Книги и приказни за деца

Дискусија во 'Дете' започната од mariz, 1 јуни 2019.

  1. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    2.940
    Пол:
    Женски
    Болдираното е баш така. Сестра ми почна така со внуката, кога беше прво одд. наставничките на училиште се чудеа на фондот на зборови.
    Многу придобивки има читањето, само да се почне, не е битна возраста, битно е и времето одвоено за нив и начинот на кој се чита. Ана убаво го напиша етапите.
     
    На IRBBB, eta, dromka и 5 други им се допаѓа ова.
  2. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    5.936
    Ја нема на залиха :(
    Дали може да ми препорачаш интересни книги или сликовници за 12 месечни палавковци со attention span од неколку секунди? :D
     
    На Anaksunamoon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    5.769
    Пол:
    Женски
    Сликовници со Биби и Боби можеш да најдеш и во Сакам книги, а исто и Рамстор сум среќавала.
    На таа возраст моите ги разгледуваа меките книги од Топер, некои звучни сликовници од Просветно дело
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    1.843
    Пол:
    Женски
    Еве нешто од нашата библиотека. Фаворит со двете децана таа возраст ни беа Пронајди ме, на Просветно дело, имаат прозорчиња и Аха момент :)
     

    Прикачени фајлови:

    На warrior, MeowMeow, Tiny Love и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.030
    Допаѓања:
    4.877
    Ах, Пронајди ме, ги нема. Ние добивме една од постаро детенце и реков сите ќе ги купам ама нема веќе.
     
    На le.soleil и Anaksunamoon им се допаѓа ова.
  6. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    1.843
    Пол:
    Женски
    Ние имаме две, барав да ги купам и другите две ама не најдов. Мислев дека моментално немаат на залиха.. штета, предобри се за малечки со прозорчињата
     
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.148
    Допаѓања:
    40.511
    Пол:
    Женски
    Убедливо најдобра опција за први книгички. Убава кутија со магнетни затворање. Внатре има 12 книгички по 5-6 странички со основни податоци за соодветното животно. Дебели корици, кутија со прегради за редење, плус дополнителни игри со самите книгички (парови животни и нивните мали, сложувалка...).
    IMG_20230628_210602.jpg

    Има уште една верзија, незнам какви се книгичките, ние ја имаме првата.

    https://toper.mk/zborovi-od-kukjata

    Исто и оваие. 5 книгички во кутија која големиот кога беше мал ги изнаигра додека не се скина кутијата, а книгичките ги имаме уште. Само нашите беа од просветно и се Грдото пајче, Петар пан, Црвенкапа, Книга за џунглата и Пинокио. Исто илустрирани книгички со дебелеи корици и страни и со приказните во кусо издание.

    https://toper.mk/bajki-so-zivotni

    И се разбира стандардните со копчиња со звуци од животни и слично, меките од Топер...

    Инаку и ние на првото почнавме да му читаме од многу рано. Мислам околу годинка беше, ако не и порано. И ден денес сака кога ќе седнеме да читаме иако признавам со бебево малку забушаваме во последно време, ама еве го пркна и тоа па ќе почнеме повторно да им читаме на двајцата. Незнам дали тоа влијаеше или такво си беше детето ама многу рано прозборе со широк фонд на зборови. Веќе околу 1,5 кажуваше по два-три збора и од почеток беше разбирлив (малку на детски, ама сепак разбирлив).
     
    На JoyJoy, Anaksunamoon, MeowMeow и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.030
    Допаѓања:
    4.877
    И јас ги издвојувам овие од топер ама исто и со овој тираж :| само таа со зборови им е останата, другите ги немаат. На другарките им изнакупував пред неколку години, сега за нас нема :(.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.148
    Допаѓања:
    40.511
    Пол:
    Женски
    :( штета, стварно одлично издание. Го нема ни заостанато кај некој од препродавачите?
     
  10. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    4.936
    Пол:
    Женски
    Сосема исто, и јас на првото синче му читав уште како бебе, па после кога почна да разбира повеќе омилени му беа сликовници со прозорчиња за отварање, му пеев и песнички,почна да зборува рано, на 2 години веке разговараше со сложени реченици, на 3 знаеше да прераскаже приказна, има огромен фонт на зборови, разговара како возрасен буквално, сеуште му читаме обавезно пред спиење ако не стигнеме предходно, сега има 5.5 год, не знае да чита, иако има интерес не сакав да го брзам за да учи во училиште,од пред некој месец почна сам да пишува букви, веке ги знае и кирилица и латиница, и пишува едноставни зборови и ги препознава,мислам дека читањето од најмала возраст допринесува за развивање на мозокот.Веке знае сам да измисли и приказна или измислуваме песницки со рима кои ги пееме на бебето, и навистина е надарен што особено ме радува.Е Сега и на бебе, му читам ама не толку како што читав на бато, обично сега читам на големото и двете слушаат, бато е љубоморен и мора него да му се чита.Како и да е, кога ке ми каже мамо читај ми оставам што и да правам и му читам, тоа е наше време и искрено едно од нештата во кои најмногу уживам со децата.
     
    На IRBBB, LivingGlam, eta и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.030
    Допаѓања:
    4.877
    Не сум барала нешто особено, вака во маалскиве книжари немам начекано. Во топер по брза постапка ме откачија дека немало веќе:D.
     
