Да, јас ја имам прочитано уште одамна, на веб, а ја купив и книгата, да дадам моја поддршка-македонски автор, наше дете. Печатената верзија требаше да е лекторирана, но не очекувај многу писменост ниту таму. Идејата е веќе слушната и видена, невозавратена, еднонасочна љубов. Многу внимание обрнато на ситници, типичен раскажувачки стил. За мене стилот на авторот не е сјаен и му фали многу доусовршување и работа, ама ок, што е тука е. Не е некое одлично книжевно парче, ама ќе ја дочиташ докрај, ако ништо друго барем од љубопитство. Мене лично крајот ми беше грд. Го изманијачив авторот на ФБ и го терав да признае дали книгата е според вистинска приказна и дали Ана навистина постои или е фикција. Вистина е, Ана постои. Освен крајот, се' друго е вистина и тоа можеби ми се допадна, што е човечна приказната. Можеш да ја купиш, не е некоја сума, 210 ден. е.
Многу сакам да читам. Читам секогаш во слободно време, имам неколку книги кои ги купив неодамна но сеуште не сум почнала да ги читам. Ги преферирам психолошките романи и криминалистичките. Знам многу да се задлабочам во книгите. Сакам книги со неочекуван крај, полни со возбуда заплети итн... Ми се допаѓаат и книгите за самопомош, како да верувате во себе итн... иако многумина сметаат дека таквите книги ги купуваат оние ископлесираните па им треба книга за да бидат посамоуверени морам да кажам дека се во заблуда, и дека многу убави и корисни работи може да се научат од таквите книги. Несакам да ги читам книгите на Николас Спаркс, ми имаат многу као тематика на шпанска серија, и такви слични книги каде што се тупи за љубовта не ги ни купувам.
Книги...книги...книги...многу сакам да читам,а преферирам љубовни романчиња,добри бестселери,понекогаш и по некоја психолошка,од оние “женските книвчиња“ кадешто се спомнува Њу Јорк(колку да си го проплакнам мозокот малку,релаксација),а ил неможам да читам криминалистика
Јас навистина многу читам-можам да прочитам 2 книги за 5 дена,па постојано се шегувам дека библиотекарот почесто ме гледа мене,отколку неговото семејство сакам некои лесни,забавни книги,а може и некоја љубовна приказна или добар трилер.
книга вечен календар Дали некој знае каде може да се најде книгата Вечен календар или доколку некој веке ја има дали можам да ја добијам во електронска верзија ..
"Јади, моли се и уживај"-Elizabet Gilbert Другарка ми ми ја препорача "11 минути", и не е лошо да си ја земам да ја прочитам и така го имам заборавено чувството да читаш книга, плус имам и време на располагање деновиве. Иначе не дека не сакам да читам книги, околностите не ми дозволуваат, толку отупев од тие работи што освен хемии, фармацевтски технологии и фармакогнозии не знам за ништо друго.
Обожавам да читам книги. До пред некое време ми беа интересни оние тинејџерските, од типот "Добри другарки, лоши шеми.."бла бла. Сега повеќе сакам да читам љубовни романчиња, интересни се и оние на Агата Кристи, а како најзачинети непредвидливи романи ми се оние на Гијом Мисо и НИКОЛАС СПАРКС. Едноставно луѓето си ја знаат работата и крај. точка Морам да ги спомнам и сите Хари Потер, кои сеуште се на врвот од мојата листа на импресии Читам во слободно време, на часови ( кога е досадно ), некогаш и на светло од телефон -.- хаха Едноставно УЖИВАМ додека читам.
Читам најразлични нешта И авантуристички романи,психолошки дела,забавни - луди - кратки книги .. Едноставно што ми дојде при рака .. Читам доста - и не ги разбирам луѓето кои се преморуваат додека читаат и кои веднаш кога земат книга видат колку страни има и кога и да зборуваат ми ја кажуваат точната страна до која стигнале за незнам ти колку малку време
Обожавам книги каде што има долг опис на личноста , со сите нејзини внатрешни и надворешни особини и се разбира не сакам уштре на втората страница да знам точно како ќе заврши ..сакам да биди интересно дури и да е лимонада .. Последна книга што ја зедов утрово е Време на лалињата од Дебора Могах .. ќе ја прочитам и ќе ви напишам впечатоци
Читањето некако во последно време ми станува опсесија... Многу книги прочитав овој период... Најмногу преферирам ПРАВНИ ТРИЛЕРИ или КРИМИНАЛИСТИКА... Ми се допаѓаат книгите на Агата Кристи, Сидни Шелдон, Марија Луис Фишер и многу други... Последна книга што ја прочитав и ми остави голем впечаток беше Пеколни Планови.. Книгата е многу добра... А исто така ми се допадна и Сета Љубов на Светот (правна)... А сега моментално ги читам Странев во Огледало од Сидни Шелдон и Втора Шанса од Даниела Стил
сакам книги кои маваат во потсвест. Кои те тераат да размислиш кој си, зошто постоиш и која е твојата цел Секогаш кога ќе прочитам некоја ваква книга неколку недели сум Моќта на потсвеста е една од нив! За таа книга имам од добри најдобри зборови
Па многу сакам да читам ама зависи до книгата, а моментално преферирам да читам книги од Николас Спаркс ги прочитав од него Страници за нашата љубов според која е сниман филмот NOTEBOOK исто така од него ја имам прочитано Ноќите во Родант и Прошетка за сеќавање според која е сниман филмот A WOLK TO REMEMBER
Сакам да читам и тоа гоправам колку што времето ми дозволува.. најчесто за жал имам време само за досадните лектири А инаку вака посебно ми се допадна Чекори за паметење.. навистина убава книга и исто така Брида е интересна книга... другово, најмногу лектирии.. и досадни се освен Евгениј Онегин.. многу некако неговиот лик посебно ме допре
Сакам да читам, едноставно читањето ме носи во некој друг свет кој се доживува многу поразлично од гледање филм на тв или во кино, се имам сама од себе зачудено колку од книгата што ја читаме креираме сопствени слики кои се многу појаки од оние кои ни се пласираат преку филмовите на тв, и нашите слики најчесто многу појако и поемотивно ги преживуваме.Неколку пати се имам фатено на дело како плачам и читам, што ретко ми се случува кога гледам некој филм, колку и да е емотивен..... читам се и сешто, а најмногу романчиња Моментално ја читам „Засекогаш твоја“ од Гилберт, жената е едноставно звер!
Најмногу читам криминалистички романи,омилени писатели ми се Рекс Стаут,Сидни Шелдон и Агата Кристи...Омилена книга немам