Книги обожавам,читам скоро се што ќе ми падне в рака...Една од најомилените ми се Најголемиот трговец на светото-Ог Мандино...а сакам и трогателни како на пример Ќерката на чуварот на спомените...а и трилери оние на Роберт Ладлам....Се сакам , едноставо кога читам како да се губам од овој свет,ги заборавам сите проблеми ...едноставно уживам...дури и самата јас толку навлегувам во книгите што се ставам на местото од личностите и ги решавам нивните проблеми,како моиве да ми се малку...
Моментално ја читам Каде отиде љубовта - Харолд Робинс, а пред неа ги читав Крвна Врска - Сидни Шелдон, Англискиот Атентатор - Даниел Силва, Мапа од коски - Џејмс Ролинс, П.С. Те Сакам - Сесилија Ахерн, Единаесет минути - Пауло Коелјо, Марина - Карлос Руиз Зафон, Деловите од Купохоличарката - Софи Кинсела и др.
многу сакам да читам , и поголемиот дел од моето слободно време го поминувам во читање на книги. Омилени автори за читање ми е Пауло Коелјо, Агата Кристи, понекогаш знам да читам некој роман од Достоевски
ве молам може ли накратко да ми раскажето што точно се раскажува во романот ''Франкештајн'' од Стивен Едвин Кинг ??? Фала однапред...
Обожавам да си читам во слободно време а најмногу ме привлекуваат книги со мистерии и загатки, тајни заговори и слично. Последни што ми се прочитани: Кодот на Да Винчи, Ангели и Демони, Дигитална тврдина-Ден Браун, Крвна Врска-Синди Шелдон, Папата Јована, неколку од Пауло Коелјо, а од македонските последна читана ми е Разговор со Спиноза од Гоце Смилевски. Овие не се баш сите со таа тематика но во главно сакам да читам квалитетни и проверени книги.
Јас се читам...од Касни -порасни.....доооооо и јас незнам до каде...повеќе читам по мој избор,а ретко лектирите во училиште...Мислам оваа ја прочитав Марта ни беше...и ја прочитав за 8 саати
Хм, зависи од расположение, најчесто читам романтични стории, но еве почнав и нешто за политика да читам, на саемов си ја купив „Гневот на злото“ од Ристо Тодоров, но никако да фатам да ја читам, се зафатив со другите што ги купив, највероватно последна ќе оди од Тодоров. Кога почнав активно да читам, прво ги читав сите романи на Николас Спаркс(после почнав да ги гледам филмовите режирани по неговите романи) после случајно налетав на еден роман на Димко Тасески - Дитас, и ме фасцинира, па ги прочитав сите што успеав да ги најдам(коректори на експериментот, никако да успеам да ја најдам) Еве денес почнав да ја читам „Мирисот на твојот здив“ од Мелиса Панарело
Книги преферирам да читам само летно време и онака нема што друго да се прави....немам одбрано некој посебен жанр и да преферирам тој да го читам туку едноставно го читам она што ќе ми дојде при рака,и ми стои како интересна литература.Книги кои ме привлекуваат се оние со психолошка содржина,криминалистика,заговори,откривање убиства,загатки и мистерии и сл,нешто со таква тематика. Последна прочитана книга ми е Невин од Харлан Кобен. А моментално ја читам Римјанка од Алберто Моравија,малку е обемна,вчера ја зедов сега за сега можам да кажам дека е многу симпатична книга иако во содржината ме потсетува на книгите на Дитас.
Искрено кажано не сум мн по книгите, повише сакам да седнам некое филм4е да си изгледам, ама кога 4итам нешто 4итнато е.. ина4е сакам авантуристи4ки, криминалисти4ки-детективски романи...итн...
Сакам да читам книги и мислам дека тоа е најдобриот начин за да се пополни слободното време. Секогаш кога сакам да се опуштам и да се релаксирам читам некоја добра книга. Најмногу сакам авантуристички и љубовни романи.
Читањето е мојата најголема страст...Едноставно,ме релаксира и уживам додека читам....Најомилени автори ми се Нора Робертс,Роберт Ладлам,Џемс Петерсон ,Ерик Ван Лустбадер...Најомилен жанр ми е ,веке претпоставувате трилерот,иако знам да се разнежнам над некоја добра романтична ,љубовна книга како што се од Данеила Стил,Аманда Квик.....Само што ја завршив Чесни илузии од Нора Робертс,а од вчера почнав да ја читам Фарма на лешеви од Патрициа Корнвел.....Психолошки трилер,напнат и малку морбиден.......Одвај се одделив синока од него,ама морав да бегам в кревет зашто денес ке требасе да дремам на работа...а за дремање не даваат плата,....или...којзнае,можеби повеке даваат...
Обожавам да читам! После танцот, читањето, е мојата втора најголема страст... Читам се и сешто, разно разни романи, драми, трилери...Во најомилени автори ќе ги ставам: Лав Николаевич Toлстој, Ф.М. Достоевски, Агата Кристи, А. Пушкин, Нора Робертс, Стефани Мајер, Сузан Колинс, Габриел Г. Маркез, А.П. Чехов, А. Солжењицин, Гогољ, Рејчел Мид, Мерилин Кеј, Антонио Санта Ана, Евгениј Хоуп...........................................и уште многу многу други т.е. ги сакам скоро сите.........
Читам читам бааги. Преферирам класична литература, онаа белетристиката ми е повеќе за основци и рани гимназијалци, сепак си е прашање на вкус
Преферирам се од класична литература, до загатки и мистерии, психолошки трилери до мистерии и фантазија. Лично не сум фан на драмите до солзи, и сите други љубовни книги, но сепак има не викам не, некои исклучоци. Сега ја добив Аферата Ван Гог, па се мислев дали да почнам.. некој што ја има читано, некаков коментар околу неа!?
Не читам, не преферирам, не знам зошто го гледам тоа како навика која не сум ја стекнала. Убаво е, само го гледам не како губење време туку како работа која последна би ја правела во слободно време. Додека во учебниците гледам многу попоучни работи, потребни или непотребни Во секој случај, супер за оние кои се вљубени во книгата
Сакам да читам, ама само книги што јас си ги одбирам и често ме мрзи да ги читам лектирите ако се стварно досадни.Најмногу сакам да читам криминалистички романи или книги во кои има магија(само не Хари Потер-него не можам да го поднесам ) и секако, тинејџерски книги.Омилени странски писатели ми се Агата Кристи и Џеклин Вилсон, а од македонските омилен ми е Горјан Петревски...
одвај чекам да заврши ова проклетово училиште и да почнам да си читам книги а инаку најмногу читам психолошки книги, езотерија, некоја авантура и така
Многу сакам да читам книги(некој интересни што не замараат),и многу ми се опушта мозокот кога читам некој лесни книги, моментално ја читам "се плашиш ли од темнина"- од Шелдон прекрасна книга....