Sakam da citam....sekako koga imam vreme i zelba,iako vo posledno vreme slabo mi odi so koncentracija..... Inaku citam prvenstveno trileri,mistika,arheologija......Sakam vozbudlivi knigi.Ljubovni nitu kupuvam,nitu citam.
овие книги ви ги препорачувам,навистина се добри- 1. Одлука - Николас Спаркс 2. Порака во шише - Николас Спаркс 3. Затоа што те љубам - Гијом Мисо 4. Страници за нашата љубов - Николас Спаркс 5. Прошетка за сеќавање - Николас Спаркс 6. П.С. Те сакам - Сесилија Ахерн 7. Времето на лалињата - Дебора Могах 8. Кажи кога - Елизабет Берг 9. Тајниот свет на една купохоличарка - Софи Кинсела 10. Купохоличарка во странство - Софи Кинсела 11. Купохоличарката се мажи - Софи Кинсела кога имам послободно време од факултет секогаш читам,и најмногу сакам драми,комедии,вистински приказни да читам
Јас читам на периоди Во одреден период им се „фрлам’ на книгите, а друг период па само серии гледам Обично уживам да читам авантури, мистерии, интриги, завери итн.
Јас многу сакам да читам книги....Најинтересен роман ми е Мартин Идн од Џек Лондон...Се зборува за сиромашен човек кој се вњубува во богата девојка ама на крајот завршува тажно....Мартин Идн се фрла преку прозорецот на бродот и се удава
до пред 1 година немав навика да читам книги но за сега имам процитано многу книги некои се: николас спаркс-страници на нашата љубов,чекори за сеќавање стефани мајер-сите четири дела од филмот twilight антони де мело-патот на љубовта џон сасон - принцезата султана и уште многу други но овие ми се некако легнати на срце и едни од најубавите и кои ми оставиле најголем впечаток
Јас да ви кажам најискрено сум една од оние личности што ги сака книгите,значи сакам да читам многу тоа ме опушта кога мозокот ми е пренатупан.Инаку имам многу книги читано некои добри некои лоши ама посебен впечаток ми оставила книгата ПЕКОЛОТ од Данте Алигери сварно многу добра книга,многу интересна и жал ми е што не ги имаат преведено рајот и чистилиштето од него инаку и нив ке ги прочитам и многу пати се прашувам дали навистина е пеколот онаков како што го опишува тој во неговите книги
Во последно време многу слабо читам! Ептен слабо! А инаку имав навика да читам, најчесто во средно школо и дури бев на факултет... уживав пред спиење да се опуштам со некоја добра книга! најчесто читав од Паоло Коељо ... омилени ми беа неговите дела! А сега веќе не паметам која книга последна ја има прочитено! Беше одамна..можеби веќе 3 години немам книга фатено во раце!
Кога се зборува за некоја книга никогаш не се открива крајот или битни пресвртници бидејќи има луѓе кои сеуште не се ја прочитале книгата, а после ова се губи и желба да се прочита бидејќи ти веќе си го открила крајот. Ова е чисто добронамерна критика Инаку на темата, читам често, преферирам трилери или мистерии, ама не се на одмет и љубовни романчиња од време на време иако по некогаш крајно се револтирам од преводот на некој книги и многу ми е жал што не можам секогаш да ги читам на јазикот на кој се издадени
Prekrasni knigi se ,,VISTINSKI VERNIK,, od Sparks, ,,P.S. te sakam,,; ,,Soprugata na diplomatot,,; ,,vremeto na lalinjata,,. Ovie knigi im gi preporacuvam ne sekogo.Poz
Ќе ве замолам да ми напишете неколку реченици во врска со поговорката ’Џабе работи, џабе не седи’... Само побрзо ве молам за утре ми е .. немав кај да се обратам па решив овде.. Поздрав
Извесен период не читав ништо освен лектирите, ама од пролетта навака изнакупив сигурно 15-20 книги на англиски јазик и плус симнав нешто од Интернет. Читам многу и одсекогаш сум сакала да читам. Најмногу сакам да читам љубовни книги.
Ахх,јас слободно можам да се наречам дека сум оспедната со книги. Секој ден сум со книга во рацете,и 1 слободна минутка да најдам,ке прочитам нешто,макар то да е и 1 реченица. Обично преферирам некои љубовни романчиња,али и другите се добро дојдени...
Ако е таа со едни црвени штикли на корицата, ја читав пред неколку лета, и не ја дочитав,до пола стигнав,мислам дека се работеше за една жена не ми текнува тачно дејствието,али некако досадна ми беше
Навистина извонредна книга, една од моите омилени. Се вели дека сите можни пишани докази се исгорени и уништени од страна на следните папи (мажи) само за да не се дознае дека една жена, која во тоа време сметале дека служи само за раѓање на машки деца, ги поразила и жената седнала на највисокото место на христијанството - папскиот трон. Просто книгава ја обожавам, ја имам прочитано над сто пати и секој пат плачам... Ја препорачувам на секоја жена, и се сложувам со Гордана - секоја жена ќе се пронајде во ликот на Јована.
