Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книги за самопомош

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од ariela09, 12 јули 2014.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.501
    Допаѓања:
    166.008
    Пол:
    Женски
    Тоето. Тој е ефектот. Зато и мислам дека ако некој е на терапија пример, книга за самопомош на почетокот ќе му дај волја да можи да напрај чекор во точен правец. Пошто ако само ја чита и после остава книгата - оди во круг. Ама снагата шо ја дава книгата дур ја читаш, можи да се искористи и да се насочи кон трајно решавање на проблем. Зато и сами по себе сериозно не ги сакам. Ама како помошна алатка можи да се многу корисни.

    Али поќе за овој дел ме интересира шо те цитирам. Имаш конкретен наслов кој би предложиш од него, за да видам шо прај? Звучи интересно, не за друго. :D
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cutepanda5

    cutepanda5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Јас би ти ја препорачала Калуѓерот кој го продаде своето ферари, мене лично ми се допадна. Позитивно влијае.
     
    На cresa-jagoda, Ahoy и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.500
    Допаѓања:
    39.112
    Пол:
    Машки
    Клубот 5 Наутро ја имам само прочитано, сега ги нарачав "Калуѓерот што го продаде своето ферари" и "Кој ќе плаче кога ќе те нема", сигурно си слушнала за нив, многу се препорачувани.

    Предлог: Клубот 5 Наутро :inlove:
    Погорниот заклучок ми е базиран на оваа книга :D
     
    На cresa-jagoda, cutepanda5 и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.092
    Допаѓања:
    87.770
    Пол:
    Женски
    Јас би ја препорачала "Таблета против стравот" од Андреј Карпатов.
    Авторот е лекар,психотерапевт пишува на многу лесен и интересен начин.
    Мене многу ми помогна за стравот од возење што го имам.
     
    На joy1, cresa-jagoda, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Не сум читала ваква книга, но психијатарот ми предложи една. Не се сеќавам на името, но беше со портокалова корица од македонски автор. Па да не знае некој за која книга се работи? И секако искуства ако некој ја прочитал.
     
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Зависи од личноста, од моменталниот склоп на околности и емоционален статус во моментот кога ја чита, од книгата, од содржината... Но пред сѐ, зависи од личноста. Мотивациони книги, за, мене е широк поим, не ги вбројувам тука само Моќта на потсвеста и слични на неа, баш секоја една книга во одреден момент за одредена личност може да биде своевидна мотивација, без оглед на жанрот.
    Конкретно јас од мое искуство можам да кажам дека во период кога сум била емоционално здробена, мотивирачки на мене делувале секакви книги, книги кои ми го задржувале вниманието од проблемите, сеедно дали романчиња или трилери, додека па, во моменти кога сум изгубила родител или бебе, читањето содржина дека - она што ти се случува е само и само производ на твоите мисли - имало контра ефект. Затоа, најважен е тајмингот и секогаш зависи од личноста, од тоа како таа ја доживува и тумачи содржината во даден момент.
    Конкретно лани овој период, читав книги драми со тема втора светска војна, меѓу кои Славејот, Незаборав, Последната пролет во Париз и во моментот кога се случи пандемијата во март, под влијание на тие книги, некако посмирено го доживеав сето тоа, таму сум нашла мотивација.
    Книгите се многу лично доживување за секого, една книга - 1000 читатели - 1000 различни доживувања на истата. Затоа избегнувам да учествувам во дискусии на тема книги, критики, пофалби и особено препораки, затоа што, за некого една книга може да биде лек а за друг отров. Единствена препорака од мене е само да се чита, а секој ќе си ја открие својата вистинска книжевна доза која ќе му биде лек
     
    На Peperutce1115, Dentina, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Читам редовно, но книги со мотивациона содржина не ми се предмет на интерес.
    Единствен извор на мотивација е потребата за промена.
    Сама најдобро знам и умеам како да си помогнам зашто случувањата во животот имаат причинско- последична поврзаност што не се базира на универзален рецепт.
     
    На WildMk и Dentina им се допаѓа ова.
  8. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Не помагаат сите. Многу е тешко да се најде вистинска книга. Моќта на потсвеста е само shit во боја. Глупост тешка. Имам книги за self help повеќе, но не сите тоа што очекував.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    За мене не се.
    Ниту сум читала, ниту некогаш ќе читам мотивациски книги.

    Како што рече @poenta нема универзален рецепт за решавање конкретен проблем.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    12.627
    Сега читам една книга каде се форсира тезата дека не е потребен талент, туку упорност и работа. Не се сложувам. Без талент ништо не бива. Јас може сакам да станам оперска пејачка или сликар, ама немам талент, и џабе ми е било каква работа.
     
  11. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Meне не ми се,ме напнувааат и ме нервираат.

