Хаха.. сакам да читам се, всушност ме интересира СЕ. Дома во слободно време постојано сум пред книгата.. Последна што ја читав е „Колачиња за појадок“. Ви ја препорачувам на сите, преубава е..
мене читањето почна да ми преминува во секојдневие ... како старите баби и дедовци сум станала секоја сабајле обавезно купувам дневен весник и го читам од почеток до крај а и обавезно читам книги моментално ја читам Куќата на злото од Агата Кристи посебно ми се свиѓаат нејзините книги зашто во нив секогаш има некоја мистерија. Последно ја читав Отворени карти- Агата кристи и преубава е ви ја препорачувам да ја прочитате
Те подржувам во врска со Агата Кристи! Стварно се оригинални нејзините книги, ја обожавам. Секоја книга си е приказна за себе, колку многу книги има напишано, а сепак, нема ниту најмала сличност во мистериите во ниту една од книгите.
^ Се приклучувам кон клубот на обожавачи на Агата Кристи. Само што завршив една од нејзините книги, веднаш си се снабдив со друга, и тоа баш Отворени карти. Не се сомневам во квалитетот.
Ја имам прочитано. Одлична книга! Овојпат бројот на осомничени е ограничен на 4, се знае дека мора да е еден од нив, ама пак милион пати ќе се сомневаш во едниот, па во другиот, во тртиот, пак во првиот, во четвртиот Не се секирај, ова не е спојлер, го пишува уште во самиот вовед на книгата
Go chitam Koeljo mnogu i navistina mi se dopagja negoviot stil, iako toj e mnogu pati negativno iskritikuvan! Bi vi ja preporachala "Veshticata od Portobelo" [mod-kirilica:2svy2wjs][/mod-kirilica:2svy2wjs]
Хесе, Коелјо, и нашиот Венко Андоновски... читам нонстоп, кога ќе ми се укаже време.. Обожавам книги, и мислам дека на пуст остров би однесела една доживотна залиха Омилени книги.. хм.. „Вештица“ од Андоновски, „Степски Волк“ од Хесе.... Иии да, „Онегин“ од Пушкин
Ја земав од библиотека Девојката со тетоважа на змеј, има ли некакви критики закнигава? Ја читал некој? Исто ја земав од Хелен Филдинг Оливија Џулс и премногу бујната фантазија и од Даниел Стил Париз нешто беше, ама не ми текнува, а не можам да ја земам сега Е ме мрзи де
Јас ја имам читано и филмот сум го гледала,книгата е добра...ја зедов ради насловот ми звучеше некако опасно и ми се допадна,добар е и филмот девојката е баш како што си ја замислив во книгата.Прочитај ја па изгледај го филмот ќе ти се допадне
Во центарот на дејствието е еден необичен истражувачки (детективски) пар - Микаил Блумквист и Лизбет Саландер.Микаел Блумквист е уредник на списанието Милениум кога после една навидум сензационална вест е осуден за клевета и принуден да се повлече од новинарството, барем за кратко. Тој е понижен и разочаран поради неповолниот исход против моќниот, корумпиран индустријалец Венестром. Тогаш работите ќе добијат необичен заплет... Сосем неочекувано Блумквист ќе добие телефонски повик од Хенрик Вангер, богат претседател на истоимената компанија. Вангер ќе му вети нови информации на Блумквист во неговиот случај против Венестром а за возрат бара Блумквист да се обиде да го расветли 36 години стар случај околу исчезнувањето на тогаш 14 годишната Хериет Вангер, неговата многу сакана внука. Како дополнителна помош во неговото истражување Блумквист ќе започне соработка со младата Лизбет Саландер, девојка со бурно минато, сосем кратка коса и тело покриено со тетоважи. Изглед кој не ветува дека Саландер е спремна да одговори на тешкиот предизвик. Но, како и секогаш, изгледот лаже. Двајцата заедно почнуваат да копаат по минатото на семејството Вангер, и како што секогаш бива кога се копа доволно длабоко, откриваат работи за кои и не се сигурни дека би требало да се откријат. Или пак не... .
Пет дена во Париз мислам дека се викаше книгата од Даниела Стил.Лесно љубовно романче во нејзин стил,брзо за читање.
Следна за читање ми е Агата Кристи- Смрт на Нил. Најљубезно ги замолувам Agatha Christie's fans да кажат нешто во кратки црти, ако ја читале книгава. Однапред благодарна, Рејнбоу
Па бидејќи не добив одговор, ја прочитав денес книгата Не беше некаква си мистерија, како што знае Агата Кристи да направи. Можеше да се предвиди кој ги направи убиствата и зошто. Но сепак интересно е да прочиташ како сите делчиња се вклопуваат
"Аферата Ван Гог" Книга и пол,еден вид криминалистички роман.. http://www.3maks.com/Countries/ItemView ... Tmhg%3D%3D
Аферата Ван Гог не е лоша, но за мене лично е сосем просечна. Крими романче, некако без душа. Го почитувам Арчер, затоа и ја исчитав докрај. Јас би ти препорачала било што од Ник Хорнби, авторот на About a boy, филмот е со Хју Грант. Сите машки се поистоветуваат со него, стилот му е типично "машкудански", ненаметлив, кул и страшно забавен и интересен. Долг пат до дното е најновата преведена на македонски, ја имаш во ТРИ, со новогодишен попуст за 250 ден. Ако дечко ти цени британски хумор, тогаш ова е вистинскиот избор.
Браво за сите кои читате , јас искрено не обожавам да читам книги и ја немам таа навика, незнам зошто
Сакам да читам книги, но тоа не го правам секојдневно...обично кога немам обврски со факултетот. Многу ги сакам делата од Паоло Коељо, Алхемичарот особено...мудроста на книгата треба сам да ја сватиш. Последни две книги кои ги прочитав беа Шминкерка и Оркански височини ( морам да признаам, многу ми беше тешка за читање, но сакав да ја прочитам... )
Се согласувам дека е како без душа, бидејќи во ниту еден момент не е прикажана некоја психолошка состојба на кој било лик или пак некои мислења, цитати кои би ја одбележале оваа книга. Но, она што ме фасцинира во оваа книга се настаните, криминалната поврзаност и совпаѓањето на коцките на крајот, како и жртвата која некои личности се спремни да ја направат во име на правдата, макар и да го стават нивниот живот на коцка.