Сакам да читам секакви книги, но би сакала да оддвојам некои: - за љубителите на книги со психолошка содржина ја препорачувам „Калуѓерот кој го продаде своето Ферари“ од Робин Шарма/ книгата која со сигурност ќе ви го смени начинот на размислување, начинот на живеење, па со тоа и целиот живот; - за љубителите на вистинските реални приказни „Папата Јована“ од Дона Вулфолк Крос/ една од моите омилени, во која во многу ситуации си ја пронајдов мојата гордост. Книга за жена која во најтешкиот период за жената (во 9 век) кога жените не биле воопшто почитувани, не смееле да се школкуваат, немале право на мислење и збор, туку служеле само за раѓање на машки деца успеала да се искачи на највличателното и најпочитуваното место - папскиот трон; - за оние романтичните, кои сакаат да пуштат по некоја солза „Порака во шише“,„Чекори за сеќавање“,„Одлука“,„Страници за нашата љубов“ од Николас Спаркс (алал да му е на човеков, навистина не знаев дека маж би можел волку описно и трогателно да пишува за љубовта и чувствата); „П.С. те сакам“ од Сесилија Ахерн/ книга на која плачам секој пат кога ја читам - „Ангелот Џони“ од Даниела Стил/ срцепарателна приказна за мајчинската љубов на која сигурно нема да останете рамнодушни сега засега толу од мене*
уфф, немам читано некоја книга оддамна може 2години! а баш би сакала, Spoiler само не знам каде во скопје има некоја библиотека да се зачленам и колку пари е ? инаку, порано читав многу книги, и би ги издвоила дупка во мозокот-од наш писател сега не ми текнува на името книгата беше преинтересна, и жална... а од странскиве ми се допаѓа шлиндеровата листа
Како мала многу читав книги и ден-денес се чудам на тие што мразат да читаат, на пример братучетка ми еднаш со сила зема една книга средна - не многу голема и се гњавше еден месец читајќи ја хаха сега баш и не читам толку пошто немам време а јас секогаш читам пред спиење ама сега неможам пошто сум преморена а сабајле треба да станувам во 7 саат, сепак ми текнува да земам некоја книга вечер во 11 саат и без да приметам сум ја прочитала скоро цела книга, баш пред неколку дена повторно си ја прочитав Пинокио и ми текна кога бев мала, кога ми беше лектира, прекрасна книга и многу поучна најубави книги што сум ги прочитала ми се Мери Попинс, Двојната Лота, Петар Пан, Златната Птица, Сибирка, Ана Франк, и имам две книги за Нарнија што највеќе ми се свиѓаат, таа првата со Поли и Едмонд највеќе ми се свиѓа и таа со кралицата и орманот мислам се викаше, другите некако се подосадни и подосадни ми стануваат ..ама мислам има уште, не сум ги прочитала и сите. Ах, и да не ја заборавам Бескрајна приказна - прекрасна, многу интересна книга што сто пати сум ја препрочитала. значи главно се ориентирам кон научна фантастика и исто Втората Смена ( за што има и кратка серија ) и Големи и Мали што ми беа лектири
И јас ОБОЖАВАМ да читам книги, едноставно уживам и се препуштам целосно, заборавам кај сум и тогаш некој комотно може да вика и да се дере по мене јас нема да го слушнам Како помала читав многу повеќе, но сега со обврските на факултет немам многу време, но ми се има случувано додека учам за некој колоквиум, кога правам пауза да читам книга Ми се чудат сите каков одмор бил тој, ама за мене навистина е релаксирачко Инаку, немам некој посебно омилен жанр на книги, сакам да читам секаква тематика, но мене многу ми е битно книгата да биде со малку подлабока содржина, а не само обично љубовно романче Книги кои ми оставиле голем впечаток се: Папата Јована, Алхемичарот, Крај реката Педрав седнав и плачев, Вероника реши да умре, Добра земја, Синови(втор дел од добра земја), растурен дом(трет дел од добра земја), Убиство со огледала, Убиство во Ориент Експрес, Во хотелот Бертнам,Ангели и Демони и има и други, но сега не ми текнуваат. А од писателите најмногу ги сакам и ценам Пауло Коелјо и Агата Кристи.
Ќе знаете дека сте прочитале добра книга, тогаш кога откако ќе ја прочитате последната страница се почувствувате како да сте изгубиле пријател. За да не го изгубам ''пријателот'' последната книга ја прочитав два пати ''Чекори за сеќавање ''од Николас Спаркс Обожавам да читам љубовни трагедии кои знаат да ми допрат до срцето и да ме расплачат