Обожаваааам книги!! Читам апсолутно секакви жанрови. Преферирам реализам особено Оноре де Балзак и Виктор Иго. Сакам психолошки, детективски, од македонските - битовите драми. Ааа и се разбира да не го заборавам омилениот Ден Браун.
Уживам во читањето, сакам да читам книги од историска природа, исто така реализам зачинет со малку фантазија....
Се заразив со Агата Кристи и сеа само тоа читам во последно,мислам дека додека не ги прочитам сите нејзини книги нема да читам ништо друго .Ако некој сака добра книга во нејзин стил би ја препорачала АВC murders без сомнение една од најдобрите
Да ве прашам, дали некој ја читал Засекогаш твоја? Нешто како продолжение на Јади, моли се и уживај? За таа се мислев дали да ја купам, ама некако се размислував и ништо на крај... И исто да прашам за Рајот може да почека од Кејли Тејлор дали ја купил некој и некоја критика ако може
Читам прилично многу. Уживам во тоа. И мајка ми и сестра ми се по читањето, така да први сме на список во библиотека секоја година Не сум ограничена во читањето на книги. Читам од сите жанрови на книги: некогаш психолошки, лесни љубовни, авантуристички, криминалистички ... Најчесто насловот ме привлекува и секако препораките од оние кои ги читале
Обожувам да читам,.. читам се што ќе ми дојде на дофат од рака,... често се случува и на школо да си носам книги, па на досадните часови си читам дома имаме многу книги, но повеќето складирани во кутии, во подруми и сл, бидејќи немаме простор... сонувам за една голема, лична библиотека.... сега за сега, се задоволувам со буричкање низ тие кутии и членство во библиотека.... кога би имала поголеми средства,... не би ми преставувало проблем да си дозволам да одвојам за книги барем 2000-3000 ден месечно.... но тоа ти е, сега некако не ми се даваат 1000 - 2000 ден за книги п.с. срце ме боли за хари потер 6, ама никако не ми се даваат 1800
Читам многу, уште од малечка со Зоки Поки и Касни порасни ... до денес стигнав да го тумачам Ошо и Коелјо... Моментално читам така по опуштени книги, ја завршувам „Ѓаволот носи Прада“, па сакам да ја почнам „Рајот може да почека“ многу ми ја пофалија и таа ми е следна на списокот. Уживам во книгите и моето слободно време го поминувам со книга во раката, со неколку грама чипс и смоки Преферирам онака романчиња за релаксирање, нешто современо... но ми се допаѓа стилот на Агата Кристи, на Аманда Квик, Сидни Шелдон, Николас Спаркс и мн. други
Девојката со тетоважа на змеј, Девојката со портокали, Девојката што си играше со оган, Девојката со бисерна обетка, Девојката со не знам ти што.... Не дека ги потценувам овие книги, повеќето од нив ги немам ни прочитано. Можеби феминките што коментираат овде се помлади, па и разбирливо е да читаат ваква литература, но и јас бев 16 години, а ги читав Толстој и Достоевски. И бев импресионирана. Зар никој веќе не ги чита Карамазови, и не знае за Раскољников. А каде се Балзак, Маркез, Набоков... Сигурно и денес класиците се задолжителна литература, но дали и зошто не се читаат (или се читаат, а јас добив погрешен впечаток)
Премногу читам книги, дури и ме сметаа за забегана пријателите затоа што претерувам во опседнатоста со добро четиво. Одредени периоди во животот читам одредени книги, во зависност од расположението,на пример пред неколку години читав само психолошки или книги од кои можеш многу да научиш како Розата од вода,Новиот ден ,Будење, Поле, Најголемиот трговец на светот...Потоа се заразив со крими или авантуристички книги/мистерии како делата на Агата Кристи (Отворени карти, Убиство со огледала,Смрт на Нил, Азбучните убиства и сл.) Сер Артур Конан Дојл (Скандал во Чешка, Проклетството на Баскервилови) голем дел од делата на Едгар Алан По, бестселерите на Ден Браун (Ангели и демони и Кодот на да Винчи), а сега во последнава година најчесто читам што стигнам и што ќе ми фати око како делата кои воодушевуваат од Адел Паркс (Чевлите на другата жена и Game Over) или Внимавај што посакуваш можеби ќе ти се исполни од Александра Потер. Секоја книга која што ќе ми го задржи вниманието во првите страници,не престанувам да ја читам додека не ја прочитам , а некоја која нема да успее во тоа колку и да и се навраќам ,никако не ја дочитувам (пример за тоа ми е Сто години самотија од Маркес,иако многу луѓе ме советувале да ја прочитам ,не ми го држи вниманието и не ме тера да ја читам понатаму и секогаш одново и одново ја враќам на полица)
Обожавам да читам книги. Секоја недела читам различна книга. И покрај секојдневите обврски и стестаниот распоред, наоѓам време за читање. Читањето книги делува релаксирачки врз мене, го чувствувам тоа како дел од денот резервиран само за мене. Читам книги од секаков жанр, но морам да признаам дека обожавам белетристика и chick-flick романчиња.
