1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книги - колку читате и што преферирате?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 27 ноември 2009.

  1. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Голем љубител сум на книгите и читам многу.Читам книги од различни области,сакам романи,психолошки книги,класиците имаат посебно место во моето срце!
    Не можам да одделам конкретно ниеден автор како фаворит затоа што ги имам многу,ако кажам еден веќе следниот момент ми доаѓаат на памет и 5 други :)...Криминалистиката исто така ми е посебно драг жанр.
     
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Господ здравје да ви даде за линковите од кои може да се симнуваат книги! И се што сакате,не само здравје!
    Мои фаворити се Достоевски,Коелјо и Алан По.
    Дела кои оставаат без здив...
    Последно ја читав Златното лале - Розалинд Бејкер ,доста добра книга ,на моменти налик на бледа копија на Црното лале на Дима,но сепак, жената се потрудила.
     
  3. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Бидејќи јас сум ученичка, така книгиве ни се од различни жанрови. Освен тие за во училиште, преферирам љубовни романчиња и авантуристички како сите девојчиња на моја возраст ;) А околу тоа колку читам, 12 месеци во годината :) бидејќи дела за на училиште имаме 17-18, плус нешто ќе се заинтересирам околу нови, популарни книги и читање колку да сакате :)
     
  4. Sunlight

    Sunlight Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    39
    Читам книги од сите жанрови но претпочитам драми.Читам многу во последно време и читањето книги ми претставува одмор.
     
  5. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    Читам од различни жанрови кога како ке сум расположена :)
     
  6. crnobelisvet

    crnobelisvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    Јас многу сакам да читам, најмногу ми се допаднаа книгите на Агата Кристи,Даниела Стил и Мирјам :)
     
  7. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    Сакам да читам кога имам слободно време се разбира. Преферирам се од криминалистички романи па се до љубовни романси и драми. Особен впечаток ми има оставено книгата "Во прегратка на месечината " од Аманда Квик. Романов е трилер драма па можеби ова ми го фати окото и фактот дека дејството се случува во Викторијанска Англија..
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Читам кога имам слободно време. Обично на лето...имам чувство дека на библиотекарките им се темни кога ќе ме видат :lol: За време на школската година ги читам лектирите, а не преферирам да читам две книги истовремено (на пр. лектира и некоја друга книга).
    Не бирам многу меѓу жанровите. Едноставно барам препорака, читам кратка содржина и критика и или ја земам или не. Се случува да ја почнам и да не ми го држи вниманието, па ја оставам. Важно е да ме заинтересира...
    Меѓу омилените ги ставам делата на Спаркс, Коелјо, Кристи... Од се по малку! :)
     
  9. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Па кога имам слободно време да, не сум стрикно ограничен само кон еден жанр , најчесто читам она што во библиотека ќе ми препорачаат или пак некоја другарка ќе ми препорача. :)
     
  10. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Можеби и се имам изјаснето на темава,али ме мрзе да вртам низ мислењата. :yawn: :wasntme:

    Колку сакам книги е фактот што не би правела ништо друго до крајот на животот,освен да седам,лежам,скокам и да читам книги. Дека обожавам книги е малку е да кажам.

    Јас сум безусловно заљубена во нив.

    Мислам дека оваа љубов е една од оние во мојот живот која нема никогаш да исчезне.
    Не дека ми е чудно,но неможам да ги разберам луѓето што не читаат книги. Некако,плитко им е изразувањето. И размислувањето,креативноста исто. Абе книгата ви нуди 300,400,500,600 страно патување до кој крај на светот сакате,па и подалеку. ;)

    За книгите сум пребирлива исто како и за мажите. Не премногу,но сепак си имам некои критериуми.

    Не читам српска литература. А бидејќи дома имаме со мајка милион книги и тоа скоро сите од нејзиното време во Југославија,скоро сите се на српски. И многу малку имаме на македонски. Тие сите ми се прочитани. И книгата не е ко филмот,да ви е интересна кога ќе ја читате по втор пат. :)

    Штета,бидејќи има страшно добри книги мајка ми во нејзината библиотека,а се на српски.

