Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книги и лектири од средно

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од L0ve, 11 јуни 2011.

  1. StRoWbErrY

    StRoWbErrY Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ај ако ја има некој прочитано „Горски венец“ кратка содржина хитно ве молам :$
     
  2. Shoshanna1

    Shoshanna1 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    47
    Се срамам што ќе признаам. Во средно не читав многу книги и ми е многу криво! Колку добри книги не сум прочитала па тоа не е можно. За "Клетници" ми е најмногу криво. Како и да е, од оние што ги прочитав најмногу ми се допаднаа "Малечката Фадета" и "Чекајќи го Годо".
     
  3. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Сите лектири што биле за обработка ги имам прочитано....жал ми е да избегнам од некоја

    Засега омилена ми е Злосторство и казна-Ф.М.Достоевски и Авантурите на Артур Гордон Пим-Едгар Алан Поиако сите лектири од трета ми оставија голем впечаток...

    Правосудството ги осудува ситните кримилналци, а историјата ги слави луѓето како Наполеон кои се одговорни за смртта на илјадници луѓе.-Злосторство и казна :*
     
  4. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми објасни зошто книгата од Ташко Георгиевски се вика „ Црно семе“? Бидејќи Доне не можел да има деца и бил ќелав ? Доне е симбол на македонскиот непокорлив и издржлив народ . Ама која е поврзаност за книгата да го носи името „ Црно Семе “?
     
  5. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    кои се лектирите за прва година средно (во сите училишта се исти?)ако може некој од вас да ми ги напиши овде :) ќе му бидам многу благодарна ве молам затоа што сакам преку летово да ги прочитам за да не ги читам во текот на учебната година кај за учење па уште лектири ми фалат па и гимназија ќе одам учење до :@ :@
     
  6. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Досега ги имам прочитано, а само што почнав да ги читам за 4та, листата но оние кои ми се допаднале е доста долга, дека проф така ни нуди една прекрасна работа на делата, читаме и критика и разговараме за делото, за содржината, општествени услови, епохата во која е создадено, па се до биографијата на писателот,така во секое дело има нешто што ми се допаѓа
    Па еве да ги издвојам они во кои немало ништо што не ми се допаѓа
    1.Шагринска кожа
    2.Чичко горио
    3.Клетници
    4.Богородичната црква во париз
    5.Злосторство и казна
    6.Хамлет
    7.Божествена комедија
    8.Ревизор
    9.Тартив
    10.Генералот на мртвата војска-исмаил кадаре(оваа е за 4та само што ја прочитав денес)
    Имам ште мноогу да набројувам, за секое дело имам да кажам што ме воодушевило, што не ми се допаднало, но мислењево би било пееедолго затоа доволно се овие топ10 за кои немам никаква замерка :)
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Колку што се сеќавам (одамна беше), ги работевме „Шагринска Кожа“ од Балзак, „Илијада“ и „Одисеја“ од Хомер, Епот за Гилгамеш.
     
    На Dobie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Црното семе е македонскиот народ.
    Романот ја опишува тешката борба на Македонците за докажување на својот идентитет и националност.
    Црно е затоа што низ историјата нашиот народ имал тешка судбина, поминал низ многу страдања и бил под постојано ропство на различни власти.
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    1. Плаут : "Скржавец"
    2. Жозеф Бедије : " Тристан и Изолда"
    3. Оноре де Балзак : "Шагринска Кожа"
    4. Вујко Вања
    5. „Панонски легенди“
    6. Хомер „Илијада“
    7. Софокле „Цар Едип“

    Тристан и Изолда.. најубава ^_^
     
    На Dobie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Девојки кој се лектири за трета година? Ако може некоја да ми каже однапред благодарна :) :lol:
     
  11. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    1. „Малечката Фадета“
    2. „Раскази“ - Е.Т.А. Хофман
    3. „Авантурите на Артур Гордон Пим“
    4. „Горски венец“
    5. „Крвава кошула“
    6. „Две Марии“
    7. „Недоразбирање“
    8. „Ревизор“
    9. „Клетници“
    10. „Страданијата на младиот Вертер“
    11. „Странствувањето на Чајлд Харолд“
    12. „Евгениј Онегин“
    13. „Сердарот“
    14. „Македонска крвава свадба“
    15. „Чичко Горио“
    16. „Злосторство и казна“
    17. „Смртта на Иван Илич“
    18. „Чорбаџи Теодос“
    19. „Печалбари“
    20. „Парите се отепувачка“
    21. „Улица“
    22. „Крпен живот“

    :)
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    За прва година лектири?? :)
     
  13. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    ги има напишано на предходната страна :hai:
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    а како се обработуваат лектирите по гимназиите со раскажување или на поинаков начин? :)
     
  15. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    кај нас овде во Битола ги пишиме во тетратка голема и пишиме прво лектирата и автор,па после белешка за авторот па содржина на лектирата,стилски фигури ако знаеш кои се ги пишиш и анализа на ликовите во лектирата :geek:
     
  16. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Дали Новиот Завет е задолжителна литература за прва година, односно дали и кој дел треба да се прочита?
     
  17. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    Да, треба да се прочита едно евангелие од Новиот Завет, кое ќе ви го одреди професорката. :)
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Едно од евангелијата на новиот завет да. Ние го обработувавме Евангелие по Јован.
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  19. asdfghjkl-99

    asdfghjkl-99 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    да не знае некој линк каде може да се прочита Гилгамеш на интернет?
     
  20. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    „Смртта на Иван Илич“ може некој да ми ја прераскажи на кратко? :$ знам дека ја има на нет раскажана, али некој друг да ми ја раскажи со свој зборови и подетално? :)