Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книги за самопомош

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од ariela09, 12 јули 2014.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.326
    Пол:
    Женски
    Мотивациони книги за самопомош може да помогнат на помали деца и на луѓе кои немаат висока емоционална интелигенција, свесност на некои начин и се подложни на сугестии. Сите работат на сличен принцип, да се засакаш себеси, да веруваш на себеси, да си кажеш ,,јас можам'', да имаш позитивни мисли што и не е некоја наука. Баш пред некој ден дискутиравме со еден другар за ,,моќта на потсвеста'', книгата има толку општа филозофија и навистина не знам како луѓево ја обожаваат и што гледаат во нејзе. Мислам дека не ми треба книга за да ги знам тие работи кои ги пропагира.

    Дури и мислам дека се контрапродуктивни посебно кај луѓе на коишто им треба всушност стручна помош. Онака читаш во книга како некој си го средил животот со тоа што не знам секој ден си станувал сабајле и пред огледало повторувал јас можам, јас ќе успеам, и почнуваш тука да преразмислуваш зошто мене истово не ми успева, зошто јас сум уште депресивен/анксиозен/биполарен. И апсолутно совет од секој психолог и психијатар е вакви книги да се избегнуваат.

    А ако навистина ве интересираат психолошки книги има еден куп стручна литература што навистина вреди.
     
    На blueeparadise и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. Kerim

    Kerim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2020
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    217
    Сите книги кои се наменети за самоусовршување се корисни доколку го применуваме тоа што го читаме. Јас сум зачленета во библиотека и плус имам моја домашна библиотека. Благодарение на книгите за личен развој мене животот во последната една година значајно ми се промени.
    Предлог од мене
    1. Богат татко сиромашен татко Роберт Киосаки
    2. Правилото на 10Х Гранд Кардон
    3. Бидете просечни или бидете опседнати Гранд Кардон
    4. Калуѓерот што го продаде своето ферари
    5. Лидер без титула Робин Шарма
    6. Патот кон величенственоста
    7. Алхемичарот
    Еве неколку од многуте што ги прочитав јас
    Доколку прочитате ило сте прочитале некоја од овие кажете ми ваше мислење.


    Имам и еден филм што можам фа ви го предложам многу помага за зголемување на верба и остварување на желби. (Пишете ми приватна порака за филмот)
     
    На Cristina Yang, cresa-jagoda и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    12.627
    Алхемичарот ја имам читано, и ми се допадна. Лесен стил, книгата релаксира. Има порака. Пабло го бараше богатството, но на крај се врати на стартната точка, а во меѓувреме стекна големо животно искуство и ја запозна својата љубов Фатима.
     
    На cresa-jagoda и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе, баш истото го мислам дека луѓе подложни на сугестии полесно паѓаат на ова.Е сега мислам дека постојат и попрактични книги за само помош кои даваат конкретни совети, не знам не сум истражувала детално ама имам видено по книжари и мислам дека некои може да се океј доколку ни требаат повеќе вештини за нешто.
    А овие од типот на мотивациски книги, искрено најчесто луѓето само се залажуваат со нив, баш знам личност што читаше точно такви за позитивни мисли и афирмации и скокаше од радост како ја смениле за после некое време да си се врати на истите проблеми.
     
    На theowndemon и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.444
    Допаѓања:
    24.942
    Книгите од овој тип ми се потсетување на корисни нешта. Кога сум демотивирана, недисциплинирана, несамоуверена, нерасположена, очајна, под поголем стрес, тогаш разни работи може да ме потсетат на нешто што веќе сум го знаела, ама моментално сум го заборавила. Како еден вид на афирмација. Исто како што одреден филм или песна може да ме врати назад на насоката во која сакам да се движам, така и ваквите книги, но и книгите општо. Никогаш не можеш да знаеш на што ќе налеташ, што може да го направи за тебе потребниот switch за да се смениш, да се надоградиш, да се подобриш.
    Бидејќи обожавам стоицизам, ќе ја препорачам The Daily Stoic
    (366 Meditations on Wisdom, Perseverance, and the Art of Living).

