Многу читам... Доколку не го завршам денот со книга во рака и правац под ќебенце не сум потполна. Најчесто сум со психолошки книги во рака бидејќи психологијата е она што ме привлекува, потоа семејни драми, ретко криминалистички, некое љубовно романче... Досега најмногу ме заинтригирале книгите на Дебора Могах, Сесилија Ахерн и Агата Кристи.
Сакам,многу сакам да читам но незнам зошто последнава година се помалку време најдувам за читање!! Преферирам да читам психологија,сега за сега Курпатов ми е фаворит!Си сакам и по некој љубовно романче,посебно ако сум во ПМС,па поштено да си се изнаплачам.
Обавам книги, а воедно и филмови. Обично од кога ќе прочитам книга одма го симнувам и филмот. Читам се, психолошки, љубовни, семејни, абе секакви романи...
Читам и книги и лектири..но повеке сакам да читам некоја слободна книга која успева да ми го задржи вниманието и така уште повеке да ме заинтригира да продолжам да ја читам понатаму , отколку лектирите (кои на некој начин ми претставуваат еден вид обрска). Инаку претежно сум голем љубител на книги во кои авторот ја разработува човечката психа, преку некоја однапред добросмислена приказна, а притоа да се поучни, и со добра поента, значи книги со психолошки карактер би ги сместила како први на ранг листата. Потоа сакам да читам и чик литература онака со полесна содржина за релаксирање. Но не смеам да ги запоставам и љубовните романи кои изобилуваат со умерена доза на еротика. (тука морам да го спомнам авторот Емил Зола)
Извинете јас сум малце офф топик, ама морав да прашам. Дали некој знае и може да ми каже во која книжарница можам да ја најдам " Руска зима" oд Дафне Калотеј. Фала однапред
Јас сосем се опседнав со Сингер. Ги имам само збирката раскази Круна од перја и новелата Магионичарот од Лублин, а би сакала да ги пронајдам сите негови книги, да ги прочитам и да ги имам. Сите до една. Читав негова биографија, интересно е што оригиналите му се напишани сите на јидиш, а за потребите на американскиот пазар првенствено, самиот ги превел книгите на англиски, нарекувајќи ги "втор оригинал". Авторот ме фасцинира, од утре ќе се растрчам по библиотеки и книжарници, ако имате налетано на некое негово издание на македонски освен овие две, ве молам известете ме.
Во последно време љубам да читам за јапонската култура и за средновековието. Интересна ми е воздржаноста на јапонските народи и нивните ритуали. Нивниот мирен дух и приспособувањето. И најмн. ја сакам нивната љубов кон уметноста. Средновековието и инквизицијата ги мразам. Мизерна ми е положбата на жените и многу се внесувам во неа. Ми влева страв во коски. Ја мразам нивната помиреност со работите и ги обожавам жените што се борат со неправдите. Чик литертура одбегнувам во последно време. Планирам да ги читам Платон и Ниче. Ја сакам нивната мудрост и ќе се обидам се да запаметам. А потоа преминувам на класици Ремарк, Стајнебк, Достоевски, Балзак... Ако имате да препорачте нешто од овие, пукајте...
Порано ептен читав книги..а сега не,мојт некоја психолошка али она ептен требит да ми е досадно за да ја фатам во раце.. Spoiler Книгата е света,а светото не се чепка !
Многу читам а читам се психологија , љубовни романчина , лектири , семејни драми , криминалистика во глобала се што ќе ми се допадне
Обожавам да читам психолошки книги, понекогаш и добро трилерче. Последната што ја прочитав беше Паднати ангели - Нора Робертс.
многу читам и тоа најповеќе од ШЕЛДОН,ФИШЕР,ХАРОЛД РОБИНС,ДАНИЕЛА СТИЛ................и мнооооооогу други.... многу сакам да читам
Ке цитирам една позната српска новинарка која на вакво прашање има одговорено -Во младоста читав книги кои ме воведуваа во реалноста, а сега книги со кои бегам од реалноста. Апсолутно точно. Во младоста во книгите бараав одговори за тајните на животот, човековата природа, за љубовта, за пријателството. Сега на скоро 40, читам книги со кои барем за кратко ќе избегам од секојдневните проблеми. Тоа најдобро ми успева со К.Л. Зафон, а за лето сакам чик литература (ова лето се дружев со Лорин Вајсбергер). Ми се допаѓа таа комбинација- плажа, море, лесна, женска книга, со секси корици... Понекогаш се навраќам на лектирите од детството (нешто од потреба нешто од задоволство), но сега ги доживувам на поинаков начин. Затоа и Марк Твен, Џек Лондон, Чарлс Дикенс се безвременски и секоја генерација ги доживува на свој начин. А професионално најмногу ми помага Ирвин Јалом. Во потрага сум по неговата последна книга Крвник на љубовта.
Обожавам да читам, некогаш повеќе се радувам на книга него на облека Преферирам тинејџерски романи, љубовни романи и фантазија
Како тоа мислиш си ограничена? Јас обожавам да читам сакам психолошки, љубовни, историски и општествени романи
Со време, со пари, со недостижноста до сите книги на овој свет Јас понекогаш сакам да сум Флеш и онака за две секунди да читам книга
Ограничена сум бе луѓе, не сум бесмртна. Ај барем овие 100 морам да ги прочитам! (некои и ми се прочитани) http://www.goodreads.com/list/show/2681 ... 100_Novels