Зависник од читање, that's me Читам скоро се, најмногу сакам љубовни и криминалистички книги. Најголем фан сум и на Даниела Стил, едноставно нема лоша книга напишано таа жена!
Во последно време многу сакам да читам. Се зачленив во градската библиотека и редовно ќе си земам книги. Ме воодушевуваат трилери и криминалистика. Последна ја прочитав Дигитална тврдина и ја ставам бр.1 омилена книга. Од првата се до последната страна ми беше интересна и ја читав со воодушевување. Ќе ги прочитам сите книги на Ден Браун. Би сакала да ми препорачате некоја .
^ "Koдот на Давинчи" ? Прочитај ја, исто ќе те остави без здив. Земи си ја и "Загубениот симбол" - морничава и генијална, во стилот на Ден. Мене ми се допадна и "Точка на измама", а Ден од неодамна е ставен на листата на моите омилени автори - не можам да им одолеам на таквите криминалистичко-историско-мистериозни и какви ли уште не негови книги.
Случајно пребарувајќи на сајтов од Три ја најдов оваа збирка раскази од Сингер (крајно нетипичен еврејски писател) - Страсти, (тој повеќе го употребува терминот животни приказни наместо раскази што искрено е многу поавтентичен барем во неговите дела), која ја имам читано пред неколку години, ама не ми текнуваше на насловот, заборавам наслови на книги и филмови често. Инаку и јас се воодушевив од Магионичарот од Лублин. Еве линкче, http://kniga.com.mk/?pArtID=102&pDetail=Y
Се сметам себеси за реалист и некој кој е свесен за суровата околина која се повеќе не опкружува и на крај на денот седнувам некако психички изморена од борбата да се ете да речам „опстане“ без некои последици. Книгите ми се и ќе ми бидат бегство од реалноста, едно скриено катче во кое сакам да бидам сама во своите мисли и да си дозволам да бидам вовлечена во некоја друга реалност која би ме опсипала со други бои освен сивата во која живеам. Ги сакам книгите и читам апсолутно се и претендирам да пристапам со отворен ум за која и да било литература. Сепак имам забележано дека се повеќе ги избегнувам бестселерите или не ми се допаѓаат толку колку на другите, а повеќе сакам некое забаталено, така запрашено „книжуле“ кое може да изненади и да понуди повеќе од најпродаваните. Сакам книги бре тоа е тоа.........
Отсекогаш сум сакала да читам и во секое време имам книга покрај мене. Но, не читам сенешто. Читам книги од кои знам дека ќе научам нешто што ќе ми користи.
Моментално ја читам Вероника реши да умре од Пауло Коелјо и има многу силна содржина, инаку Пауло ми е и омилен, многу добри дела од кои 11 минути е совршенство!! Многу сакам да читам а најголем впечаток ми имаат оставено: Затоа што те љубам-Гијом Мисо еј кое чудо е книгава на сите ви ја препорачувам! Гол човек од нашиот Игор Џамбазов ми се свиѓа начинот на изразување, таа цензура.. Девојата со бисерната обетка ФЕНОМЕНАЛНО, инаку кој незнаел книгава е направена според слика. Gossip girl, Шминкерка, Агата кристи-куќата на злото, Спутник Љубов интересна книга и секако Brekfast at tiffany's. Браво за темава!
Читањето ми е хоби,ги сакам романтичните романи..До сега ги имам прочитано сите романи од Горјан Петрески..Прекрасни се,вредат да се прочитаат,не се пишувани на висок стил и се лесно сватливи
Премногу сакам да читам, уживам во тоа, тоа ми е еден начин на кој се релаксирам заборавам на се и на сите проблеми, последно што прочитав беше УБИСТВО ВО ОРИЕНТ - ЕКСПРЕС од Агата Кристи, што всушност ми беше прва книга од оваа авторка и премногу ми се допадна би ја препорачала на секој што не ја прочитал и што сака мистериознст...
Читам кога имам време и читам се и сешто. Сакам и чик литература, и криминалистички и љубовни романи, па и поезија. Се што има интересна содржина и што ми привлекува внимание е добредојдено кај мене. Единствено не ми се допаѓаат оние книги кои немаат некои одредени настани, туку служат да ве подучат на нешто (на пр. Калуѓерот што го продаде своето ферари, Откријте ја својата судбина и сл.). Таквите ми се стварно досадни.
Читам и кога имам и кога немам слободно време. Кажувам и кога немам слободно време, затоа што времето да прочитам нешто поврзано со факс, јас го трошам да читам книга. Што да правам, други работи ми се поинтересни од инпути и аутпути. Читам се што има интересна кратка содржина, на задната страна од книгата. Најчесто крими романчиња од типот на Агати Кристи и Сидни Шелдон, Нора Робертс такоџе, во последно време тралала книгички како Венчален кум, Која е таа девојка.
Не читам често во последно време ( имам доволно стручна литература ), но кога и да се фатам за некоја книга мора да е психолошка. Никаков роман не може да ме заинтересира до тој степен. Омилени ми се: " Будење", "Моќта на позитивното мислење", "Тајната", "Психологијата на успехот", " Достигни го својот максимум", " Како да се сака"...Секогаш кога имам слободно време, а и пари, се подновувам со некоја од тој тип.
Најмногу сакам да читам љубовни романи...а и се друго што ќе ми падне во рака Посебно ми се допаѓаат книгите од Аманда Квик.
Сакам книги.. Авантуристички,романтични,психолошки.. Кога немам а богами и кога имам што да правам сакам да имам книга до мене за да си ја одморам главата...
Најмногу ме влечат психолошки и нешто од чик-лит (‘‘Секој што е некој‘‘, ‘‘Купохоличарката‘‘ , ‘‘Знаеш да чуваш тајна ?‘‘ и сл.). Ми се свиѓа и стилот на Агата, баш онака знае да ме размрда со секоја книга и Пауло Коељо се разбира, а од нашите Венко Андоновски.. Во секој случај, сепак си се држам до психолошките зашто ништо не ми е поинтересно од навлегување во туѓа психа , баш сеа ја слимнав во пдф Why Men Marry Bitches (Sherry Argov) и СТРАШНО добра книга е посебно за нашов пол - од чисто едукативен аспект
Несакам да читам лектири..А книги многу.. Ако не ми е убава книгата не ја читам па затоа си купувам книги од просветно дело и ги читам.. Често читам и го обожавам тоа.. Наинтересна книга ми е НАДАРЕНИ таа е во повеќе дела.
Читам кога имам време ,сега немам можеби 1 месец и повеќе ништо читано,најмногу читам психолошки ,моќта на потсвеста ,се од Џозеф Марфи се од Ог Мандино имам исчитано, Паоло Коељо,а ги читам и на Софи Кинсела ,многу ми е јака беки ,сестрами ги има сите на Софи ,па си ги земам од кај неа,таа е зависник од шопохоличарката беки.
Читам криминалистички,романтични,авантуристички...Омилени:серијалот од Самрак,Кодот на Да Винчи и Ангели и Демони- Ден Браун,Девојката Со Портокали - Јустејн Гордер,Алхемичарот - Пауло Коелјо...