Сакам и уживам во читање добра книга. Сакам се- од езотерија до чик литература. Сега некако во последно време купувам трилери и психолошки романи, ама некако најмногу им се навраќам на класичните романи. Колку читам?- Па 2 книги месечно. Не е битен квантитетот битен е квалитетот
Денес ја барав во библиотека Најголемите светски мистерии од Нејџел Блунден,но ја немаше.Таа е следна што сакам да ја прочитам. Ги сакам француските и руски класици,иако одамна немам ваква книга прочитано,а би сакала да ја прочитам Бели ноќи на Достоевски. Во последно време читам претежно бестселери и наслови кои ќе ми го привлечат вниманието или по препорака.За релаксирање ми се најдобри книгите на Даниела Стил,Коељо...лесни книги со интересна содржина кои сакаш да ги прочиташ во еден здив. Обожавам да читам и психолошки романи. Единствено не сакам криминалистички.
Многу сакам да читам книги кога сум на распуст, навечер и кога ќе почнам да читам со сабајле се заборавам најмногу сакам онака лесни книги и дефинитивно љубовните ми се фаворит.
Сигурно ја има во Матица и неверувам дека е скапа, затоа што е постара книга. Или некако да ти ја дадам ... секако ако ми ја вратиш
Без книга неможам да си го замислам животот. Читам буквално се, освен научна фантастика. Сега ја читам Календарот на Маите, книга за родендени
Сакам да читам, но тоа го правам само кога имам време, а најмногу ми се допаѓаат трилерите на Агата Кристи
Обожавам книги. Мислам дека можам цел живот да си ги поминам читајќи. Честопати кога ќе наидам на одлична книга, заборавам и да јадам. Не сум љубител на книги кои немаат подлабоко значење.Типичен лик, во типична средина прави работи што се типични за неговото време/возраст. Книгата за мене е предизвик. Едноставно уживам во целосно алегорични книги, ме фасцинираат. Сакам книги кои треба да ги "размислам" малку, затоа повеќето ги читам повеќе пати навраќајќи се на сите клучни моменти, анализирајќи ги ликовите до најситниот детал. Сакам и книги со две паралелни дејствија како:"Лавиринт" од Кејт Мос, "Девствено сино" од Трејси Шевалие, "Вештица" од Венко Андоновски (инаку книга што ме фасцинираше ) Во омилените ги вбројувам и "Странецот", "Процес од Кафка" , "Идиот"- Достоевски, "Фауст"- Гете..
Читам често. Можеби за време на одмори поинтензивно, но сепак се обидувам да го одржувам континуитетот. Од расположението зависи што ќе одберам, најчесто се тоа некои драми, трилери со непредвидлива фабула. Се нервирам кога од првите 10 страни можам да го претпоставам крајот. Драмски дела ми се слаба точка ..
Pearl Buck, Bromfield, Dostoevski, Zilahi Fransoa Sagan, Marquez, Sheldon a, и за релаксирање - Tracy Chevalier, Danielle Steel
Па искрено, немам време многу за читање. Навика ми е да почнам интересна книга, да стигнам до 50та страна и да ја откачам.
Многу сакам да читам, за еден ден максимум читам, а поготово тие што се како Касни порасни, охооо. Шала, не сакам баш да читам, само лектири баш ако морам.
Книги читам често Додека сум на училиште читам некои лесни книги. А додека сум послободна - за време на распусти читам некои психологии. Читајќи ги нив се пронаоѓам себеси, си ги поправам грешките, но и се учам да не ги правам. Некои од книгите кои ги имам прочитано се од Ог Мандино. Најважно е што читам книги од различни области. Од тинејџерски до психолошки книги.
Читам една книга по друга. Тоа ми се случува последниве две години. Повеќе го сакам романот, отколку реалноста. Ги преферирам трилер романите, како што се тие на Гијом Мисо, ги обожавам делата на Оноре де Балзак, а, книга која ми е водилка низ животот засега е „Јади, моли се, уживај“ на Елизабет Гилберт. Иако, со задоволство го читам и оние книги кои и припаѓаат на чик литературата, како тие на Софи Кинсела, забавни се и лесни за читање.
Книги... обожавам да читам само, можеби сум една од ретките девојки која ќе го напише ова, но сум антиромантик кога се зборува за книги и за филмови Јас лично преферирам трилери, како на пример мојот омилен автор Роберт Ладлам, или пак Џон Гришам. Сум огромен фан на Хари Потер (и кога велам огромен навистина мислам ОГРОМЕН) И секако, една од омилените: Агата Кристи. Едноставно кога ќе почнеш еден нејзин роман, не престануваш да читаш додека не ги прочиташ сите
Читам се! од романтики, до трилери и сајнс фикшн Само ги одбегнувам историските, нив не ги сакам баш :geek:
Љубител сум на добри книги и затоa читам се од криминалиситка до романистика Шала на страна, обожавам да читам криминалистика на чело со делата на незаменливата Агата Кристи но исто така обожавам психолошки книги
Многу читам. Обожавам книги и опседната сум со тинејџерски романи и фантазија. Омилени ми се Harry Potter, Percy Jackson, Princess Diaries...