1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книги и приказни за деца

Дискусија во 'Дете' започната од mariz, 1 јуни 2019.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.593
    Пол:
    Женски
    На mal.ecka, cresa-jagoda, TutiFuti и 4 други им се допаѓа ова.
  2. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.593
    Пол:
    Женски
    просветно дело и од Младинска книга
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.672
    Пол:
    Женски
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    10.085
    И јас најмногу сум задоволна од книгите на Арс ламина. Прва книга што и ја купив од оваа книжара беше Една лоша маца и многу ни се допадна зашто е соодветна за мали деца што немаат трпение да читаш многу долг текст. И илистрациите се убави. Сега најмногу ги сака Лакомата меца, кучето и зајакот, војската на лавот, жабата и глушецот. Мали огласи се интересни и смешни песни. Исто така илустрациите се убаво осмислени.
    Книгите од просветно дело воопшто не ми се допаѓаат, имаме повеќе ама за сите важи истото приказните се раскажани на досаден начин со лош избор на зборови, искрено мене ми е мачење да ги читам. Може да помине само некоја книга за многу мали деца каде има само слики.
    Книгите за Биби исто не сум воодушевена идентични се со цртаните па не и се интересни. За разлика од нив убава е книгата на Лисичко и Калинка, како за помали деца, има и цд со убави песни. Во издание на книжарница Три е. BB75385C-E6F8-40C6-9566-DB957F1D2754.jpeg A9C3A2AB-F467-4B23-A322-7B37C908097C.jpeg 85B99288-7743-4C61-A788-9EA4572F9CEE.jpeg
     

    Прикачени фајлови:

    На mariz, Majuska83, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.596
    Многу ми е мило за темава.

    Биби и нас не ни се бендиса. Има лоши изрази и зборови и пресокнувам многу.

    Ама затоа овие македонскиве бајки секој ден се читаат. Следна плата ќе одам овие од @joy1 да ги купам.
     
    На mal.ecka, referentka, mariz и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.251
    Допаѓања:
    166.112
    На mal.ecka и mariz им се допаѓа ова.
  8. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    10.085
    Има книжара на ул. Македонија со црвени скали внатре до Просвртно дело отприлика, пулт во сити мол на втори кат, пулт во Веро центар на приземје
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.672
    Пол:
    Женски
    Значи и во книгите има лоши изрази...

    Сега гледам Дина и Додо биле од Арс Ламина, многу се интересни и мислам никогаш нема да му здосадат. Плус се дијалог, па ги читам јас со извици, зачудена... дури и извичник и прашалник вака научивме што се :)
    Баш ке одиме @MissDior да си одбереме повеќе, зашто ептен ми се допаѓа како се напишани.
    Јас и од Топер сум задоволна, па повеќето поединечни ни се од таму.
     

    Прикачени фајлови:

    На mal.ecka, referentka, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.596
    20190604_131319.jpg 20190604_131252.jpg


    Ееее не знам да ги превртам...

    Битно ИЧ НЕ МИ Е ГАЈЛЕ и ГЛУПОСТИ ние дома не користиме и не сакам да учи детето такви изрази.
     
    На tambelina, zuto, referentka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.672
    Пол:
    Женски
    И на цртаните вака се караат... баш погоре пишав, имаше дел каде упорно Биби вика со висок тон (сега баш го гледав на моб), Боби вика: змејовите се лоши... Биби: е не се! Боби вика е се! и пак Биби: е не не и не се! Боби: е се, е се и се! И што ги научиле децава? Да неможат да се договорат и до "утре сабајле" да се убедуваат... Плус му вика: Ај не ми ја расипувај приказната! А он на неа: Ах колку ГЛУПАВА приказна, приказна за девојчиња (facepalm) плус зборови како: ужасен, страшен, лошо, пискаше од страв, ПРЧЛА една (facepalm) ... плус многу: Хм! Уф! Нервозни до бескрај.
     
    На Cka, tambelina, zuto и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.596
    Не гледаме ние цртани, ретко само кога морам да ја чешлам или друга работа што ја мрази и не сме гледале од овие цртани.

    Ја купив книгата од што беше извикана демек ај да видиме, ама грешка е. 20190604_152429.jpg 20190604_152413.jpg

    Овие се добри, за жал нема за други животни.
     
    На Majuska83, mal.ecka, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    јас скоро секогаш измислував приказни кога легнувавме навечер зашто не сака читање ова она а ноќите пред спиење ги завршуваме со разговор па приказните ми се од случки од денот со измислена приказна со цел воспитно образовна едукација. Еднаш се сеќавам му раскажував за дете кое ја искарало мајката и си заминало од дома бидејќи мајка му не му дозволила нешто и така надвор го начекала баба рога го однела во шумата го затворила не знам што.... Поминал шумат кој сечел дрва и слушнал дете како плаче и разговарале и демек детево сватило дека лошо направило тррбало секогаш да ја слуша мајката бла бла и да му помогне да го однесе дома пред да се стемни и да дојде лошата баба рога. И шумарот го зел во камионот слушале музика и го однел дома и дето ја прегрнало мајката плачело и се извинило и раскажало што му се случило и мајката раскажала и си ветиле дека и таа ќе биде добра мајка и детето добро дете. (facepalm) кај ми текна не знам.
     
