Сакам да читам книги и тоа многу...Како зависник сум од нив Секој ден сум со книга во рака, некогаш во една недела по две книги поминувам...Читам секакви од криминалистика, трилери до љубовни романчиња....Од трилогиите досега највеќе ми имаат оставено впечаток романите на Дејвид Морел, едноставно не ги испуштав од рака Ги сакам романите од Даниела Стил, Аманда Квик, Агата Кристи, Марија Луис Фишер,Сидни Шелдон и многу многу други...Зачленета сум во библиотека, и секогаш кога ке земам нова книга се радувам како мало дете на играчка
Обожавам книги. Особено книгите од Мирјам (српска писателка), има толку трогателни книги, да останеш без збор и да се расплачеш
Книгите се креативно исполнување на времето. Обожувам да читааааам. Моментално читам "Неочекуваниот Гостин" - Агата Кристи . Книги кои ми оставиле силен впечаток.. хмм Мајсторот и Маргарита, СИТЕ ДЕЛА НА АГАТА, Игра со ѓаволот и многу други
Обожавам книги да читам. Порано имав баш спротивно мислење за книгите,не ги сакав,досадни ми беа..блабла.Ама ете со тек на годините си променив мислење фала богу.. Читам редовно,со исклучок на период,нека ми извинат што фаќаат прашинка на полицине ,ќе ги дружам за некое време Највеќе сакам писхолошки,трилери/фикција,криминалистика,па и комедии секако Скоро се,книга си е книга за мене,секоја си ја доживувам на свој начин и поради тоа можам се да читам скоро
Ми се допаѓа читањето на книги и тоа многууу... Најмногу преферирам да читам книги кои се напишани врз база на вистинити случки... Но, ги сакам и книгите на Горјан Петревски:Споменка(сите делови),Марта,Исти очи,Девојките на Марко, Вечниот ветер,Сама и мн. други. Последната книга што ја прочитав беше ''Дневникот на Ана Франк" приказна за малата Еврејка , приказна за вистинита случка.... Нешто ПРЕКРАСНО!!!
Преферирам класици, не сум баш по бестселерите. Многу од бестселерите се всушност преценети (велам многу од нив, не сите ), а класиците се вонвременски, во голем дел од нив може да се пронајде порака која и ден денес не губи актуелност. Нели, на крајот на краиштата секогаш времето е најголемиот доказ за квалитет . Омилен жанр и немам, иако обожавам да читам дела со историска позадина. А секогаш гледам да ги прескокнам авантуристичките, футуристичките со нивната научна фантастика и сентименталистичките романи, не велам дека меѓу нив не може да се најде нешто интересно за мене, но тоа е реткост.
Најмногу сакам романтични романи и драми. Моментално ја читам „Среќен е тој што умее да сака“ од Херман Хосе, преубав бестселер
Сакам многу да читам,читав додека седам на работа,ама сега со фемина се занимавам а и немам време од учење ,за тоа оставам простор
Обожавам да читам! Кога ќе седнам со книга во рака, не станувам додека не ја прочитам до крај. Многу си ја мразам оваа навика, но неможам да мислам на ништо друго освен на книгата се' додека не ја завршам бидејќи ме копка како ќе се одвиваат настаните. Затоа преферирам да читам викендите кога имам слободно време, а и преку неделата ако немам многу за учење. Преферирам трилери, мистерии, криминалистички романи..Едвај чекам да дојде распустот да се одморам и изначитам
Oбожавам да читам, навика од прво (кога научив да читам и пишувам). Сакам научно-фантаастични книги, љубовни, но секогаш ќе се најде некој прекрасен исклучок. Од нашиве писатели, делата на Горјан Петревски ми се незаменливи, се уште ги читам. А од странскиве, има многу, би ја споменала Агата Кристи, Достоевски, Чарлс Дикенс................
Читам секогаш и секаде. Секој ден во потполност наоѓам време барем да читнам 10/20 страници од некоја книга. Читам секаде, навистина.. во автобус, во парк на клупа, во школо под клупа, измеѓу на одмор, дома постојано. Книгите се неизбежен дел од мојов живот. Хм.. што преферирам. Па порано да ме прашаа ке речев дека читам се‘. Од чик литература, потоа љубовни/семејни/трилер романи се до психолошки книги од типот на Клаугерот и ферарито Сега веќе си го најдов вистинскиот правец, најмногу сакам да читам трилер. Ме остава во неизвесност, и тотално без да ги бројам страниците, сама ми се вртат. Загатки, тајни, мистерии - неодоливи. Исто така и крими романи. Не дека друго не читам, ама ова преферирам.
