Роалд Дал се супер и се за двата пола. Исто и Шерлок Холмс за деца, Мачки детективи и Тото мачката нинџа и Џорџ и големиот прскот. Потоа имаш Дневникот на едно шмокле Макс Крамбли и Дневникот на едно смотано девојче пандани се едни на други. Енциклопедии многу убави има во Академска книга на англиски на различни теми и поопшти. Инаку има енциклопедии во Литература и Тримакс како книги за Психологија, Археологија, Ботаника интересни се.
Decki kazete kade ima da se kupat ubavi slikovnici i knigi za deca do 2 godini i odprilika so ceni kako se dvizat?
Литература, Просветно Дело, Тримакс, Топер. Цените се различни зависи од каква е книгата, кој е издавачот и слично. Сега имаш големи попусти на книги во Литература се наоѓаат книги за супер цени.
Доколку некој може да ми помогне. Пред некое време во рандом книжарница видов Енциклопедија, 3 дела, чинеше околу 6000 денари. Не запаметив чие издание е. Ја барав во истата книжарница, ја нема(тогаш имаше еден или два примероци) не се сеќаваат дека ја имале, а јас сум сигурна. Ако некој на толку малку инфо за изданието може да ми помогне да ја најдам.
Единствено на оваа ми текнува во моментов: Прва училишна енциклопедија | literatura.mk. Има три дела.