Книги кои опфаќаат зимска/божиќна/новогодишна тематика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Mishela, 15 декември 2018.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.241
    Допаѓања:
    74.882
    Пол:
    Женски
    Во пресрет на зимата и во екот на целата празнична еуфорија, ми текна да отворам ваква тема за да издвојуваме книги кои обработуваат содржина поврзана со зимската идила, со божиќно-новогодишни мотиви, без разлика на нивниот жанр.

    Обожавам корици со такви снежни, зимски мотиви. :inlove: Уште пак ако се цртани во некој векторски програм - премија! Многу ми се убави и многу ме релаксираат, без разлика на тоа што некогаш се скроз предвидливи (ако станува збор ром-комс), можеби лигави или клише, и што ли уште не...
    Од тоа што сум успеала да прочитам, ваквите книги најчесто се некои романтични комедии или историска фикција, но постојат буквално секакви книги од сите жанрови, па изборот и не е така оскуден и секој може да си најде по нешто од својот омилен жанр. :)

    Јас имам неколку на листата за оваа зима, а последна која ја прочитав неодамна беше „Нека снежи“, од група автори меѓу кои и Џон Грин. Прва ми падна на памет и морам да ја спомнам. :lol:
    Кај нас е преведена од Арс Ламина.
    [​IMG]
    Лесна, интересна и многу заразна young adult книгичка, обработува три приказни исполнети со романтики и зимска идила. Нема некој многу висок рејтинг, но не ми беше залудно потрошено време во секој случај и ја препорачувам за релакс низ студените декемвриски денови. :)

    Планирам да прочитам уште нешто од Миранда Дикинсон, она е „кралица“ на ваквите книги. :D
    Имам впечаток дека речиси секоја книга и' е поврзана со овој период од годината, а и самата сум во некое такво расположение кога ми треба некаква лесна guilty-pleasure книга за да пополнам некое досадно попладне, па bring it on. :emo:

    Како и да е, да не должам многу - во темава слободно пишувајте за некои вакви книги кои сте ги прочитале или планирате да ги читате. Напишете ваши импресии и препораки, може и кратка рецензија (само без спојлери) доколку имате желба и време, секако.

    Давајте предлози, да дополнуваме списоци и да отвориме празнична сезона со некоја интересна книга. :)
     
    На shz, Nausicaa, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.580
    Допаѓања:
    50.985
    Последно што прочитав со многу "снежни" описи е Под црвено небо од Марк Саливан.
    Книгата е пишувана според вистинските случки за време на Втората светска војна, на територија на Италија. Убава книга.

    Потоа Ленинградска зима - Кристин Хана, исто така приказната од војна.

    И наравно Снег - Орхан Памук.
    Кој го сака писателов обавезно да ја чита книгава сега, во овој период од годината, бидејќи има мнооогу снег во книгата :lol: , а не како јас во сред лето, па воопшто не можев да се сконцентрирам на приказната :D

    Белким ја погодив темата.:)
    Ако ми текне на уште некоја ќе допишам.
     
    На Skyfall, joy1, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.241
    Допаѓања:
    74.882
    Пол:
    Женски
    Кристин Хана ме разочара малку со некои книги, ама „Ленинградска зима“ многу ми се допадна.
    Руска зима во екот на ВСВ, многу убава книга.
    Патем, ќе си ги „украдам“ насловите кои си ги напишала :$ , книгата од Марк Саливан чека ред уште од пред некое време, а другата не ја знаев иако имам читано одамна нешто од Орхан Памук и баш ми се допадна.

    Друга што ми текна со вакви cozy Christmassy моменти е Simply Irresistible - Jill Shalvis (кај нас преведена како „Слатки мали тајни“), ама морам да дадам предупредување дека е баш така љубовно романче со малку драма, hot stuff и уште по некоја драма на сето тоа. :D
    Не е лоша, но е класична girly книга за ладење мозок.

    Имам „проблем“ со ваквите книги, не можам да најдам некоја со малку поразлична приказна и најчесто наидувам на такви романтични комедии, ама затоа и ја отворив темата, секој да даде по некој предлог па да си најдеме нешто ново интересно за читање.
     
    На Skyfall, *Ench@nted* и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  4. Д.Чобанова

    Д.Чобанова Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    4.446
    Пол:
    Женски
    D4D9FB9C-A37F-46AA-9B41-CC0848E69E08.jpeg

    The Deal of a Lifetime од
    Fredrik Backman,ама незнам дали ja има на македонски.
     