Многу сакам да читам. Тогаш се смирувам и сум во off mood. Но во последно време, со овие тестовиве на школо, ретко наоѓам време за да си прочитам онака Spoiler асално некоја книга. Но еве, го чекам сега зимскиов распуст ке си седнам на прозор, она снегот врне надвор, јас си се топлам со чајче или кафенце и си читам.. Уфф .. Инаку, паа и јас порано читав се.. Не дека сега не читам, но преферирам одредена насока. Најмногу читам трилери, авантуристички, мистериозни, со мал допир на романтичност
Обожавам да читам. Го сакам тоа посебно чувство, кога ќе се занесеш и си претставуваш цел еден нов свет со само една книга. Колку што ми дозволува животов (да не речам факултетот) толку и читам, некогаш повеќе. Во последно време паузирам зошто премногу напорно ми станува, кога имам за учење ми се ствара одбивност кон се што е книга така да гледам да не замразам некоја книга непотребно Најмногу ми се допаѓа Гете. Колку и да е трагично тоа што го пишува, го пишува со таков стил така скоцкано, да почувствуваш како му е на ликот а сепак да не западнеш во некоја депресивна јама. Најмногу си се филмам со Гете Преферирам „среќни“ книги, зошто сметам дека секојдневието некогаш знае доволно да биде сиво, па не сакам да го заматам дополнително со книга, зошто првенствено земам книга во рака за да побегнам од истото. Сега кога го напишав ова сфаќам дека звучи малку налудничаво, ама нема врска.
Еее женски се извинувам ако ке бидам оф топик ама важно ми е и не знаев на кое друго место да пишам... Се прашував колку пари се движат цените на 5, 6 и 7 дел на Хари Потер? Немам време да шетам по книжари затоа кога ке отидам да ги купам сакам со точно пари... И секаде ли е иста цената или варира? Благодарааам.
Па читам по 2-3 книги месечно зависи колку се големи. Најмногу ми се допагаат книгите на Николас Спаркс, мислам дека никој неможе да го надмине во пишувањето на љубовните книги
За мене оваа тема е неисцрпна. Секогаш ме збунуваат прашања од типот - која ти е омилена книга или омилена музичка група?! Бидејќи во принцип сум личност која постојано истражува и можам да се пофалам со истенчен вкус, многу ме возбудува потрагата по затскриените книги на полиците, а не бестселери. Читам многу, постојано имам книга во ташната, и радо би купила прво книга а после ако остане некоја пара би купила нешто облека. Ги сакам Вирџинија Вулф, Силвија Плат (кои возбудуваат со својата кревка женственост), Дубравка Угрешиќ (жена со муда), Буковски, Џек Керуак, Џон Фанте, нашиот Игор Исаковски (претставници на бит генерацијата), руските дисиденти Достоевски, Чехов, Хармс, Гогољ. Поновите модернисти Умберто Еко, Томас Ман, Фредерик Бегбеде, Набоков, Кундера, Реј Бредбери, итн. Оставам отворена низа, сигурно уште многу добри писатели заборавив да спомнам, па нека ми простат!
Многу сакам да читам книги, секогаш во слободно време читам. Сакам фантазија, драма, психолошки... Зависи од расположение. Некогаш сакам некои „лесни“ книги кои ќе ме опуштат, а некогаш некои кои ќе ме држат во неизвесност. Понекогаш сакам и љубовни, ама зависи какви.
Многу сакам да читам...Сакам некоја тешка историја како Папата Јована примерно... или пак стилот на руските класици-непредвидливи истории, понекогаш тажни, понекогаш чудни, ретко комични. Се случува дадена приказна на некој човек да не е кој знае колкава интересна, али начинот на пишување да е неверојатен, како Пауло Куелјо, например. Да те заплени со плеткани зборови, кои ти се чинат, дека немат крај, дури не префрлиш на последната страна. Моментално ништо не читам. Немам време. Мама и тато ни се дојдени од Бугарија на гости за празниците и секој ден сме излезени некаде нешто да пазариме. Само навечер пред спиење си земам 1000 зошто, 1000 затоа што да прочитам 2-3 прашања и отговори и заспивам паметна
Читам се што ќе ми дојде при рака, од чик лит до класика. Најмногу обожавам трилери и романи со лесна психологија. Нркои книги ми се за на училиште, па ги читам, а некои онака од разонода, за тепање време.