1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книги кои едвај чекам да излезат од печат

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Mishela, 2 март 2021.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    Неделава излегоа од печат дури три книги кои со месеци веќе со нетрпение ги очекував, па ми текна дека за филмови имаме ваква тема, а за книги не.

    Па ете - ја отварам темава за во неа да постираме и споделуваме книги од нашите листи за читање кои сè уште не се официјално излезени и ги очекуваме во секој момент.

    Во последно време и издавачите кај нас почнаа да објавуваат пред време листи со книги им се во подготовка. Еве супер прилика и за сите кои ја следат домашната издавачка сцена и читаат исклучиво домашни изданија - тука во темава може слободно да си споделуваме информации и најави за нашите изданија кои треба да излезат наскоро.

    Ајде да го скршам мразот. :wasntme:
    Mојата книга на годината (која веќе немам ниту трпение да ја дочекам од преголема еуфорија), е најновата на Кејт Квин - The Rose Code. Ситно се брои, треба да излезе на 9-ти март. :party:

    [​IMG]


    Споделете ги вашите најочекувани книги, да си најдеме и по нешто ново да читање од нечија друга листа. ^_^
     
    На sunshinebabe, hermosa, Stephen Amell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Како ти се допадна оваа на крајот? Вредеше чекањето?

    Јас ја чекам да излезе новата од Вилијам Лендеј, авторот на Во одбрана на Џејкоб.
    Насловот одма ме привлече All That Is Mine I Carry with Me се вика книгата.
    [​IMG]
    Ми стои дека ќе биде интересна.

    Исто и од Емили Хенри новата, иако се лимонатки нејзините, ми се допаѓа леснотијата со која се напишани некако.
    [​IMG]

    Оваа требаше во март да излезе, ама гледам ја поместиле датата. Ме заинтересира зашто демек е слична на Еленор Олифант.
    [​IMG]
     
    На do-re-mi, Mishela и sunshinebabe им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    Јееј, конечно некој ја примети темава. :party::D

    Што се однесува до книгава од Кејт Квин, искрено секоја нова ѝ е сè послаба и послаба. Конкретно оваа, брзо ја прочитав иако е обемна и почетокот беше навистина ветувачки, но се развлече многу. Стана неподносливо бавна ама стегнав заби и ја истерав до крај затоа што ептен ме интересираше како ќе се разреши еден момент. Не ме задоволи, некако ми спласна и еуфоријата и сè. Златна средина беше. Не е најдоброто од Кејт Квин, но беше доста подобра од The Diamond Eye што излезе лани.
    Во септември пак ќе има нова, ги зареди и она книгиве.

    Уф, од каде ли да почнам јас @RainBow. Годинава доста автори направија камбек и нема што не очекувам. Новата од Вилијам Лендеј ја чекам и јас. Оваа му е нова книга после десетина години мислам. А насловот ми има некоја меланхолија, веднаш паѓа во око.

    Емили Хенри исто ми е на листата. Не ми се сите нејзини книги баш-баш, ама да и јас се сложувам дека има нешто што те влече да ја ставиш на пик секоја нова книга што излегува од неа. Ќе ја читам, шаблонска е малку веќе, ама за ладење мозок таман си е.

    Уште еден автор кој после долга пауза се враќа во игра е и Абрахам Вергезе („Порта на солзите“). Новава ми личи дека ќе биде во слична атмосфера како и претходната, па останува да видиме. Обожавам вакви книги, семејна сага протегната во неколку генерации. Сигурно ќе биде slow burner зашто е и доста обемна, ама можеби ќе вреди да ѝ се даде шанса.