    На macka91 и Mishela им се допаѓа ова.
  5. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    24.181
    Пол:
    Женски
    Не ми текнуваше на такви тематики, освен на Мисо книгите што се вртат околу Божиќ :lol:, а баш ми створивте желба за некоја таква книга, па денес си ја земав од библиотека Ленинградска зима. Ја сакав и Зима со мирис на капини, но ја немаше. :envy:

    Мишела, мое книжевно гуру. :hug:
     
    На Skyfall и Mishela им се допаѓа ова.
  6. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    ,,Првиот снег,,(,,Први снег,,оригинален наслов на српски јазик) од Мир-Јам-новела со зимска тематика.
    ,,Евгенија Гранде,, од Балзак-целата книга не се случува во зима,но мене ми остава впечаток на зимска приказна бидејќи се спомнува снегот и Новата Година во книгата,а тажните приказни се најубави во зима.
    Тука би ја спомнала и ,,Бојан,, од Глигор Поповски поради случувањата за време на зимскиот распуст,а и првата асоцијација кога ќе се спомне планина е снег и зима.Во истиот контекст и ,,Хајди,, од Јохана Шпири.Иако се работи за детски книги коишто ни биле лектири во основно училиште,сепак,ми оставиле огромен впечаток и многу ми се допаднале и затоа јас мислам дека,сепак,можам да ги спомнам во контекст на темата.:hug::l:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.286
    Christmas chick lit :party:
    Sekogas Spremna (fingers)

    I mala dopuna

    upload_2018-12-19_11-9-45.jpeg

    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  8. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.286
    Ovaa kniga ja zaboraviv , ja procitav minatiot mesec

    [​IMG]
     
    На Skyfall и Mishela им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.241
    Допаѓања:
    74.882
    Пол:
    Женски
    Вулкан (издавачка куќа во Србија) ја издадоа некаде при крајот на ноември. Кај нас годинава очигледно немаат намера да ја преведат. Нареден декември можеби, надежно. :D
    Не е лоша, книгичка за релаксирање. :)
    Многу ме потсети на Софи Кинсела, само малку по така lame во хуморот.

    Оваа корица ми е поубава, ептен го доловиле моментот со автобусот. :)
    [​IMG]

    Јас ја видов кај Рис Витерспун пред две недели и морав да ја проверам. Не зажалив, не беше воопшто лоша. Се чита за еден-два дена најмногу. :D

    Да се редактирам:
    Уште една ПРЕКРАСНА книга за мене, е „Снежното дете“ (The Snow Child by Eowyn Ivey).
    [​IMG]
    Преубава модерна бајка, така би ја нарекла. Нешто што навистина вреди да се прочита. <3
     
    Последна измена: 19 декември 2018
    На Someonespecial, Skyfall и toogood им се допаѓа ова.
  10. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.430
    [​IMG]

    Пред некој период ја читав, имаше опишано многу зимски снежни пејсажи.
     
    На toogood и Mishela им се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.604
    Допаѓања:
    128.386
    Пол:
    Женски
  12. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    37.103
    Пол:
    Женски
    Моментално што ја читам книгата е баш таква со зимска, божиќна и новогодишна тематика.
    Како што забележав скоро сите книги и се такви, со таква тематика.
    Еве ја таа што ја читам сега, подолу ќе постирам и други.

    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    И јас како @Mishela обожавам корици со такви снежни, зимски мотиви. :inlove: И надвор да паѓа снег јас внатре со топло чајче и таква книга уфф милина на душа. :inlove:
    Овие и вие што сте ги постирале веќе ми се на листата за читање, ќе има и за наредната година. :D
     
    На joy1, toogood, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    26.089
    Game of thrones ...

    200w (2).gif
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.286
    Ubavo I teknalo na @Mishela
    „Снежното дете“ (The Snow Child by Eowyn Ivey) mnogu ubava kniga, ja ima vo prevod na makedonski.
    Jas taa ja imam citano. :inlove:
    @shz
    Sarah Morgan vistinski izbor, ima napisano poveke christmas books :inlove:

    Nekoj znae koj ja napisal "Vozot vsneg" ? Jas koga bev dete bese lektira vo nekoe si oddelenie :inlove:
    Ete idea za majki koj seuste im citaat na decata (mene majka mi mi citase do golema :bandit:)
     
    На shz и Mishela им се допаѓа ова.
  15. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    723
    Се уште мислам на тебе- Адел Паркс, Култура ја имаат преведено кај нас. Романса, лесно и брзо се чита.
    Агата Кристи има две книги поврзани со Божиќ- Hercule Poirot's Christmas и The Adventures of the Christmas Pudding. И јас имам прочитано некои книги од Сара Морган ама до сега ниедна со Божиќна тематика
     
  16. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    791
    @toogood од хрватски автор е. Матe Ловрак
    [​IMG]
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.774
    Допаѓања:
    256.030
    Пол:
    Женски
    Незнам кај нас дали ја има јас од Амазон ја нарачував
    CE7DE0F3-752A-43A9-8B8B-C26591C13AD0.jpeg

    Во стил на Агата Кристи книгите е,со крими содржина .
     
    На Mishela, toogood и eli25 им се допаѓа ова.
  18. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.286
    yeeee konecno dobiv odgovor , inace sekoja god pred christmas prasuvam, nikoj ne znae da mi kaze

    Blagodaram
    :bow:
     
    На jok му/ѝ се допаѓа ова.
  19. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.286
    Da, da :nod:
    Lesni trilercinja :clap: koj obicno se slucuvaat vo tie 12 days of Christmas I se resavaat den posle Christmas:makeup:
    Vo mojot prethoden post so Christmas chick lit PDF ja imam izlistano. :hai:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.241
    Допаѓања:
    74.882
    Пол:
    Женски
    И Хари Потер.
    Нема дел кај што нема снегови, виулици и Крисмас со џемперите на Моли Визли. :D
     
    На Gosh, Skyfall, toogood и 1 друга личност им се допаѓа ова.