    Читам криминалистички,донекаде психолошки,драми некои,семејни,љубовни романчиња.. Го обожавам оние мистериозните книги,кога не го знаеш,ниту можеш да го претпоставиш крајот до последната страна. Ја обожавам еротиката во книгите. И не оноа - тој ја фати,ја бакна ко да му е последен пат а таа го гледаше неговиот пенис ко Бог. И имаа неверојатен секс на неговата работна маса. Не такво нешто. Обожавам оригинален спој на зборови,ситуација толку добро смислена од писателот,а сепак изгледа толку случајно,што ви измамува насмевка на лицето. А самиот чин е опишан подобро од што би се опишал себеси. ]:)

    Сакам книги кои носат поука во себе. Додуша,сите носат,но сакам кога ќе мозгам што е пораката уствари. Сакам книги со добри реченици,кои ми би служеле дали на овој или оној начин во животот.

    Не би рекла за некоја книга лоша,само би рекла дека не е по мој вкус.

    Баш како што би рекла и за некој маж.

    ;)
     
    На Wilde2105 и Pecurka им се допаѓа ова.
  11. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Читам и тоа многу...читам авантури најмногу,ама не сакам да читам описи и не читам научна фантастика ниту гледам...последната книга што ја читав до пред два дена ја завршив и многу е убава од Сидни Шелдон-Десетта Симфонија...а сега читам за во школо лектири :)
     
  12. Dragannah

    Dragannah Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Искрено, лектири воопшто несакам да читам. Но книгите на Гројан Петрески ме фасцинираат.
     
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Сакам да читам се освен историските и научните.
    Во последно време доста читам и чик литература.
     
  14. Afrodita-M

    Afrodita-M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    11
    Јас читам често, најмногу криминалистички од Агата Кристи, Нора Робертс и чик литература :)
     
  15. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Многу читам книги, едноставно уживам во нив. Читам секакви, почнувајки од романтики па се до криминалистика и се измеѓу нив. :) Ги обожавам романите на Николас Спаркс, Агата Кристи, Даниела Стил, Сесилија Ахерн, Сидни Шелдон и уште многу други.
     
  16. a.n.e

    a.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Обожавам да читам книги. Најмногу читам чик литература, а дефинитивно во последно време хит ми е Коељо. А Шекспир е незаменлив. Всушност читам се! :)
     
  17. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    Се надоврзувам на претходната форумџика за Шекспир, стварно оригиналот е незаменлив иако се восхитувам на секој добро преведен израз и на македонски јазик. За читање пак, некоја книга читам ретко бидејќи немам време и еве последна прилика ми беше на одмор на плажа се занимавав, Пред се сакам тематика со перипетии, немам некој посебно истакнат жанр
     
  18. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    мммммммм книгии обожавамм!!!! Сега и пријателите и дечко ми ме научија дека мноогу сакам книги, па неретко за поклон добивам и книги, а им се радувам како мало дете на играчка!!!! хехе имам дома во голем број, изнајмувам и од библиотека..... и сакам со секаква тематика... се ми е интересно!!! =]]
     
  19. Pecurka

    Pecurka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Некои велат дека обожаваат да читаат,други пак не...Едните едноставно го имаат пронајдено стилот (жанровите) на книги кој им се допаѓа и со вистинско обожавање читаат...Другите пак, воопшто и не се потрудиле да го пронајдат и пребрзо се откажале од читање кога не ретко можат романите да ги проследат на Големото платно...Сепак, мислам дека не постои човек кој не ги сака буквите расфрлени низ бели страници во светот на нереалното,совршеното,загаточното...Па секој сака да избега од реалноста за миг.Да остави се во реалноста и да се вклучи во непознатото,новото,чудесното макар и на час и половина. Да не должам многу, не е мудар оној кој чита многу туку оној кој знае што да чита...Така, девојки ве советувам помалку "лимонатки" , повеќе квалитетни книги. Зарем не читаме за да се збогатиме духовно. Јас читам многу и веројатно е тоа поради тоа што животот за мене е како своеличен роман...или пак професионална деформација?! Ај доста е :) Читајте и уживајте...Моментално Милан Кундера со неговата Бесмртност ми е во раце, па кој е за длабока психологија топло му ја препорачувам :) :* :* :* до сите форумџики !!!
     
  20. K0STOVA

    K0STOVA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    5
    Често знам да си го поминам слободното време со книга, а преферирам светски познати и квалитетни книги, оние кои навистина оставиле добар впечаток кај поголемиот број критичари. Со еден збор книги кои се безвременски :)