    На Ladybug98 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Биби е крајно антипатична, јас еднаш ја пуштив од љубопитност, ама... Иритантна е со крескавото гласче многу. Сликовница не би купила па ич.

    Скапи се книгите многу.
    Тие што сакав и од саемот да и ги земам по 800... :(
    Да научи англиски да чита, киндл и купувам и завршена работа. :D
     
    На tambelina, zuto, mariz и 3 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Јас почнав да си измислувам приказни , поттикната од секојдневни лудории на Рефче.
    Читаме сликовници, ги прераскажува и таа ама кратки се,секогаш бара приказна плус.
    Ако во текот на денот на пример се лутела дека не и дозволувам да си игра со нож,тогаш вечерта следи приказна за некое девојче кое сакало да си игра со нож и се повредило,се боцнало со ножето па го носеле на лекар....и така до недоглед со разни гримаси и повишувања на тон кога сакам да нагласам дека нешто е опасно.
    Тематиката секогаш ја одбирам внимателно, и покрај приказната од сликовница ова ми служи како начин на комуникација со детето и мала едукација.

    Иначе ми се допаднаа Вашите предлози за книги со приказни,ќе набавам некоја нова.
    Ако не ви е тешко и цени пишете и од каде се купени.
     
    На tambelina, M&M, marchi-cool и 6 други им се допаѓа ова.
  16. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Темава е супер. На поголемиот син многу му читав, му раскажував приказни измислени за нашето секојдневие и така заспиваше. Имаше една омилена кога имаше околу 3 4години, како бил во шумата, па берел шумски плодови ги ставал во корпата. И броевме така,демек плодовите па после мама правела џемови и сокчиња, па како се качил наголемуот камен. Тоа му беше убаво доживување и обожаваше стопати да раскажуваме. Па едно време не сакаше да се бања, па измислив приказна за девојчето Јана кое правело така и му се направиле црвчиња во газето (facepalm). Имаме и еден куп сликовници, најмногу ги сакаат оние малите со дебели страници, Емил и Руфи, Цистерната Том, Црвенкапа и Волшебникот Оз со 3д ликови ама малечки се. Големиот сега веќе чита сам, ама за моја голема жал повеќе го сака таблетот;(. Е сега за малово ми е болна тема, дали два три паи сум му раскажала приказна(најчесто заспива со татко му јас со бебе сум) .Еднаш измисливме една за зајчето со морковчиња кои му ги зела лисицата и секогаш ми ја бара таа приказна. Сака да ги врти листовите на овие дебеливе сликовници но мислам уште е мал за поинакви,заштознае и да искине лист. Едно време имав идеи да си правиме дома сликовници да лепиме ликови и да измислуваме приказни да ги набоиме, напишеме ама ај може летово ке најдам време.Инаку се зачудив за ова Биби, толку реклама,што ти не а ваков речник???Не би купила. Убаво ме потсетивте после ќе купам нешто ново за малово, да видам во просветно и локалниве книжари. Бебуш го заспивам со Лихнида кајче веслаше, немам сила за приказни засега :D
     
    На tambelina, Majuska83, Ano и 4 други им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Каква литература практикувате за деца од 6 до 7 години? Ние тоа време веќе ни се препорачуваа лекари од оние Зоки поли,касни порасни... Денес децата мислам дека од 2ро 3то одд имаат лектири но за помалите што? Сликовници се веќе за до крај 5 години
     
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.864
    Пол:
    Женски
    Мојов сега за сега си сака сликовници и книги. Сега ни се хит книги за Диносауруси. Купувам книги од каде стигнам. Од стандардниве издавачи јас повеќе ги преферирам Просветно Дело, Топер ми имаат чудни преводи (на пример во сликовници те со Лина, Томи и Вуфи многу реченици имаат англиска структура).

    Морам да признаам додуша дека не му читам многу класичи приказни. Сега ни се хит Дина и Додо. Тие се од Либи и се од македонски автори, а се супер. Биби има некои чудни изрази што не ми се баш како за дете (малку груби, некултурно на моменти) иако детето сега побара па му купивме книга за знаења од БИби а и доби една сликовница на подарок.
    Еве пример од тие за Дина и Додо

    Инаку најдобри книги со најдобар превод што е блиску и до оригиналот ама е прилагоден на македонски јазик ми се неколку преводи што ги има на Елоквента. Сликовниците се продаваат во Икона и не се баш класични приказни туку се со поуки. Ги имаме Замисленото Мајмунче, Елмер, Елмер и Вилбур на македонски и ја имаме Графало на англиски. Од оригиналот до преводот навистина нема разлика. А и детето ги сака. Еве ја таа за мајмунчето.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tukituki

    Tukituki Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    2.426
    Пол:
    Женски
    Ние моментално ова читаме.
    Мали сме за да е ептен заинтересиран (18м),ама една две на ден ќе ислуша.
     

    Прикачени фајлови:

    На mariz, Coco31 и kukla21 им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.672
    Пол:
    Женски
    Леле пред некое време ја зборевме оваа, ја убедував пријателка дека ја има во Просветно дело, она викаше ја немало веќе. Ја има сеуште?? Знае некој??