Обожавам да читам...........ОБОЖАВАМ. Секогаш наоѓам време за да прочитам барем малку страници. најчесто читам нешто што ќе ми препорачаат дека е добро ( што не се когаш сум се усогласила со препорачаното ) но ја дочитувам книгата колку и да не ми се допаѓа. Кога читам некоја книга ЗАБЕГУВАМ тоталка. Се губам практично. Си ги замислувам ликовите ( не сакам типизирани ликови ), сакам променливи дејства, ликови од типот добриот станал лош и обратно. што знам тоа некако ми ја отсликува реалноста и реалното дишење. Значи штета на нашата генерација што сме во ова зло време што многу работи се изменети, и се помалку има време и простор за најсилното-за ЉУБОВТА. Токму во тој контекст сакам книги кои го отсликуваат токму ова, реалност-интриги, лаги, прељуби и на крај секој со тоа што си барал да си најде.
Најмногу сакам книги со мистика и романтика Книга што ќе те остави да се прашуваш до крајот, па може и на крајот нема да го добиеш одговорот...До сега,најмногу ми се допаднале Не ми е страв од Николо Аманити и Последната песна од Никола Спаркс
Не е дека се фалам ама читам многу книги ... И имам барем по 1 омилен автор од секој жанр Ги обожавам крими романите на Шелдон, и оние мистериозните на Ден Браун, Ј.К Роулинг како и Стефани Мејер пишуваат прекрасни нереални приказни, а за мајстори на љубовни романи ги сметам Аманда Квик и Џоди Пико
Сакам да читам, за жал сега во средно немам време онака да си седнам и да читам книга на раат ама барем за распустите можам. Најмногу сакам фантазии, криминалистички, мистерии, а би сакала и некоја хорор книга да прочитам, викаат биле пострашни и подобри од филмовите, а и има смисла, сам во главата си замислуваш и си создаваш стравови
Баш ми се погоди темава... Обожааавааммм да читам книги имам прочитано околу 500-600 книги-лектири и 300-400 списанија....
Често читам книги, посебно ми е драго онака најубаво ми е кога читам некој апсихолошка книга или пак нешто од Николас Спаркс.Во моментот читам страници за нашата љубов-Николас Спаркс преубава е
Читам се што ќе ми падне под рака, а читам онолку колку што ми дозволува времето. Во разни периоди имам разни интереси.Некогаш сакам да прочитам нешто од светските класици, а некогаш некоја книга која е неоптоварувачка како по стил така и по содржина. Секоја книга го обогатува речникот,размислувањето,сваќањето за животот. Секоја книга ме прави побогата за едно искуство. Имам едно правило- Од некои книги учам што треба да се прави, а од други книги што нетреба. Исто како и од луѓето.
Мм..Многу читам, посебно кога ми е досадно преку ден,зимам книгата,и влегувам во филм. Читам се,ама највеќе романтични љубовни,смешни или чик литература за да ме релаксира.Ако сакам нешто по "јако" зимам некое дело од толстој,или од достоевски и слично.Всушност секакви книги читам бе!
Девојки би биле ли во можност да ми помогнете малку? Вака ми треба книга со мудрости,но не од оние малите-бисери на мудроста,книга подарок ги имам,мене ми треба прилично поголема,прашуував во библиотека и во една книжарница но немат таква,дали вие знаете некоја или нешто слично на ова да ми препорачате? Би ви била многоо благодарна!
Сакам да читам љубовни романчиња или пак некои книги во кои се кажани карактеристиките на личностите оделно, па потоа постои меѓу нив поврзаност, се среќаваат некаде... ( на пример нешто како Клетници).
Најмногу сакам да читам психолошки книги, книги што ќе ме натераат да се запрашувам, да се замислувам, размислувам и осознавам себеси.
Обожавам да читам книги Додека ги читам навлегувам во некој посебен свет и заборавам на сите проблеми од секојдневието.Најмногу сакам да читам книги во кои се раскажува за потресни љубовни приказни,а исто така и психолошки книги кои ме тераат да се замислам за многу работи кои се случуваат околу нас
Читам книги, но не премногу. Сакам психолошки, мистерии, трилери, криминалистички романи, но некогаш под рака ќе фатам некое романче или драма па ако ми се допаѓа одма ја купувам книгата. Еве денес си се подновив со книгата Шепнувачот од Донато Каризи (криминалистички роман), на почетокот сум само што почнав да ја читам се надевам не погрешив во изборот
Сега помалку читам, ама сепак наоѓам време пред спиење. Најмногу сакам да читам книги во кои се работи за одредување на вредностите на животот, книги од кои може многу да се научи, но исто така сакам и криминалистички романи, посебно на Агата Кристи...
Јас додека не се запишав на факултет читав премногу, но сега факултетот и стручната литература не ми даваат можност да се релаксирам со нешто надвор од науката Читам се што ми се допаѓа. Фасцинирана сум од Господар на прстените (за кои треба многу нерви, затоа што има премногу детали), Хари Потер ги имам прочитано сите делови и тоа по неколку пати и не можам да ја изоставам Наследство (Ерагон, Првородениот, Брисингр и Империја) од Кристофер Паолини. Историчарка од Елизабет Костова. Ги сакам книгите на Орхан Памук, Умберто Еко, Сидни Шелдон, Виктор Иго, Достоевски.. Навистина не пребирам Не би било лошо да ми препорачате некоја добра книга, но до кај 300 стр.
многу сакам да читам тоа ми е хоби најмногу обожавам лјубовни романи сега моментално ја читам STEPHENIE MEYER супер и се книгите но и николас спаркс имам предобри книги...!
Читам доста често, и секогаш преферирам да читам некои авантуристички романи, и се што е поврзано со љубовта, исто така сакам да читам и психолошки книги, има многу интересни работи во нив, кои ке те натераат да размислуваш за се, ама баш за се, за секоја своја постапка... за се , сега зедов две книги и ке ги читам, едната е Брак со Буда, а другата е Љубовна афтобиографија , се надевам и тие ке ми се допаднат поздрав