Има низ форумов една тема која не е активна, но се вика Приказни за добра ноќ, не ми треба само за добра ноќ, синко многу сака приказни во било кое време. Без сликовници и приказни не спие, еднаш мама, еднаш тато, секој ден се менуваме. А јас кога ке завршам со читање на сликовниците (сам бира секоја вечер), една и му раскажувам (обично некоја од сликовнициве) и бара уште.. Па дали знаете интересни приказни? Освен овие познативе Ивица и Марица, Волкот и трите прасиња, Црвенкапа, Девојчето со кибритчиња, Лавот и глушецот, Мравката и штурецот... сакам некои интересни, поучни, но да се за маливе дечиња, да ја разберат. Баба ми многу ни раскажуваше, но ништо не ми текнува А така ја слушавме без здив, знам раскажуваше многу интересна за мечка и мечиња и таа нонстоп и ја баравме, ама иииич не ми текнува што беше со мечката и мечињата, некоја висока порта дрвена ми е во сеќавање... (ако некој знае ваква приказна, нека ја пише.. може ке ја најдеме вистинската). Ако знаете некоја, ако не ви е тешко да ја напишете или да кажете некоја па да барам по нет... Или да не знаете дали има некоја збирка на приказни за деца да си ја купиме
Син ми исто многу сака да му раскажувамe приказни. Секоја вечер пред спиење, а многу често и преку ден ќе дојде и ќе ми рече да му раскажам приказна. Јас обично му ги раскажувам овие познативе: Црвенкапа, Пепелашка, Палешка, Дедото и репката, Златокоса и трите мечки, Црвената кокошка, Штурецот и мравката, Волкот и седумте јариња, Зајакот и желката.... Имаме многу книги со приказни и со басни но јас секогаш им наоѓам маана на начинот на кој се напишани па најчесто му раскажувам со мои зборови, па си додавам работи, му правам поинтересно, а тој нон-стоп поставува прашања и така си правиме наша приказна со посебни детали. Избегнувам тажни и страшни приказни, а и тој не ги сака. Девојчето со ќибритчиња ми е толку тажна приказна што не знам кој ја напишал за мали деца. Ивица и Марица еднаш му ја кажав и од тогаш се наплаши многу бидејќи е со вештерка и не сака повеќе да му ја раскажувам. Баба ми и нам ни раскажуваше многу приказни ама сите беа со самовили и вештерки, ни беа многу интересни но исто така паметам и многу се плашев и не можев да спијам потоа од нив. Овие претпоставувам сите ги знаете, нема потреба да раскажувам, вака на некој посебна не ми текнува, ама со задоволство би сакала да прочитам некоја нова.
И ние многу сакаме читање. Едни од најомилените ни се приказните со Лина, Томи и Вуфи, во Топер ги има. За разлика од повеќето, кај овие правописот не е толку ужасен, барем мене ми се пристојни и не мора многу да ги модифицирам.
И моиве сакаат приказни. Сликовниците ни се исчитани пречитани, ги знаат и на памет веќе. Јас им кажувам приказни смислени од мене, моментално додека кажувам. Најчесто нешто поврзано за нив, некоја дешавка од дента или иден настан - пример си имала мајката три мачиња/ мечиња/дечиња... па едното славело роденден/имало приредба во градинка/ќе тргнува прваче и сл...и се радуваат дека за нив било Бидејќи тројцата ги интересираат различни нешта, смислувам приказни за едниот со коли, мотори, роботи...другиот со животни, најголемата со барбики, шминки...ги користам ликовите од цртаните кои ги сакаат, често им раскажувам за едно моме ( јас кога бев мала мои вистински дешавки ) и интересно им е а и мене
Во издание на Арс Ламина има книга, „Бајки од Македонија за цела година“. Го имаме претходникот, „Бајки од Македонија“, штета што има само четири приказни, „Девојчето и дванаесетте месеци“, „Момчето што се сокри во златното јаболко“, „Двата цара“ и „Вејко Северко“. Приказните се убави, кратки, ама опфатена е поентата на истите, во план ми е да ја земам и поголемава, што има 52 приказни. Илустрирани се, моиве и двајцата ги сакаат. Ни досадија принцови и принцези Исто ги сакаат приказните за Биби, и за нив морам да кажам едни од посолидно напишаните кај нас во однос на правопис и граматика. Големиов ги сакаше приказните за Лина, Томи и Вуфи, ама кратко време се интересираше. Имаме од повеќето изданија на Арс Ламина, ѕирнете таму, имаат добри книги.
Ние ја имаме мојата голема книга со басни (12 басни) и Најубави приказни за животните (со 4 приказни), убави се и двете и имаме куп поединечни со по една приказна. Многу ги сака Авантирите на Дина и Додо и имаме неколку такви. Имаме и од оние со Пепа Прасе, Скуби Ду, Супермен, со Автомобили една (внатре 4 случки), Еден ден јас ке бидам... исто и таа е доста интересна. Баш сега во Веро разгледував од големите, но на некои такви големи книги не ми се допаѓа илустрацијата... Каде ги има тие @Annath ? А Биби океј се? Еднаш загледав цртан на јутуб каде со Боби се расправаат: Е не, е да, е не, е да, е не не и не и со повисок тон баш се дере И му вика е твојата приказна е многу глупава Не можеле тоа глупава да го заменат со не е убава или не ми се допаѓа твојата приказна...