женски ајде предложете некои биографски или автобиографски книги (пожелно е да има и филм снимено по книгата)
Сакам да читам книжулиња, романи, буквално се што ќе ми дојде до рака,секако и весници и списанија Треба да си ја подновам мојата домашна библиотека со некоја интересна книга
Никаде без ќерка ми ја има и филм, а книгата е прекрасна. Инаку читам и тоа многу ама моментално испитите не ми дозволуваат Едвај чекам да ми завршат за да си се посветам повторно на книгите
Обожавам книги. Сакам да купувам книги. Сакам да читам книги. Тие ми се како бегство од секојдневието, од сите грижи и нервози, од стресот. Додека читам во мојата глава се создава нов свет, возбудлив, интересен, неверојатен, далеку од реалноста. Сакам и кога пишаното ќе ме насмее и развесели, но и кога ќе ме растажи, ќе ме натера да пуштам по некоја солзичка (попрво би било да се изнаплачам), кога ме тера да размислувам, ќе ме остви збунета, ме тера да се запрашам за некои нешта. Како помала обожавав тинејџерски романчиња, интересни, смешни, весели. Но пред тоа ми беа опсесија Хари Потер книгите. (тоа беше кога бев 5-6 одд) Леле сите ги имам дома и по неколку пати ги читав. Опседната бев!! Верував во магија, сакав да ме повикаат и јас да учам во Хогвартс. Со денови сум се убедувала и објаснувала со мајка ми за магијата.. хахах лудо дете После на почеток на средно почнав да читам љубовни романчиња, полни со романтики, нестварни работи, соништа... А сега веќе и од тоа ми е преку глава. Сега сакам да читам некои крими романи, книги во стилот на Ден Браун, Пауло Коељо, романи со релани случки, некои филозофски романи за пронаоѓањето на себе, за смислата на животот, за пронаоѓањето на среќата и така... Но кога сум на школо никогаш не стигнувам да прочитам некоја книга, затоа што постојано имаме некакви обврски, лектири, задолженија, буквално се погодува во 1 недела две лектири да треба да прочитам... И затоа живеам за распустите. И на плажа, и дома, навечер се заборавам до 3-4 саат читајќи. Сега имам неколку книги купено кои не стигнав да ги прочитам за зимскиот распуст и ги спремам за читање за лето Ахх уживанција
Обожавам да читам книги. Белиот тигар од Аравинд Адига. Кога ќе ја прочитам ќе ви ја раска/ам на кратко. Интересна. Преферирам драми.
Многу. Иако порано бев скептична за читање книги како и скоро секој тинејџер. Преферирам криминалистика или пак нешто од типот на Том Мартин, Стив Бери...Трилер со криминално нешто во него, мистерии и сл. Ден Браун е најдобра асоцијација, иако него не го сакам.