги како "Богат татко, сиромашен татко" туку и книги како "Сапиенс" на пример, која директно не зборува за личниот развој но од неа сепак може многу да се научи и примени во реалниот живот.
     
  2. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    2.303
    Пол:
    Женски
    Читни ги книгите на Лујза Хеј баш се вакви. За личниот развој се и не се комплицирани како повеќето.