    И, се сложувам со тоа што Мет го зборува во видеово:



    Џабе само читаш ако не дејствуваш.
     
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Ако не ги употребуваш советите во овие книги во секојдневниот живот, нема да ти помогнат.

    Секоја книга е едукација и многу ценам книги општо. Мислам дека во мотивациони книги, во секоја од нив, можеш да најдеш една реченица која, макар едноставна или позната, баш тебе ќе ти легне на срце и може да ти ги отвори очите кон нешто, да ти даде една нова перспектива.

    Исто мислам дека овие книги треба да се препрочитуваат, и слично на што напишав погоре, на второ читање можеш да најдеш некоја информација што си ја прочитал и првпат ама дур сега има некакво значење и тоа да смени нешто во тебе.

    Мене една од омилени ми е You Are a Badass: How to Stop Doubting Your Greatness and Start Living an Awesome Life. Таа книга толку ме има инспирирано, ми го исцица целиот страв што го имав за иднината и ми потврди дека може да правам што сакам! А за некој може да биде површна и проста. Како што мене ми е книгата The Subtle Art of Not Giving a F*ck. :D
     
    На Sugar Ray, crimson и GirlLove им се допаѓа ова.
  7. Love Elixir

    Love Elixir Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    127
    Немам прочитано, не сум по ваквите работи. Еднаш на ТВ гледав една емисија со мотивациониот говорник, Жарко Костиќ.
    Само јас самата себе можам да се мотивирам, никакви книги, никакви говорници 8)
     
  8. Javorov sirup

    Javorov sirup Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    За сопственото ментално здравје најдобро е обраќање на психолог, тој ќе си процени до каде сме и што ни е потребно. Овие книги самостално за тоа не, ама ако некоја личност има предрасуди за обраќање на психолог и смета дека со читање вакви дела самата ќе си помогне, слободно нека ги чита и практикува за таа намена.
    Ама, ама...сите вакви книги и сите новосоздадени ''мотиватори'' воопшто не се тоа што се прикажуваат дека се, туку служат за собирање пари од луѓе во мака.
    Така што кај секого обраќање за помош не и читање секаква ваква шунд литература не.
     
    На Love Elixir, steela.honey, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    7.546
    Пол:
    Женски
    До некаде. И зависи која книга.
     
  10. Mantisa

    Mantisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Da. Sakam psiholoski i motivacioni knigi. Sekogas me "krevaat"
     
  11. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    Ми треба препорака за моќна психолошка книга, за подобрување на себе си, независност, самодоверба и сл.
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    За малку boost на самодовербата не е лоша „Ти си ѕвер“ од Џен Синсеро. Издание на Сакам Книги е.

    [​IMG]
     
  13. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    674
    Пол:
    Женски
    Каде може да се купи книгава.
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Во книжарниците на Сакам Книги, а и требало да ја има низ книжарниците што соработуваат со нив, ко Антолог, Литература...
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    674
    Пол:
    Женски
    Ок фала ти
     
  16. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    674
    Пол:
    Женски
    Ја нарачав книгата треба да ми ја достават.Ми изгледа и звучи како добра книга.Па сега ке видиме кога ке ја прочитам.Фала ти во секој случај
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Нема на што. :)
    Дека книгава ќе му го смени животот на некој - се сомневам. За тоа треба многу повеќе од книга секако. :D
    Но, како мотивирачка книга за малку да го крене духот е скроз добра за жанрот од кој доаѓа. Навлегува и во некои други работи, дава објаснување за коренот на некои постапки вкоренети во човековиот мајндсет, навистина ми е океј книга од овие.

    Ми текна сега и на „За што зборувам кога зборувам за трчањето“ од Харуки Мураками. Навидум зборува за трчањето и да ако некој не е фан на тоа можеби ќе му се чини бесмислена книгава или досадна. Ама всушност има вметнатно доста метафора преку трчањето за животот, истрајноста, моќта на навиката.
    Спаѓа во мемоари, но тотално може да послужи и како книга за мотивација. Мене баш ми се допадна.
     
    На Cvekarka му/ѝ се допаѓа ова.