Значи, имам слушнато многу различни мислења за овие книги па сакам да ги видам и вашите мислења. Дали се воопшто корисни? Дали некои од вас читаат вакви книги? И ако да, кои би ги препорачале а кои не?
Синоќа баш наидов на еден ваков текст на интернет. KНИГИ ЗА САМОПОМОШ ЌЕ ГО ПРЕПЛАВАТ СВЕТОТ Со оглед на предвидувањата дека депресијата ќе стане најраспространета болест на светот, не изненадува фактот што современиот човек во потрага по одговори се свртува кон книгата, конкретно кон тие што нудат самопомош. Тоа особено се забележува во Велика Британија, каде што издавачите годинава очекуваат пораст на пазарот на книгите за самопомош, пишува лондонски „Гардијан“. Една од најпопуларните книги е „Испитаниот живот“ на психоаналитичарот Стивен Грос, во која тој ги советува луѓето како на вистински начин да гледаат на својот живот. Тоа е само еден во морето од слични наслови. Издавачот „Винтиџ“ одлучи да покрене посебна едиција „Самопомош“, во која освен дела за самопомош, нуди и книги на Џулијан Барнс и Џанет Винтерсон. Делото „Нема од што да се плашите“ на Барнс се занимава со теми како смртта, природата, Бог и детството. За литературата за самопомош пишуваат и публицистичките аналитичари. Овој вид литература е најуспешен во Америка, но трендот се шири и во преостанатиот дел во светот, особено во Европа. - Иако таквите книги редовно се исмејуваат, станува збор за пазар што се шири постојано, пазар за самоподобрување на животот. Тоа што 80 отсто од купувачите на оваа литература повторно се враќа да купува иста таква литература сугерира дека овие книги не помагаат - смета авторката Џесика Ламб-Шапиро. Во својата книга „Ветената земја: Мојот пат низ американската култура на самопомош“ Ламб-Шапиро расветлува значајни аспекти на оваа тема. „Гардијан“ пишува дека издавачите ја нагласуваат интелектуалната вредност на овој вид литература, која се повикува на психологијата, а успешни се и книгите во кои се нуди психичка стабилност и лечење на душата. Но треба да се потсети дека овој вид литература не е ништо ново, бидејќи изразот „самопомош“ е стар дури 155 години, кога прв пат се појавил во насловот на книгата на Самуел Смајлс, шкотски политички реформатор. Тој во „Самопомош“ на луѓето им нуди конкретни совети, примери како да ракуваат со парите, а книгата во текот на неговиот живот се продала во 250.000 примероци. Најмногу книги за самопомош се продаваат во јануари, кој се смета за најдепресивен месец. http://www.dnevnik.mk/
Според мене овие книги дефинитивно се како мелем за психичката состојба, барем јас така ги доживував. Од овој жарн најмногу би издвила три книги кои што мене лично многу ми помогнаа да го оформам своето мислење и мојот личен став. Тоа се : 1. „Будење“ - Антони де Мело ... Не знам колку сте слушнале за книгава но е предобра, и е книга која не се чита само еднаш. Без разлика колку да ја читаш се повеќе ќе наоѓаш нешта во неа на кои ќе се замислиш прво, ќе размислиш и тогаш ќе сфатиш дека е така. Мене личноо оваа книга ми помогна многу. Мислам дека ако бе ше оваа книга јас не би можела да ја видам реалноста каква што е. 2. „Брида“ - Паоло Коељо.... Мислам дека ги знаеме книгите на Коељо, но мене лично многу голем впечаток ми остави оваа книга. Ја имам читано два пати, бидејќи премногу се пронаоѓам во ликот на Брида. 3. „Калуѓерот што го продаде своето ферари“ од Робин Шарма .... Претпоставувам дека сте запознаени со оваа книга и морам да кажам мноогу е добра... Ова се моите три книги кои на некој начин ми се како водичи особено доколку се наоѓам во некој тешка психичка состојба... Можеби некој нема да се согласи со мојот избор но мислам дека доколку ги прочитате ќе ви се допаднат и вас
ПРЕПОРАКА - ми треба психолошка книга, книга која те тера да размислуваш за себе, за своето добро - за себе .............
Ако нешто ви значи, можете Самотерапија за секого од Џејн Рејнвотер. Ја има и на интернет, електронска верзија на српски, а ја има и во Книжажарница Три, некаде околу 200 денари е. Од вистински психолог е, не е од некаков квази психолог или сличен шарлатан како мотивационен тренер или популарен психолог.
"Koj ke place koga tebe ke te nema?" Robin Sharma Celta na naseto postoenje e da ostavime trag zad sebe,kako I da go ziveeme zivotot najdobro sto mozeme.Vo ovaa kniga ima mudri soveti koi ako gi sledite ke vi go promenat zivotot.Nesto slicnl na "Kalugerot go prodade svoeto ferari" "Kako da go dobiete toa sto go sakate" - Jozef Marfi I ova e bi rekla prodolzenie na "Mokta na potsvesta"za toa kako potsvesta moze da ni bide najdobra prijatelka I deka ke ni dade se sto ke pobarame od nea. Isto gi preporacuvam knigite na Lujza Hej
Дали некој ја има на македонски "Како да го излечите својот живот" - Лујза Хеј? Ја барам долг период нигде ја нема и ниту е во план за печатење нови изданија, под знак прашалник е дури и за на саем на книги. Ја имам на англиски во лаптоп но ми треба во вакво печатено, мкд издание. Доколку ја имате или знаете некој кој ја има и би сакал да ја продаде, пишувајте
The Secret - Rhonda Byrne Ја преземав од форумов во пдф ја најдов на хрватски.. Да бидам искрена навистина помага иако на почеток е многу тешко да почнеш да ги менуваш мислите затоа што си се навикнал скоро цел живот (или барем поголем дел од животот) да размислуваш црно и негативно. Меѓутоа со малку повеќе труд се успева и малку по малку се зголемуваат резултатите секој ден.
Те молам постирај ја тука на хрватски или прати ми ја во лична порака. Многу сакам да ја прочитам. Фала онапред!
Ако ја имаш во pdf српската верзија ќе може тука да ја постираш или прати ми ја во лична порака. Thanks
http://www.academia.edu/13694825/Budite_sebi_psihoterapeut_-_Dzenet_Rejnvoter Се извинувам што доцнам со одговорот. Повели и се надевам дека ќе ти користи