Во продавниците Светот на Биби едната е во Ново Лисиче кај паркот Јане Сандански и друга има во ГТЦ кај Џино мислам. Дел од книгите има и на штандот Сакам Книги во Капитол.
Може сум ги ставила овие книги, ама сега се конечно комплетни. Ги обожава, интересни се,се учат интересни животни ситуации, и нема многу грешки во текстот. Ги има во Просветно дело, по 100 денари. Ги читаме наеднаш по 5-6. Будат интерес и многу прашања. Е ова ни е откритие. Супер забавна книга, посебно за деца кои имаат милениче или сакаат животни. Ова е прва книга со глави, кои и задржале внимание. Мислам дека бевме први што ја купија книгава, и од саем до сега над 15 пати е читана. Дури и на другарите и ја раскажуваше па морав да им ја читам и нив. Ретко писмена книга за деца.
Не знам дали се за тука овие, не се книги, но се одлични за деца до 6, 7 години. Сите 4 се за помалку од 300 денари, ги обожава мојата. Секој ден решава.
@Cka ќе направам скрин од се и ќе барам. За да му читам нема некој интерес , и не настојувам. Ама тие долу мислам да. Ама ќе пробам со семејствата пред спиење. Едит: вторите од тука се ?
Ние, ама не една, туку различни книги со сите приказни. Оваа што ја имаш ставено се сите приказни во една книга. Ние една по една ги купувавме за да биде и забавно кога ги купуваме и носиме дома, па читаме Приказните се многу убави.
Дали е добра илистрацијата? Дали е колоритна? Мојава ич не сака книги. Со сила и купувам и битам,а она ги кине
Да, има слики цело време. Ама купи една, не оваа скапава, туку од помалите. Повеќе за почеток би зела од оние со животните, па следно ниво овие бајкиве
За деца што сакаат математика и мајки што не можат да седат да пишуваат задачи цел ден. Илјадници задачи, веројатно за прво одд, не сум сигурна. На околу 100 страни, сите полни задачи.
Али експрес, околу 200 денари. Има и поедноставни и посложени да си одбереш. За месец стигаат, ако отидеш сама у поштата.
Не се за прво одделение овие. Односно дел се дел не се. Во прво учат собирање до 20. Па собирање по десетки, па разложување броеви, па удвојување, па преполовување. Овие листови се само механика на собирање и одземање. Програмата за прво е наменета да ги научи децата да го сфатат процесот позади концепт на број, парни/непарни, единици и десетки, собирање и одземање и делумно множење и делење со 2 (ама без тоа да се вика множење и делење), пари, форми, множества и слично.
Фала, не знам што се учи во прво ние ги земавме за да решава сама оти ние немаме време цел ден да пишуваме задачи, а знае двоцифрени да рачуна, ама само собирање. На крај проверуваме само.