Моето ги сака Биби и Боби, сликовниците од Едиција Светулка, Гасеницата Кики, Бувот Оли, Зајчето слуша..
Предлог за книга, сликовница за дете од скоро 13 месеци? Имаме мала со први зборови ама му здосади а ми ја носи и се смее кога му ги покажувам и имитирам предметите у книгата. Нешто слично или дали има такви интерактивни книги кај нас шо се вадат делчиња од книгата?
Има во Тримакс. Немаат доволно инфо на веб страната, но имаат како додатни играчки на секоја страна Има и во Литература и просветно дело. Исто така имаш и на Тему.
Буквално се 365 приказни. Некои се митолошки, дизни. Све има. Ќе ти пратам пвт утре. Буквално душа и вадиме.
Ја имаме и сум прееееезадоволна. Со дебели корици, убава за малите рачиња на син ми , сам си ги гледа сликичките. Едукативна - да можеш да го учиш на првите животни и поими.