На Топер и мене најмногу ми се допаѓаат. Ние сите ги имаме тие малечките книгички, Кони изданијата, Рамплстилскин, Сопковска, има многу од тие малите и некако најмногу ги сака. За разлика од Просветно нема толку грешки. Не знам зашто им се такви сликовниците, ама се навистина ужасни. @Lolipop23 девојчето со ќибритчињата не е приказна за толку мали, не знам што ја ставиле. Или онаа за оџачарот и овчарката, ја има во таа книгата со бајки за добра ноќ мислам беше, ги фрлија во оган на крајот, мислам... Не сум за да се заштитуваат премногу децата, објаснувам според нејзината возраст, но што ќе разбере дете од тоа што ги фрлиле во оган да изгорат без некоја посебна причина? Инаку, јас за заспивање и измислив една приказна со кутрето Шарко. Бил овчарско кутре и чувал трло со овци. И секогаш пред да ги пушти да пасат по тревичката ги пребројувал, една овца, две овци три овци... па ќе ги пуштел да пасат и ги чувал да не ги земе некој. И кога ги собирал, пак ги пребројувал, па пак броиме овците, ама една фалела. Отишол Шарко да ја бара, и ја слушнал како вика, ја фатил овчичката волкот. И Шарко зашто бил храбро кутре се борел со волкот, го победил, си ја земал овчичката во трлото и така пак ги броел. И така, некогаш одземам, некогаш додавам, зависи колку и се спие.
@mariz во Literatura.mk ги има, сега само што ја купив, 1500 денари е книгата, има 52 приказни внатре, колку што видов, добри се. Меѓу другото, "Силјан Штркот" ја има, "Момчето и трите самовили" и слични. Ќе сликнам дома да видиш илустрациите какви се. Мене ми се допаѓаат, сега за големиов ми е купена секако, сам чита веќе.
Покрај тоа што секоја вечер ги читаме, пречитуваме и исчитуваме сликивниците,јас смислувам и мои приказни кои исто така ги сака. Најчесто е за син ми и другарчињата (му ги набројувам по име) и секоја вечер имаме различна тема. Одат на рингишпил, на излет, во кино....и додавам поучни детали од типот на каде се преминува улица,како треба да се поздравуваат возрасните и сл. Ги сака многу моиве и секоја вечер бара нова
Имаме стотина книги, читани сите по цели денови па затоа пред спиење раскажуваме како поминал денот. Ама како приказна. Сек8ја вечер различна. Овие бајки ги купивме сите 8 една по една, и стварно се убави.
Јас навечер некпгаш толку сум утепана што никако неможам моја да смислам, мозокот блокиран ми е Дури кога раскажувам некоја без сликовница ми се плетка јазик и голтам по некоја буква или ке заборавам до кај сум Зашто читаме сликовници пред спиење, па гасиме светло и во темно раскажувам некоја приказна, па обично и јас задремувам Ја сакам таа со мечката и мечињата од баба ми, ајде нека ви текне на некоја таква Инаку најомилени му се: Волкот и трите прасиња, Бамби, Дина и Додо и ептен ја сака Хајди (таа сликовница ни е стара уште од мм) и Волкот и 7те јариња. Секој ден мора да има во колекцијата за читање една од овие, а со помалку од 4 не поминуваме, некогаш 10 ке земе.. а јас утепана, па тогаш му викам ајде ти раскажувај некои (па што ме слушал и што гледа на илустрациите испаѓа интересна приказна) Малава сеуште не ја интересира ич, ваљда мала е Сум заборавила синко од кога почна да сака сликовници и приказни...
Моево беше незаинтересирано за книги и сликовници за разлика од мене што секакви имам дома. Е сега веќе подпораснат го интересираат па ќе разгледам што можам да земам
Ние имаме мали сликовнички од просветно дело и Приказни од Езоп исто од Просветно дело.Има многу приказни ама некако ми се за поголема возраст од 3 години. Некои од приказните ми немаат крај .Без заклучок. Слична приказни книги имаме повеќе на германски ама ги читам во себе и ги прераскажувам.Слична е на оваа од Езоп.Многу сака ќерче да и читам и не само една 3-4.После и самата пробува да ги раскаже
Немам мои деца, но чував подолг период и секогаш ми бараа приказни за добра ноќ. На почетокот им ги раскажував тие попознатите но потоа почнаа да им стануваат досадни и си измислував свои(за некои животни, другарства, случки од денот или што и да ми дојде на памет) и после кога ќе ми ја побараа истата приказна а јас воопшто не ни знам да ја повторам истата бидејќи се дешаваше и да задремам раскажувајќи и ми се лутеа како сум ја заборавила и тие ми ја раскажуваа
Исто и ќерка ми сака многу да и читаме,преку ден ,а навечер пред спиење обавезно,дури се лути некој пат ако сме изморени и не можеме да читаме,нема шанси да заспие ако не и прочитам. Ги имаме книги и сликовници еден куп,почна и сама да си ги прередува,а најмногу сака да и читам од истава погоре Џој што ја има "Мојата ризница на петминутни бајки", Најубавите бајки од Браќата Грим,со Пепа Прасе сликовниците,тие од Топер што се од едицијата Пикси,со Кони и стварно многу ми се допаѓаат интересни и поучни,имаме една од Просветно дело и "Приказните од Илијада и една ноќ",не ми текнува други во моментов стварно многу ги има,веќе и сама ги знае да прераскажува, а и јас се трудам да ја потпрашувам дали ги сфатила поуките на крај.И што ми е најсмешно ,кога иде во WC да кака не седнува на нокшир или шоља без две три книги,и во купатило по пола саат чита преку врата ја слушам
Ај ако не ти е тешко сликни ми ги внатре овие големите (по една страна за да ги видам илустрациите) и прати ми ги