  12. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Кога ве читам како сте им читале уште како мали ви завидувам.

    Малото има 13 месеци, и кога ќе види книга сака да ја разгледа, да ја фати и секако може да ја скини. Имам од меките книги со азбука и броеви, ама многу кратко му се задржува вниманието кога му ги покажувам сликите и после сака сам да ја прелиста, да ја проба...
    Имате некој совет како да му го задржам вниманието или е уште многу мал?
    Не сакам да ги упропасти книгите на брат му, многу си ги сака и чува
     
  13. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    4.936
    Пол:
    Женски
    Додека е помало земај книги со тврди страници, или меки има како сунгерести исто, и оние за бањање шушкави, од нив некои и свиркаат, нормално е што сака да ги фаќа, дозволувај му, не е тоа класично читање да го седниш и саат време да е мирно, туку како игра, јас земам неколку на пример, една ја читаме друга ја пика во уста, пола од тие со тврди листови се изгрицкани од лиги хехе, е сега знае да дофати некоја на бато со тенки листови и да ја згужва ама тоа е. Битно е времето и играта заедно со тек на време вниманието и интеракцијата раснат. Тие што се на брат му книги чувајге ги на др место ако се лути не ги давај на бебето. Јас имам купувано и половни сликовници и книги кои беа буквално нови како од книжара веројатно не се ни отворени, моите се сите со "траги" од читање и ако се, кога ке ги надраснат ке ги дадам на некое дете. Подобро несочувани и исчитани книги отколку нови на полица.
     
    На IRBBB, Kolache na mama, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  14. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    4.936
    Пол:
    Женски
    Иначе за мајки на поголемки дечиња ги препорачувам сликовниците Добри навики, сега тие ги читаме најнови ни се,5.5год има син ми.Од топер се, со многу поучни приказни и примери.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.148
    Допаѓања:
    40.511
    Пол:
    Женски
    Пушти слика или линк од некоја да ги видам. Треба.да обновиме и ние во библиотеката
     
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    4.936
    Пол:
    Женски
    Од топер се, едиција вредности.
    Ги има следниве:добри навики, другарство, храброст, трпение, самодоверба, искреност, простување, бес и караници, и др, само една слика успеав да симнам.
     

    Прикачени фајлови:

    • drugarstvo.jpg
      drugarstvo.jpg
      Големина на фајлот:
      59,4 KB
      Прегледи:
      20
    На Coco31, LivingGlam, Camille84 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.825
    Пол:
    Женски
    https://www.prosvetnodelo.com.mk/Product.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&IdProduct=1208
    Оваа и беше омилена. Сто пати ја листаше, и раскажував приказна според сликите, па после заедно со звуците, баш беше супер, само гледам ценава леле, машала.
    Се сеќавам на прв роденден и ја купивме.
    Гледај слики повеќе да има, и само нека следи по сликите, и малку по малку, секој пат после се големува времето и им е поинтересно.
     
    На le.soleil и tanjaaa им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    @tanjaaa за бебе земи меки книги или тие со тврди корици и на почеток не мора да му ги читаш туку да му ги раскажуваш (односно сам да правиш приказна од нив). Па потоа почнете со читање на книги кога ќе го сфати концептот.

    @macalavica тие на Топер се убава идеја ама преводот е многу лош. Јас имам купено неколку и престанав да купувам.

    Инаку убави изданија за деца од предучилишна возраст за справување со разни емоции има во Литература.
    [​IMG]

    И овие четири сликовници се супер за предучилишна возраст. Сите се со супер графика и супер текст.

    [​IMG]

    И оваа е супер навистина е поучна, а забавна за читање (во пакет со Елмер и со Грдото пајче супер функционира):

    [​IMG]


    Е сега за училишна возраст детево (второ оддееление заврши) многу го сака стилот на Роалд Дал (Огромниот Крокодил ја прочита ептен брзо). Исто така ги сака приказните од едицијата Џеронимо Стилтон. Сега читаме и приличнмо енциклопедии и такци слични изданија (некогаш уште јас читам, некогаш сам си чита). Сеуште пред спиење јас му читам по една приказна.
     
    На Anaksunamoon и tanjaaa им се допаѓа ова.
  19. Pipaa

    Pipaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Мене па во топер ми кажаа дека се чека да се продаде и зборови од куќата па заедно да ги печатат со моите први животни...
     
    На Mucika и Ano им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Мојот ја обожаваше оваа на таа возраст
    https://toper.mk/фарма

    Многу рано почнав да му читам секакви сликовници, приказни, басните на Лафонтен и Езоп (преубави изданија од Просветно). Мислам на 6-7 месеци ги купивме басните. Нормално на почеток само слики и покажување, бебе не може да внимава за повеќе. Ама сега, на 2 и нешто години, кога е расположен книгата со басни на Лафонтен ја читаме од почеток до крај и може уште да слуша ако не го однесам во кревет со триста финти. Раскажува и сам по слики.

    Не е важно колку секунди следат, ќе најдеш сигурно нешто што ќе ги заинтересира на почеток. Таа со фармата на Топер е прекрасна, со реалистични слики. Сите домашни животни, зеленчуци и овошки (и нормално трактори и комбајни :D) од неа ги научи.
     
    На macalavica и le.soleil им се допаѓа ова.