    [​IMG]

    Ја чекам исто новата од Кејт Мортон, корицата многу ми се допаѓа. :inlove:
    [​IMG]


    Друго, новата од Ешли Одрин, авторката на The Push. Штом си зеде пауза од една година за да напише следна книга, има шанси да биде добра. :D

    [​IMG]


    Овие неколку ми се најнајгоре на листата. Ветувачки автори се (кратка содржина избегнувам да читам) па се надевам нема да биде за џабе чекањето.
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Кога треба да излезе новава од Ешли Одрин? Не сум ја приметила.
    Не сум ја читала Порта на солзите, гледам стара е. Може новава да ја ставиме и во клубот кога ќе излезе.
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    Повеќе датуми има. Изгледа ќе варира во зависност од земјата и издавачот, но еве ги:
    01.06
    06.06
    20.06
    20.07

    Eден од овие, но јас ја рачунам дека ќе излезе на први јуни па да видиме. :D

    Одамна ми е читана „Порта на солзите“, пред повеќе од десет години. Веќе малку и подзаборавени ми се деталите, но останата ми е во меморија како убава книга, знам дека ми се допадна.

    Новава 700+ страници, машала. :sweat:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Излегла, ја има на мобилизм, јееее, ја симнав одма, ќе ја почнам денес.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    In a Thousand Different Ways - Cecelia Ahern
    [​IMG]
    Корицава е преубава, а и содржината делува ветувачки.
    Сесилија Ахерн има преемотивни книги, се надевам и оваа ќе биде одлична. На 13ти април треба да излезе.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    И јас ја чекам оваа книга, со прилично високи очекувања сум па белким нема да ми се удри од глава. :lol:

    Исто и Evil Eye oд Etaf Rum, корицата со окцето многу ми се допаѓа.

    [​IMG]

    Требаше да излезе сега, при крајот на март, но ја префрлиле за во септември. :doh:
    А јас една разочарана, мислиш експресно ги читам новите како излегуваат. Ај нема везе, битно да се има еуфорија. :D
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    Утре излегуваат од печат еден куп книги. Што да се почне следно, а да не ме заглави во уште еден reading slump. :sweat:

    Изабел Аљенде има нова книга:
    [​IMG]

    Mногу ја сакам авторкава. Не ми се сите нејзини книги по вкус, но има нешто магично во начинот на кој раскажува.


    Кристан си е класика. Нема лето без нејзина книга, со душа ја чекам. :sun:
    [​IMG]


    Од Лиса ја имам читано само Островот на морските жени и баш ми се допадна тогаш кога ја читав, па би ѝ дала шанса и на оваа книга.
    [​IMG]


    Се мислам и за оваа од Кристин Хармел, The Paris Daughter.
    Имам читано нејзини книги и не знам што да мислам. Иако обично е некаде на граница на т.н. историски лимонади, би ја почнала. Па ако оди океј, ако не...животот продолжува. :bug:
    [​IMG]
     
    На RainBow и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Утре излегува и All the Sinners Bleed - S.A. Cosby, читавме една во клубот, а оваа ми стои дека ќе биде одлична. Да ги завршам овие што ги читам, па оваа ми е на ред, после нејзе од Кристан Хигинс, таман за баланс. :D
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    Еј да, знаев дека некоја заборавив. И таа ми е на листата за читање, ми се допадна како пишува авторот.
    За почеток ќе ја симнам само, да не земам премногу залет. :D

    Ама во принцип сличен ми е планот, да прочитам бар две од овие 4-5 книги и таман на 20ти новата од Ешли Одрејн ќе излезе, па со неа ќе се занимавам.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    The Ministry of Time - Kaliane Bradley
    Корицава ми е предобра. Книгава ми изгледа ко да има премногу работи во себе и сака да биде сѐ одеднаш, ама ми изгледа и ептен забавно. Следниот месец излегува, па баш ќе видам што ќе испадне.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    Нова книга од Лиен Мориарти, септември 2024. :party:

    Секогаш им се радувам на нејзините книги, иако ми се чини дека се оддалечија од мојот вкус...ама нема врска, би и дала шанса и на оваа сепак.

    FB_IMG_1712779651238.jpg