    Додуша само Моќта на потсвеста ја имам читано,ама и тоа ми беше доволно.Ги заобиколувам во широк лак.
     
    На daylight и WildMk им се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Ги сакам овие книги и редовно читам по некоја мотивациона книга. Мене лично многу ми имаат помогнато во размислувањата и прифаќање на одредени ситуации, особено кога сум била во ситуации каде што сум мислела дека немам друг излез, кога сум била анксиозна, депресивна. Овие книги поттикнуваат на размислување за самите себе, за нашиот живот, нашите реакции. Не може да очекувате од една прочитана книга да ви се случат сите најубави работи на светот како книгиве да се магични. Не може да очекувате денеска ако цел ден седите и мислите да одите на летување на Карибите дека магично ќе се најдете таму, тоа е глупост, или денеска цел ден ќе мислам позитивно дека утре ќе полажам испит и утре испитот магично ќе се положи без фатена книга. Се зависи од тоа како ги перцепирате работите.
     
  13. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Па стручна литература за личен развој и добивање на информации за одредени психолошки состојби да, ама њу ејџ книги и популарна психологија тие се тешка манипулација така да не ги читам.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Хм....па не е џабе. Не си посетувала ликовна, ниту музичка школа и не си израснала покрај уметници поради кои би добила желба да се обидеш, затоа мислиш дека е џабе.
    Сите успешни и славни личности истото го кажуваат, дека талент сочинува 10% од крајниот производ, останатото е работа. Би додала и среќа, да се родиш или најдеш на вистинското место во вистинско време, т.е. да те пречека шансата за развиток во посакуван правец.
     
    На daylight, cresa-jagoda, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    43.118
    Пол:
    Женски
    На кратки стази можеби да, но долгорочно не.

    Пример: да речиме не сакам да се хранам здраво, читам мотивациона книга, два дена сум премотивирана, но ако навистина не сфатам зошто е добра здравата исхрана не би продолжила. Наредните два дена премотивирана да станам научник, наредните два да станам хуманитарец, потоа планинар итн.
    Тие два дена сум pain in the ass, на сите ќе раскажувам, само на тоа ќе се фокусирам и ќе се случи реалноста, ќе сфатам дека тоа не сум јас и не е за мене, осеќам некое разочарување, па се' од почеток.
    Истото важи и за мотивациони видеа/филмови.
     
    На daylight и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    12.627
    Мајка ми црта многу убаво, ама јас врска немам. Ако немам талент, ништо не бива. Имам братучед, додека седиме и разговараме, го теравме да не црта онака на шега, и не направи навистина одлично. Замисли тој со 90% работа што ќе направи, оти има талент, а јас ништо. Одев на школо во хор. Едно девојче имаше голема желба, но глас нула, и на натпревари одеше со нас, но си молеше, така и рече професорката да отвора уста и многу тивко да пее. Без талент ништо. Ако е 10-% ок, ама ако е 0% талент, ништо.
     
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Имала желба, ама дали се трудела, дали имала самодоверба, дали имало кој да ја подучи?
    Со работа може да се надмине некој условно кажано поталентиран.
    Познавам луѓе кои пеат помилозвучно од повеќето познати пејачи, па ништо не направиле со тоа, не ги навеал патот до славата.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Јас читам ваква литература и некаде по форумов имав пишано дека ми имаат помогнато.
     
    На cresa-jagoda и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Секоја книга што вам ќе ви отвори нови погледи е корисна за менталното здравје, без оглед дали е мотивациона. Искрено немам против овие книги ништо и ги читам. Тука би кажала дека не треба да се мешаат поимите мотивација со талент и дарба. Иако сите се исповрзани меѓу себе кога станува збор за одредено постигнување.
    Факт е дека секој треба да го чита она што му одговара, точно е дека книгите можат да те мотивираат во одредена мера, но ниту една книга нема да може да го промени твојот животен стил или начин на размислување ако ти самиот не се потрудиш да се промениш и или промениш некој аспект во животот.
    Така да мотивационите книги можат да бидат корисна алатка која би го помогнала процесот, но ниедна не може да направи коренита промена кај никого, макар и 10 пати била прочитана ако индивиудата не преземе нешто во свои раце.
    Знаете, не се' што ќе прочитаме треба да земаме здраво за готово, туку со резерва и проверка, така што нема еден рецепт кој е универзален и ќе им помогне на сите, но и те како можат да ни се отворат нови гледишта и да почнеме да гледаме нешта што не сме ги гледале претходно.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.858
    Допаѓања:
    15.742
    Пол:
    Женски
    Ако сте со дијагноза не читајте.
    Мене психијатарот ми препорача белетристика, а никакви книги за само помош...
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.